Третман на псоријаза со препарати од Чага фунгус

Третман на псоријаза со препарати од Чага фунгус

Prof. E. A. Dosychev, V. N. Bystrova

http://www.chagatrade.ru/images/PSORIASIS_chaga.pdf

Вовед

Широката поjава на псоријаза доведе до активни истражувања на нови и поефективни начини на третирање на оваа дерматоза. Причината за проучување на терапевтската ефикасност на препаратот Чага при третирање на псоријаза е случај каде псоријазата исчезна, според опсервациите на Проф. Е. А. Dosychev кај пациент кој интерно земал Чага 14 години.

Пациент Н. (маж), роден во 1908год., граѓанин на Ленинград, библиотекар, патеше од екстензивна псоријаза од својата 24 година. Пациентот започнал со медицински контроли и третирање во 1954 год. на Клиниката за кожни и венерични болести при Воено-морнаричката медицинска академија. Пациентот си замина од болница во состојба на целосна клиничка ремисија, што подоцна се надмина со друг релапс на болеста. Понатамошните амбулантски третмани на псоријазата не беа ефективни.

Во 1957, пациентот направи неколку медицински тестови препорачани од неговиот лекар и онколог, за гастро-интестинални нарушувања. Пациентот доби дијагноза на стомачна и црева полипоза. Онкологот препорачал континуирано дозирање со екстракт од Чага. Како резултат од администрираната Чага, пациентот ги изгуби диспептичните нарушувања, ја зголеми телесната тежина, покажа подобри резултати на крвта, зголемување на општиот телесен тонус и виталност, и се на се, имаше поголемо подобрување на општата состојба. Овие промени беа придружени со ресорпција на полипозата во стомакот и цревата, како и целосно и долготрајно исчезнување на псоријазните црвенила. Повеќекратните рентген тестови на гастро-интестиналниот тракт го потврдија исчезнувањето на полипозата. Редовното амбулантско следење (1958-1961) исто така го потврди отсуството на исфрлање на кожата и нормална состојба на кожата. Исклучок беа два примера во текот на животот на пациентот, кога мораше да прекине со примање на Чага во период од два месеца, кога не можеше да се купи Ќага поради недостаток. Во тој период, пациентот забележал повторна појава на мали изолирани точки на исфлекана кожа на предниот дел од торзото. Меѓутоа, откако продолжи со конзумирање на Чага, овие точки целосно исчезнаа. Пациентот продолжува да внесува Чага и практично така останува здрав. Нема знаци на псоријаза. 

Историјат

Испитувањата на Чага започнаа во 1951 година на Ботаничкиот Институт на Академијата за науки на УССР во соработка со Првиот Ленинградски медицински универзитет. По направените клинички студии, екстрактот од Чага се препорачуваше како официјален лек за третман на стомачни и дуоденални чиреви, хроничен гастритис, стомачна и цревна полипоза, како и тоник и симптоматичен лек за инопперабилни канцерозни болести

Студија на случаи

Имајќи ги предвид нормализацијата на импактот од Чага врз гастро-интестиналните функции, одлучивме да ја користиме за третирање пациенти со акутна псоријаза, кои истовремено имаа и хронични гастро-интестинални и хепатални состојби. При прегледите на пациентите, присуствуваше и општ лекар.

Се опсервираа 50 пациенти (14 жени и 36 мажи). Два пациента беа на возраст од 6-10 години, 5 пациенти на возраст од 10-20 години, 17 пациенти од 20-30 години, 18 пациенти од 30-40 години, 7 пациенти од 40-50 години и еден пациент во старосната група од над 50 години. Кај 37 од овие пациенти претходеа болести на гастро-интестиналниот тракт или на црниот дроб (хиперациден или хипоациедн гастрит, хепатоколецистит, гастритичен чир или дуоденален, колитис) пред развојот на псоријазата. Кај 9 пациентисостојбите со гастр-интестиналниот тракт се појавиле во текот на постоечката состојба со псоријазата, други 4 пациенти имаа состојба на придружна хронична фаринго-назална празнина. Скоро сите пациенти со гастро-интестинални нарушувања се жалеа на киселини, ждригање, нестабилна столица, неподносливост на масна храна, болки во горниот десен квдрант на епигастритичниот дел, итн. Пациентите забележале дека избувнувањето на псоријазата често коинцидирало со зголемените гастро-интестинални нарушувања. Кај пациентите со фаринго-назални состојби, акутниот тонсилит, отитис или синузит, често биле причина на редовно повторно појавување на дерматозата. Покрај вообичаените клинички тестови во текот на динамичниот третман, сите пациенти беа тестирани за стомачна секреција, жолчката и разни биохемиски параметри на крвта (ниво на холестерол, билирубин, глобулински фракции, Valtman тест и тестот за сублиматна преципитација, итн. (Забелешка: коагулативниот тест Valtman и тестот за сублиматна преципитација се тестови за проверка на промените на протеинска плазма кај болести на црниот дроб). Секој пациент имаше свое медицинско досие и посебна медицинска карта за прегледи. Примарните тестови на пациентите се спроведоа на Регионалната клиника за кожни и венерични болести во Брест.

Постоењето на псоријаза пред третманот со Чага траеше една година кај 5 пациенти, до 3 години кај 7 пациенти, 3-5 години кај 8 пациенти, до 10 години кај 13 пациенти, од 10-15 години кај 7 пациенти, повеќе од 15 години кај 10 пациенти. Од пациентите, 3 имаа псоријатична еритродерма, еден имаше псоријатичен артрит, 18 имаа екстензивна псоријаза со масивна инфилтрација на плаки, 20 имаа екстензивно ширење на мали плаки, 8 имаа локализирани псоријатични плаки.

43 пациенти започнаа со третман со крем од екстракт од Чага во тек на акутна фаза на псоријаза, а 7 започнаа додека беа во стабилна состојба.

Чага екстрактот се затоплуваше, au-bain-marie, и 1 лажица екстракт се раствораше во чаша варена вода, на собна температура. Овој раствор се земаше по 1 лажица, 3 пати дневно, 20-30 минути пред оброк. Водените раствори од Бефунгин се подготвуваа како 1 мала лажичка Бефунгин концентрат во 100 мл зовриена вода, оладена до собна температура. Инструкциите за пиење беа исти како претходно. И двата препарати од Чага немаат непријатен мирис и вкус и добро се примаа од пациентите дури и по неколку месеци на континуирана употреба.

Повеќето од пациентите (42) користеа само Чага за интерна употреба, 8 користеа и уље и еден од препаратите з аинтерна употреба. 24 пациенти користеа Чага од 3-6 месеци, 18 пациенти користеа до 12, 8 пациенти повеќе од 2 години. Терапевтскиот ефект на Чагата се манифестираше доста бавно, достигнувајќи го својот максимум третиот месец по редовното конзумирање. Во повеќето случаи, исчезнувањето на псоријатичните изливи почнуваше на торзото, потоа скалпот, горните екстремитети и на крај на колковите и долниот дел на озете. Ефектот на нормализирање на екстрактот Чага кај ноктите е забележан по 2-3 месеци. 

Клинички опсервации:

Пациент К. (жена), родена 1928 год. Добила псоријаза во 1964 год. Оттогаш, кожата на скалпот е прекирена со плаки во форма на тврда капа. Имаше и други плаки на различни делови од телото, но тие не и сметаа на пациентката како плаките на главата, што ја принудуваа често да носи шапка. Пациентката беше под третман 6 години, користејќи уље од живин салицил, уље Рубаков и витамински инјекции. При апликација на уљето, инфилтрацијата се намалуваше или исчезнуваше, флеките не беа толку бројни, но потоа кожата стануваше подебела и се појавуваше поголем слој на флеки. Придружни медицински состојби: хиперациден гастрит, пациентот беше со постојани киселини и запек. Редовното амбулантско примање на Бефунгин започна на 27 јануари, 1970. Во тоа време, пациентот имаше експлицитни дифузни промени на скалпот и одредени псоријатични плаки на екстремитетите. Не се користеа други лекови.

На испитувањето на 24 февруари (еден месец подоцна), кожата на скалпот беше целосно без лезии, но лактовите сеуште беа прекриени со лентикуларни псоријатични папули.

По 3 недели, сите гастро-итнестинални пореметувања целосно исчезнаа. Сите интегументи на кожата има анормална боја. Немаше црвенило. Во изминатите две години, пациентот е под медицински надзор. Таа редовно зема само Бефунгин. Воопшто нема ниту киселини, ждригање и запек, што претходно и сметаа. Се нормализираше и киселоста во стомакот. Интегументот на кожата, како и скалпот, немаа траги на псоријаза.

Пациент З. (маж), роден 1924 год., добил псоријаза на фронтот (во текот на II Светска војна), по повреда од шрапнел во главата. Лезиите почнале на главата, а потоа се прошириле на торзото и на екстремитетите. Од 1942-1963, пациентот бил постојано под медицински третман, во болница или амбуланта. Само третманите во санаториум/здравствена установа вродија со ремисија по неколку месеци. Во 1963, пациентот доби и болки во зглобовите на горните и долните екстремитети. Оттигаш, пациентот бил хоспитализиран (во пресек од 45-60 денови) и секој пат бил отпуштан од болница со подобрување. Во 1966, пациентот бил рангиран како инвалид од II група, со дијагноза псоријаза атропика. (Забелешка: во УССР и во РУсија, луѓето со здравствена состојба се рангираа во т.н. инвалидни групи. Во третата група беа пациенти со помали здравствени огрнаичувања од кои нема сериозна пречка за вршење на повеќе видови работи; во втората група спаѓаа пациенти со посериозни здравствени состојби, со повеќе ограничувања и за кои е потребна повторлива хоспи-тализација; во прва група беа лица кои, на пр., немаат екстремитети или страдаат од сериозни, опасни по живот болести и не можат да работат според локалните закони и специфики на пазарот на трудот). Придружна медицинска состојба беше хроничен гастритис. Државата му обезбеди на пациентот пре-возно инвалидско средство.

Пациентот започна со третман со крема од Чага на 16 октомври, 1969. Направена е контрола на 16 декември, 1969, два месеца подоцна. Пациентот постојано аплицира Чага. Сигнификантно беа намалени болките во зглобовите и чешањето на кожата. Сеуште имаше лезии на долниот дел од нозете, кои личеа на масивни солидни инфилтрирани плаки во надолжна форма. На предниот дел од рацете и на рачните зглобови имаше знаци на дифузни лезии што личеа на долги ракавици. Кожата на скалпот и на бутините беше прекриена со масивни инфилтрирани плаки со повеќеслојни флеки.

На 13 февруари, 1970, 4 месеци по континуирано амбулантско третирање само со ага, интегументите на кожата на скалпот, торзото и на екстремитетите се чисти, болките во зглобовите се инсгинификантни, а општата состојба е добра. Пациентот ја качи телесната тежина (од 60 на 65 кг.). Медицинска контрола на 14 септември, 1970: интегументите на кожата немаат лезии, намалени болки во зглобовите и скоро не го ограничуваат движењето. Пациентот се врати на работа на своја иницијатива, на рбаотно место контрола на квалитет во фабрика за механика. Пациентот постојано земаше Чага, редовно и со ентузијазам. Во мај 1971, се смени и работната инвалидска група, од втора во трета. Медицинска контрола во јануари, 1972: интегументите на кожата се чисти, општата состојба е добра, огрнаичувањата на движењата се незначителни. Пациентот прима Чага секој ден.

Откако премина во третата инвалидска група, пациентот направи одмор во третманот со Чага во период од два месеца: на крај на вториот месец, се појавија поединечни папули на скалпот, на задниот дел од раката, на долниот преден дел од ногата, а се зголемија и болките во зглобовите. Оттогаш, пациентот не прекина со третман со Чага.

Од 1969-1972, пациентот веќе не беше хоспитализиран, беше активен и весел. Во текот на сите овие години, не користеше цитостатик, ниту лекови со кортикостероиди, ниту уље.

Резултатите од нашите опсервации се прикажани во табелата.

 

Табела 1. Ефикасност на Чага кај пациенти со псоријаза

Вид на псоријаза

Целосно излечени

Подобрување

Без ефект

Влошување

Екстензивна псоријаза со масивни плаки

14

2

2

-

Екстензивна псоријаза со локализирани плаки

16

3

1

-

Лимитирани лезии од псоријаза

5

2

1

-

Еритродермични лезии

3

-

-

-

Псоријатичен артритис

-

1

-

-

Третманот со Чага покажа подобрување кај 8 пациенти, а немаше ефект кај 4. Веројатно ова се должеше на употреба на алкохол (од страна на пациентите) во текот на терапијата, самоиницирани паузи на употреба на Чага и сигнификантни девијации во исхраната и нестандардни девијации на шемата за одморање. Кај 4 пациенти имаше и состојби на фаринго-назални празнини. Двајца од нив покажаа значително подобрување на псоријазата, а други двајца воопшто немаа некакви значителни промени. 

Заклучок

Според нашите опсервации, терапијата за псоријаза со Чага е особено успешна во случаи кога псоријазата се јавува во комбинација со хронични ингламаторни болести на гастро-итнестиналниот тракт, црниот дроб и билијарниот систем, коишто се манифестираат пред или во текот на псоријазата. Максималниот ефект од третманот со Чага се забележува меѓу 9 и 12 недела од постојаното конзумирање. Континуираното редовно внесување на Чага доведе до целосно исчезнување на псоријатичните лезии без дополнителен третман. Долгото и редовно конзумирање на Чага покажа подобрување и на гастро-интестиналните функции, ја зголеми виталноста и општиот тонус кај сите пациенти, без исклучок. Лабораториските тестови покажаа подобрување и на крвната слика, стомачната киселина, жолчката, урината и столицата.

Најверојатно, третманот со Чага на псоријаза може да обезбеди долготрајна ремисија без употреба на друг лек или потребни терапии. Пред лекарот да препише Чага, треба да ги извести пациентите кога да ги забележат тера-певтските ефекти, од 9-12 недела. Пациентите треба да се стимулираат да ја нормализираат и исхраната и повеќе да се одмораат. Во текот на третманите со Чага, немаше несакани ефекти или компликации. Терапијата со Чага покажува добар потенцијал за амбулантските третмани. Механизмот на терапевтско дејство на Чага кај псоријаза треба и понатаму да се испитува.

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS