Антиинфламаторни ефекти на Чага кај колитис

Антиинфламаторни ефекти на Чага кај колитис

Journal of Biomedicine and Biotechnology Volume 2010, Article ID 943516, 5 pages doi:10.1155/2010/943516

1. Вовед
Inonotus obliquus (IO) е печурка која живее како паразит на брези на ладните височини во Европа и Азија. Во Русија, црната израслина на дрвото обично се нарекува Чага и се користи за лековити препарати. IO содржи полифенолски состојки, третерпеноиди и стероиди, како ланостерол, инотодиол, траметенолински киселини и ергостерол пероксидази, а овие состојки покажаа различни биолошки дејства. Од 16. век Чага се користи како традиционален лек без токсичност во Русија и не покажува несакани ефекти при третман на рак и болести на дигестивниот систем. Во последната деценија, неколку студии ги покажаа биолошките дејства на IO како анти-канцерозни, јак антиоксиданс, антинфламаторни и подобрување на имунитетот. Меѓутоа, сеуште малку се знае за биолошкиот ефект на IO врз инфламаторната болест на црева (IBD), и покрај поголемиот број студии. IBD се идиопатски хронични, релапс на цревните нарушувања со комплексна патогенеза, главно манифестирани преку Кронова болест (CD) и улцеративен колитис (UC). Пациенти со IBD страдаат од абдоминални болка и грчеви, дијареа, прекинато варење, ректално крварење и големи тегоби секојдневно. Во азиските земји, многу видови печурки, како и IO, се одобрени додатни препарати за рак или терапија за воспаленија. Така, целта на оваа студија беше да се одреди антиинфламаторниот ефект на IO кај лаб. глувци со колитис индуциран од DDS и RAW264.7 клетки.
 
3. Резултати и дискусија
Оваа студија е во согласност со Kim et al. и Youn et al. кои известија дека губењето на телесната тежина не е забележана при администрирање на екстракт на IO кај глувците. Тоа покажува дека администрираниот IO дури и кај индуциран колитис со DSS може да не влијае врз телесната тежина во оваа студија. TNF-α не е само главен инфламаторен цитокин и моќен анти-канцерозен цитокин, туку тој исто така ја индуцира про-инфламаторната реакција, а концентрациите на TNF-α беа зголемени кај серумите на децата со активен улеративен колитис (UC) и Кронова болест на дебелото црево (CD) и кај столицата на деца со двата вида на (IBD). Забележано e зголемено создавање на IL-1, TNF-α и IL-6 дури и на микроскопски нормална CD мукоза и на промена на цитокинските профили во текот на клиничката студија. Така, TNF-α е таргет на клиничко испитување со цел да се блокира негoвата активност како нова форма на терапија на CD. Park et al. покажуваат дека инхибиторните ефекти на IO врз секрецијата нa TNF-α индуцирана од LPS се појавува преку експресија на TNF-α mRNA и нејзината акумулација. Тие сугерираат дека ова дејство може да претставува и круцијален чекор за антиинфламаторното дејство на IO. Податоците од оваа студија покажуваат и дека примената на IO (кај C и D групата) врши супресија на експресијата на TNF-α кај лаб. животни и клетки. Оттука, се претпоставува дека IO може да ги намали симптомите на колитис кај глувците, кој е индуциран со DSS. Меѓутоа, Reinecker et al. истакнуваат дека создавањето на TNF-α е поголемо кај културите на CD отколку кај UC мукозни мононуклеарни клетки. East and Isacke во нивната студија прикажуваат дека дека IFN-γ е про-инфламаторен цитокин што ги активира макрофагите во текот на воспалението, додека IL-4 се поврзува со резолуцијата на воспалението. Liu et al. сметаат дека создавањето на IFN-γ драматично се зголеми; додека IL-4 се намали кај глувците со колитис во споредба со здравите глувци. Тие сугерираат дека полисахаридот на печурката го намалува создавањето на IFN-γ и го зголемува создавањето на IL-4 од макрофагите и ја враќа состојбата кај колитисот слично на контролата in vivo. Меѓутоа, Desreumaux et al. сугерираат дека елевацијата на нивоата на IL-4 mRNA имаат различни шеми кај акутни наспроти хронични воспаленија. Исто така, Schreiber et al. во својата студија покажуваат дека регулирачкиот ефект на IL-4 врз активираните циркулирачки мононуклеарни клетки е намален кај IBD. Нашите податоци укажуваат дека екстракт на IOправи супресија на експресијата на IL-4 кај глувците. Fiocchi смета дека експресијата на IL-4 кај IBD не е константна. Причината за оваа разлика не е целосно сфатена, но можеби влијаат дистинктниимунорегулаторни механизми, генетски условени разлики на моделите глувци, или степенот на сериозност на болеста. Kim et al. прикажуваат дека прочистени монополисахариди екстрахирани од IO се појаки и имаат појако имуностимулативното дејство од суровите монополисахариди. Затоа, чистината на екстрактите на печурката или видовите печурки може исто да влијаат на шемата на експресија на цитокините. Wasser смета дека полисахаридите на печурката ги стимулираат клетките природни убијци, Т-клетките, B клетките и реакцијата на имунитетниот систем зависен од макрофагите. Тие сугерираат дека полисахаридите на печурките не ги напаѓаат канцерозните клетки директно, туку создаваат свои анти-туморски ефекти активирајќи различни имунолошки реакции кај домаќинот. Затоа, претпоставуваме дека дозирањето со IO може индиректно да влијае врз воспалението кај моделите глувци. IO се користи како народен лек, докажано преку многу студии објавени за прикажување на нејзинотo анти-канцерозно и анти-воспалително дејство. Park et al. сугерираат дека IO е потентен инхибитор на NO индуциран од LPS, PGE2 и создавање на TNF-α и дека оваа инхибиција е причинета со супресија на активацијатa на нуклеарниот фактор (NF)-κB кај RAW 264.7 макрофагите. Kim et al. сметаат дека анти-воспалителните својства на IO може да се должат на инхибиција на индуцираната NO синтетаза (iNOS) и експресија на циклоокигеназа-2 (COX-2) преку супресија на врзувачкото дејство на NF-κB . Мора да се истакне дека многу студии покажуваат дека полисахаридите екстрахирани од печурката покажале позитивни терапевтски својства, анти-туморски - преку имуностимулација, антиинфламаторни, придонесуваат за зазадравување на рани итн.

Можното објаснување за овие позитивни ефекти е дека печурките како и примената на IO се поврзани со инфламаторните цитокини како TNF-α, IFN-γ и секреција на IL-4.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS