Ефективноста од суплементација со Ganoderma lucidum (Реиши) во третманот на гихт

Ефективноста од суплементација со Ganoderma lucidum (Реиши) во третманот на гихт

Mycology News, Vol. 1, Edition 10, Aug 2005

Цел на студијата

Да се оцени ефикасноста од суплементација со нефракционизирана Ganoderma lucidum кај три пациенти со гихт. Основните забележани параметри беа болки, процена на квалитет на живот и елиминација на употребата на стероиди и нестероидни анти-инфламаторни производи коишто ги контролираат и болките и воспаленијата во зглобовите.

Состојба

Гихт е нарушување кое се карактеризира со изненадни и повторливи напади на многу болен артрит предизвикан од депозити на моносодиумски уреатни кристали што се акумулираат во зглобовите поради абнормално високо ниво на мочна киселина во крвта (хиперурицемија). Воспалението на зглобот може да стане хронично и да се деформира по повторливи напади. Скоро 20% од луѓето кои имаат гихт, добиваат камења во бубрези.

Мочната киселина е присутна во крвта од распаѓање на клетката и од присуството на прекурзори на мочната киселина во слична храна. Нивоата на мочната киселина стануваат абнормално високи кога бубрезите не можат да елиминираат доволно во урината. Телото може да создаде и преголеми количества мочна киселина поради наследна ензимска абнормалност или болест како рак на крвта каде клетките се множат и рапидно се уништуваат. Некои видови на бубрежни заболувања и одредени лекови исто така ја намалуваат способноста на бубрезите да ја елиминираат мочната киселина.

План на студијата

Студија од типот open label кај 3 пациенти над 35 години со гихт. Пред суплементацијата со Ganoderma lucidum, сите три пациенти имаа екстремни болки и неспособност за движење.

Дозирање

Дневната суплементација со Ganoderma lucidum започна со 3 гр. (6 таб. х 500 мг) со по 2 таблети пред доручек, ручек и вечера за период од 4 недели; потоа 2 гр. дневно по 2 таблети 30 минути пред доручек и вечера во период од 6 недели, а потоа 1 гр. по 1 таблета 30 минути пред доручек и вечера во следните 6 месеци.

Резултати

По 4 недели суплементација сите три пациенти имаа помалку болки, зголемена енергија и можеа да одат. Во првите 10 недели, пациентите не пиеја алкохол. Во текот на последниот 6-месечен период, пациентите можеа да пијат по малку алкохол, а не се забележаа други симптоми од гихтот.

Дискусија

Анти-воспалителното дејство на Ganoderma lucidum е добро познато и се идентификува со ганодеримните киселини. Екстракт од ганодермната киселина е исто така патентиран за употреба како топичен анти-инфламатор.

Заклучоци

Наодите од оваа студија ги потврдуваат анти-инфламаторните својства на биомасата од Ganoderma lucidum и нејзиниот потенцијал за ослободување од болки кај неколку инфламаторни состојби, вклучувајќи и гихт.

Со дневниот трошок околу 1 фунта (3 гр. дневно или 6 таблети дневно) за првите 4 недели суплементација, Ganoderma lucidum може да понуди сигурна и алтернатива на конвенционалниот третман на гихт што може да си ја дозволите. Потребно е дополнително испитување за да се истражи ова откритие во поголеми детаљи.

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS