Маитаке-МРЛ

Маитаке-МРЛ

1.530 ден.1.300 ден.
Производител: Mycology-Research-Laboratories
Шифра на производ: 0004
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Маитаке-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Grifola frondosa што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма таблети и прашок.

Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Маитаке (Грифола фрондоза).

Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 мг.

Особено е важно што Маитаке-МРЛ содржи и плод и мицелиум бидејќи двата дела од габата содржат многу хранливи состојки што пак придонесува за поцелосен потенцијален ефект.

СостојкиGrifola frondosa (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

Активна материја: 500мг во една таблета

Маитаке-МРЛ не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.

Погоден e и за вегетаријанци.

Маитаке-МРЛ е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.

Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.

Маитаке на јапонски значи печурка на танцот затоа што луѓето биле пресреќни кога ја наоѓале во длабоките шуми во планините, била ретка печурка што тешко се наоѓа и танцувале од среќа бидејќи во периодот на феудализмот во Јапонија, оваа печурка ја разменувале за сребро сразмерно со нејзината тежина. Маитаке може да порасне и да тежи до 22 кг. Затоа оваа џиновска печурка се нарекува Крал на печурките. Покрај ова,

Маитаке е позната по својот вкус и нејзините хранливи состојки. Маитаке е јадлива печурка од највисок квалитет. Многу е вкусна, има прекрасна арома и крцкав состав, што е прекрасен додаток на мени. 

Маитаке е уште една од најекстензивно истражуваните печурки од разни универзитети и научни институти и многу научни статии се публикувани во светот за оваа неверојатна печурка. Ова се должи на содржаните полисахариди и глукан комплекс кој врзува протеини, кои потентно делуваат врз имунитетот.

Маитаке содржи активна состојка глукан комплекс кој врзува протеини. Одлично се апсорбира при орална употреба. Покрај доминантните алфа и бета глукани, Маитаке е природен извор на минерали и витамини – содржи калиум, калциум, магнезиум, витамин Б2, Б5 (ниацин), Д2, влакна и аминокиселини.

Маитаке постои и во записот Шен Нонг Бен Чао Јинг за хербална медицина.

НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.

ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.

Маитаке не спречува, дијагностицира, третира или лечи болести.

Производителот Mycology Research Laboratories  (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.

Датум на важност: обележан на дното на амбалажата

Чувајте го на ладно и суво место

Доколку ви се потребни повеќе информации, на нашата страна прочитајте во делот КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА и контактирајте не за повеќе информации.

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Mycology-Research-Laboratories Маитаке-МРЛ Маитаке-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Grifola frondosa што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма таблети и прашок. Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Маитаке (Грифола фрондоза). Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 м.. Category: Product #: 0004 5 1 5 stars, based on 1 reviews Regular price: 1.300 ден. 1.530
1.300
Available from: MIKONUTRI

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо