Плеуротус-МРЛ

Плеуротус-МРЛ

1.500 ден.1.200 ден.
Производител: Mycology-Research-Laboratories
Шифра на производ: 0014
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Оваа прекриена како со фолија шумска печурка со сивкасто-месна капа ја има насекаде во светот. Позната е и под името Школка, според изгледот, а кај нас, Буковка.

Плеуротус е опеана во поема уште во периодот на династијата Сунг во петтиот век. Од неодамна, Плеуротус се користи особено за нејзината моќ да го намали нивото на холестерол и шеќер во крвта без да го намали нивото на инсулин.

Буковката е природен извор на минерали и витамин – содржи витамин Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б5 (ниацин), Б6 и Б7 (биотин), Б9 (фолна киселина), Ц, Д2, К, П (биофлавоноиди), траги од селен, цинк, борон, јод, 8 аминокиселини, протеини со висок квалитет, незаситени масни киселини (линолеумска, олеинска киселина), влакна, лектин, итн.

Плеуротус-МРЛ е 100% органска биомаса, а тоа значи дека содржи млад плод и мицелиум.

Примена, според современите и традиционалните извори:

·      Контрола на холестеролот – содржи мевинолин, природен извор на најефективната супстанца денес за намалување на високо ниво на холестерол (спречувајќи атеросклероза); но, за разлика од екстрахираните лекови, Буковката во својата природна форма не го намалува нивото на холестерол (нефизиолошки) несоодветно на прениско ниво. Примената на Буковката може да ја потисне акумулацијата на холестеролот во црниот дроб и може да го зголеми преносот на холестерол во липопротеини. Истовремено, таа може да го подобри распаѓањето и исфрлањето на холестеролот и на  жолчните киселини од организмот (Bobek, 1991).

·      Ефект на антибиотик – извор на антибиотикот плеуротин

·      Тонификација на виталната енергија (qi), (во ТКМ, buqi) а оттука и на одбранбената витална енергија (weiqi) подобрувајќи го имунитетот (особено ако станува збор за ладен ветар, според ТКМ, т.е. fenghan)

·      Зајакнување на центарот (во ТКМ, buzhong)– потиснување на замор, недостиг на апетит, диареа, обструкција од слуз, манифестација на разни видови слуз (tan) (вклуч. и атеросклероза)

·      Имуномодулаторно и антитуморско дејство – сарком 180 (лабораториските експерименти покажале инхибиција на раст на туморот за 79%, тумор ММ-46, инхибиција на туморот за 90% (Mori et al, 1986)

- Кардиоваскуларни ефекти – намалување на високо ниво на липопротеини со многу ниска густина (VLDL; лабораториските испитувања покажале намалување од 65-80%) во крвната плазма и нивото на триглицериди; спречува атеросклеротични промени на·крвните садови како резултат на преголема акумулација на холестерол (Bobek and Galbavy, 1999)

·      Содржи протеин за транспортирање на железото, којшто го пренесува железото до местото на апсорпција во цревата

·      Поддршка на имунитетот – на пр., при намален имунитет, современи болести, физички и ментален замор, настинки, грип

·      Поддршка на црниот дроб  - кога триглицеридите и мастите се акумулирани во црниот дроб кај лица кои долго време или кои хронично конзумираат алкохол (Bobek, 1991, Bobek et al, 1998)

·      Поддршка на развој на нови клетки – специфичната содржина на големата количина на фолна киселина (витамин Б9) помага за развој на нови клетки во коскената срж; недостатокот од фолна киселина предизвикува нарушување за растење коса и коски, воспалителни промени на усната кожа и намалување на бројот на  белите крвни зрнца

·      Има позитивни ефекти за егзема, кожни алергии, хемороиди и варикозни вени

·      Стагнација на црниот дроб (во ТКМ, ganyu)– отпушта блокади, а со тоа се релаксираат тетивите и зглобовите, делува против спазми и вкочанетост, го намалува очниот притисок

·      Згрченоста на тетивите и на мускулите ги зајакнуваат вените, згрченоста на екстремитетите, лумбаго – традиционални индикации.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS