Кордицепс-МРЛ

Кордицепс-МРЛ

1.600 ден.
Шифра на производ: 0001
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Кордицепс-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Cordyceps sinensis што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се произведува во таблети, а секоја содржи по 500мг Кордицепс синесис.

Присуството на коренот во производот е многу важен, бидејќи тој содржи ензими за детоксикација, против оксидативниот стрес и ширењето на несакани клетки.

Состојки: Кордицепс синесис (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

Производот не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.

Погоден e и за вегетаријанци.

Производот е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.

Упатство за употреба: Земете 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети) пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, пред оброк.

Одгледувањето на Кордицепс е специфично. Кордицепс-МРЛ е особено посебен затоа што е единствен од оваа печурка со американски сертификат за 100% органски производ. Оваа печурка станува позната на западот по 90-те години, кога тим кинески атлетичарки постигнуваат девет светски рекорди на светски атлетски натпревар. Нивниот тренер ја спомнува исхраната на атлетичарките збогатена со употреба на Кордицепс, што ја зголемува нивната издржливост и енергетските резерви. Оттогаш, сериозните спортисти со задоволство го користат овој производ бидејќи не предизвикува здравствени проблеми, како употребата на синтетички стероиди, туку напротив, го обновува.

О.В. Триљ, во неговата книга Источњачки лекови из угла савременог лекара, додава атрибут за Кордицепс како „источна вијагра”.

Кордицепс расте над 3-5000 метри надморска висина. Спората од оваа габа може да преживее само ако падне врз гасеница или ларва само на еден вид инсект, цикада. Се собира пред летото, пред да се растопи последниот снег. Поради неговата реткост, но и поради проучените својства, таа била достапна само за империјалното семејство. 

Активните материи на Кордицепс синенсис се полисахаридите аденозин, стероли, д-манитол, микроелементи, витамини (Б1, Б2, Б12, Е, К), белковини (тирозин и глутамин), ергостерол, јаглехидрати, нуклеозиди, полиамини, незаситени масни киселини, итн.

Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традиционални извори):

-       подобрување на функцијата на циркулаторниот, респираторниот, дигестивниот, уринарниот и хормонскиот систем

-       детоксикација на организмот

-       зајакнување на имунитетот, подобрување на метаболизмот и исфрлање на штетни метаболити; има ефект на антиоксиданс

-       алергии, астма, егзема, автоимуни болести (нефритичен синдром, лупус, васкулитис)

-       недостиг во одбранбениот систем на организмот – кога има појава на повторување на болести, како алергии, астма

-       тонификација на белите дробови (сува кашлица, хронична кашлица, црвени образи, бледоликост, немање здив) во традиционалната примена; помага за подобрување на пулмонарна фиброза; одлична комбинација со Реиши за белодробни нарушувања

-       намалување на несаканите ефекти од хемо и радиотерапија, стимулирање на дејството на леукоцитите, зголемување на црвените крвни зрнца

-       намалување на маснотиите во крвта, за регулирање и растворање на тромбови

-       бубрези - често мокрење, светла урина, лумбарна болка, слаби колена, импотенција, аверзија кон ладно, ладни нозе

-       истоштеност на бубрезите по хронични болести, употреба на лекови, физичка и умствена работа, исцрпеност на виталноста на бубрезите од преголема сексуална активност кај мажите, или од бременост или абортус кај жените

-       зголемување на сексуалниот порив

-       сексуална дисфункција

-       помага за зголемување на виталната и физичката енергија (оттука го користат и спортистите)

 

Кордицепс-МРЛ помага за наведените состојби поради своите својства:

·      антидепресивно и антистресно - регулирачки ефект врз хормонските нивоа

·      анти-коагулативно – помага да се регулираат и растворат тромбови (што може да помогне за превенција на инфаркт, апоплексија). Мора внимателно да се применува кај пациенти кои примаат антикоагуланси (потребна е лабораториска контрола)

·      хипогликемично - можна примена кај пациенти отпорни на инсулин

·      анти-туморско – хепатома, Јуркат, рак на простата, на дебело црево, дојки; кaj канцерозните заболувања, го стимулира дејството на белите крвни зрнца (леукоцити) при што може да се зголеми нивното ниво, а претставува и важен агенс за намалување на нус-појавите од радиотерапија и хемотерапија кога се користи како дополнителна терапија

·      кардиоваскуларен тоник – го подобрува работењето на срцевиот мускул и ја подобрува вазомоторната функција зацврстувајќи ги крвните садови со што се подобрува циркулацијата на крвта – се користи при состојби на аритмија и како заштита од ангина пекторис и миокарден инфаркт

·      ефекти на подмладување и обновување, намалување на липиди и холестерол – традиционално се сметал за производ што може да ја одржува свежината на младоста; помага за намалување на липидите и холестеролот во крвта, помага за регулурање и растворање на тромбови; помага на изморен организам да ја поврати својата сила (на пр., по физички замор, болест, итн.) и помага при манифестации на преголема изнемоштеност; ја обновува изморената кожа; кинеските спортисти го користат често по тренинг, за враќање на силата и за спречување на болести. Особено се препорачува за постарите, а се смета дека е посоодветен еквивалент на Женшен радикс (Реншен). Се користи како додаток и за анемија.

·      помага за црниот дроб (го заштитува хепарот и има анти-воспалителен ефект) особено за стеатоза (прв стадиум на цироза) предизвикана од алкохол, а може да помогне и за цироза; покажува регенеративно дејство врз ткивото на црниот дроб; се користи како додаток и кај рак на црниот дроб со многу високи ензими на црниот дроб, кога веќе не може да се применува ниеден друг третман, т.е. палијативна фаза (во овој случај не го користете со конвенционални лекови).

·      тонификација на бубрезите – на пр. за честа енуреза, и за повраќање на силата во сексуалниот дел. Во стара Кина се сметал за одличен тоник за разни состојби на исцрпеност и слабост; се користел за третирање на импотенција и емисија на семе со болки во делот на бубрезите и колената. Се сметал толку редок и вреден, што се чувал само за кралското семејство. Во современа Кина, често се користи за подобрување и регулирање на половите жлезди.

·      природен антибиотик – за многу штетни бактерии (пнеумококи, стафилокока ауреус, стрептококи)

 

Производот е аплициран за 200 различни болести без никакви забележани токсични ефекти.

 

Позитивни искуства

Западната медицина почнува да ја користи оваа печурка откако во 1993 година тим спортистки од Кина постигнале девет светски рекорди на светски атлетски натпревар и теренски шампионати во Германија.[1] Покрај интензивниот тренинг, тимот го припиша огромниот успех на Кордицепс. Кинеските спортисти користат Кордицепс како сигурна алтернатива на опасни лекови за подобрување на нивниот физички успех. По овој настан, светот сериозно се фокусираше на евалуација на фармаколошките својства на оваа печурка.

 

Моќните афродизијачки својства пак на Кордицепсот ја качи оваа печурка на еден од највисоките пиедестали. Неодамнешните научни студии[2] од Медицинскиот универзитет на Пекинг, Кина и од Јапонија покажаа успешност од 64% кај мажи со импотенција кои користеле Кордицепс, во споредба со 24% мажи кои земале друга форма на медикаменти. Истовремено, Кордицепсот помага да се зголеми  и сексуалниот порив.

 

[1] http://www.anewlife.co.uk/cordyceps-for-world-records.html - The Secret Weapon of Chinese Athletes; J. Paul Anderson

 

[2]  Zhu, J. et al. The Scientific Rediscovery of an Ancient Chinese Herbal Medicine: Cordyceps sinensis The Journal Of Alternative And Complementary Medicine [part 1] Volume 4, Number 3, 1998, pp. 289—303 [part 2] Volume 4, Number 4, 1998, pp. 429 - 457.

 

НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.

Вкупно дози во кутија: 90 таблети за 30 денови

ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.

Производителот Mycology Research Laboratories  (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.

Датум на важност: обележан на дното на амбалажата

Чувајте го на ладно и суво место

Доколку ви се потребни повеќе информации, контактирајте не.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS