Coriolus versicolor -Идентификувани активни компоненти / Главни хемиски состојки

Coriolus versicolor -Идентификувани активни компоненти / Главни хемиски состојки

(од http://www.shen-nong.com/eng/herbal/yunzhi.html)

Кориолус содржи неколку полисахариди вклучувајќи ги полисахарид пептид (PSP) и полисахарид Крестин (PSK). Откриено е дека полисахаридите што се врзуваат со протеин се имуномодулаторни и анти-туморски, а нивните полипептидни својства се богати со аспартанска и глутаминска киселина. Со гасна хроматографија и HPLC, се докажа дека PSP покрај гликоза, содржи и пет други моносахариди – маноза, ксилоза, галактоза, рамноза и арабиноза. Полисахаридните пептиди ги има во мицелиумот, додека плодовите главно содржат полисахариди.

Фармаколошки дејства

PSP се класифицира како модификатор на биолошката реакција којшто може да ја модифицира биолошката реакција стимулирајќи го имунитетот, а со тоа се индуцираат разни терапевтски ефекти. Екстензивни фармаколошки студии покажале дека тој пројавува анти-туморски и имуно-регулаторни активности.

1. Анти-туморски функции

In vitro и in vivo студии покажуваат дека PSP поседува селективнo анти-канцерозно дејство против одредени канцерозни клетки. Во извештаите се наведува дека PSP пројавува потентни анти-канцерозни ефекти докажани со супресија на клеточното размножување, модулација на гените, застој на клеточниот циклус и индукција на апоптоза кај различни малигни клеточни линии.

Развој на клетките и создавање на специфичен антиген LNCaP кај клeтки на рак на простата

Алкохолни екстракти од PSP во 70% етанол значително го намали развојот на LNCaP андрогено-зависните човечки клетки на рак на простатата и надолно го регулира создавањето на антигенот (PSA) специфичен за простатaтa.

Клеточно размножување и прогресија на клеточниот циклус кај човечките HL-60 леукемични клетки

Еден in vitro експеримент покажа дека и 70% етанол и водени екстракти на PSP резултираа со супресија на развојот на клетките во зависност од дозирањето кај човечките промиелоцитични HL-60леукемични клетки по тридневна инкубација кај 0, 1, 3, 5, 7,5 и 10 ul/ml екстракт. Покрај тоа, инкубацијата на клетките HL-60 со двата екстракта резултираа со значителна промена во дистрибуцијата на клеточниот циклус преку G 1/S застој на клеточниот циклус. Водените екстракти пројавија попотентна инхибиција на развојот и апоптичен ефект во споредба со алкохолните екстракти.

Контрола на клеточно размножување и застој на клеточниот циклус кај човечките U-937 клетки

Водените екстракти на PSP инхибираа клеточно размножување и прогресија на клеточниот циклус и индуцираа апоптоза кај човечките U-937 клетки. Со мала доза (0.1mg/ml), застојот на клеточниот циклус се појави во фазите G 1/S. При повисока концентрација (0.5 и 1mg/ml), се забележа зголемување на клеточниот циклус во фазите G 2/М.

Индукција на апоптоза кај HL-60 и U-937 леукемични клетки

Третман со висока доза (1mg/ml) на воден екстракт на PSP во тек на три дена резултираше со индукција на апоптоза и кај HL-60 и кај U-937 леукемичните клетки, според тоа како се појавуваа клетките кои покажуваа фракциона DNK содржина кај проточна цитометрична анализа и прекршувањето на DNK ензимот за корекција поли (ADP-рибоза) полимераза (PARP).

Други студии покажале дека PSP индуцира апоптоза на човечките промиелоцитични HL-60 леукемични клетки, но не на нормалните човечки Т-лимфоцити. Апоптичната машинерија индуцирана од PSP се поврзува со намалување на соодносот меѓу Bcl-2/Bax, пад на потенцијалот на митоходријалната транс-мембранa, испуштањето на цитохром c и активација на каспаза-3, -8 и -9.

Ефектот на PSP врз цитотоксичноста на циклофосфамидите кај HepG2 клетки на рак на црниот дроб

PSP го забрза цитотоксичниот ефект на циклофосфамидот кај HepG2 клетките. Комбинацијата на циклофосфамид и PSP (10μМ) ја намали виабилноста на клетката за 22% и 10% во споредба со употреба само на циклофосфамид или само PSP.

Анти-туморски ефект кај лабораториски глувци со тумор

Екстензивно е истражувана и in vivo анти-туморскaта активност на PSP. Се покажа значително намалување на големината на туморот по продoлжена администрација на PSP кај лабораториските глувци со тумор како сарком 180, аденокарцином на белите дробови и Lewis рак на белите дробови.

2. Имунорегулаторни дејства
 
Ефекти од екстракти на PSP врз секрецијата на имуномодулаторните цитокини
 
И водените и етанолските екстракти на PSP со концентрација од 5μl/ml значајно ја зголеми секрецијата на интерлеукини, IL-1β и IL-6 кај HL-60 леукемичните клетки по тридневна инкубација, а водениот екстракт создава поистакната промена. Создавањето на IL-8 се намали како реакција на дополнението на двата екстракта на PSP.
 
PSP ја врати имуносупресијата индуцирана од циклофосфамиди кај лаб. глувци
 
Ефектите на PSP врз имуносупресијата индуцирана од циклофосфамиди беа испитувани преку одредување на лимфоцитната пролиферација, функцијата на NK-клетките, IgG и концентрацијата на IL-2. Резултатите покажаа дека PSP може да ја поврати имуносупресијата индуцирана од циклофосфамиди кај мажјаците Wistar глувци стабилизирајќи ја лимфоцитната пролиферација, функцијата на NK-клетките, бројот на белите крвни зрнца, IgG и секрецијата на IL-2.
 
Имуномодулативен ефект на PSP кај лаб. глувци со тумор
 
Се докажа дека PSP значајно ја зголеми концентрацијата на серумски полу-хемолизин (HC50) и го ретардираше процесот на тимусна атрофија кај лаб. глувци со тумор и S180 сарком. Значително беа зголемени и серумските нивоа на имунолошки глобулин (IgG) и алексин C3 кај лаб. глувци.
 

3. Преглед на клинички студии

Рак на дојка

Ефектот на PSP врз периферната крв се оценуваше кај 11 пациенти со рак на дојка и 13 пациенти од историската контрола (пациенти од Кина) се користеа како контрола. Резултати: кај пет пациенти во групата со третман се забележа зголемување на апетитот.

NSCLC - не-ситно клеточен рак на белите дробови

Употребата на PSP при забавување на прогресијата на болеста кај пациенти со напреден NSCLC беше оценета кај двојно слепи контролирани обиди каде 68 пациенти (третман n=34, плацебо n=34) се третираа 4 недели. По 28 дена третман, имаше значајно подобрување на леукоцитите и неутрофилите, нивото на серумскиот IgG и IgM кај групата со третман. Се чини дека третманот со PSP се поврзува со побавно влошување кај пациентите со напреднат NSCLC.

Карцином на желудник (Аденокарцином)
 
Употребата на PSP за олеснување на несаканите ефекти од хемотерапија и зрачење кај пациенти со стадиум I до IV со гастритичен карцином се оценуваше кај двојно слепи контролирани обиди, каде 60 пациенти (третман n=30, плацебо n=30) се третираа два месеца. PSP е безбеден и може да помогне да се намали степенот на несаканите ефекти што ги создаваат хемотерапијата и зрачењето. Исто така, PSP ги подобри или одржа имунолошките профили на пациентите со гастритичен рак.
 
Карцином на езофагус
 
Употребата на PSP за олеснување на несаканите ефекти од хемотерапија и зрачење кај пациенти со стадиум I до IV со езофагијален канцер се оценуваше кај двојно слепи контролирани обиди, каде 61 пациент (третман n=31, плацебо n=30) се третираа два месеца. PSP е безбеден и може да помогне да се намали степенот на несаканите ефекти што ги создаваат хемотерапијата и зрачењето. Исто така, PSP ги подобри или одржа имунолошките профили на пациентите со езофагијален канцер.
 
Хепатит B
 
Клиничките испитувања на вкупно 75 пациенти (мажи или жени) со акутен или хроничен хепатит B покажаа дека третманот со PSP, применет кај 33 пациенти, може ефективно да ги подобри хепаталните функции и да го намали времетраењето на третманот ако се користи дополнително со регуларниот третман за хепатит B (1,02 гр., три пати
дневно).
 
Друга клиничка студија од вкупно 60 пациенти (мажи или жени) со хроничен хепатит B покажа дека третманот со PSP може значајно да го намали површинскиот антиген на хепатит B (HBsAg) и антигенот хепатит Be (HBeAg) во крвта по 30-дневен орален третман (1,02г, три пати дневно).

4. Интеракции меѓу тревките и лековите

Една клиничка студија требаше да ја испита способноста на PSP за инхибирање или индуцирање на метаболизмот на лековите на CYP450 3A4 кај здрави лица, користејќи дијагностичкa специфична анализа CYP450 3A4, тест за здив на еритромицин (EBT). Третманот од 14 дена со PSP кај 12 здрави лица (8 жени и 4 мажи) не се поврзуваше со каквa било клинички значаjнa инхибиција или индукција на CYP450 3A4. Ова сугерира дека администрирањето на PSP со други лекови и додатоци на исхрана примарно метаболизирани од патеката на CYP450 3A4 не е поврзана со значајнa интеракција меѓу лековите и тревките.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS