Cordyceps sinensis - Идентификувани активни состојки

Cordyceps sinensis - Идентификувани активни состојки

http://www.shen-nong.com/eng/herbal/cordyceps.html

 

Главните хемиски состојки на Кордицепс се нуклеозиди како аденозин, аденин, хипоксантицин неуклозид, урацил, тимин, уридин, гванидин, тимидин, 3’-деоксиаденозин (наречен и кордицепин); стериди како ергостерол пероксид, холестерил палмитат, еогостерол; полисахариди како галактоманан; алканоли како Д-манитол (наречен и кордицепна киселина). Тој содржи и голема количина на груби протеини, основни амино киселини, повеќе траги од елементи и одредени витамини.

Фармаколошки дејства

1. Антиоксидантски ефекти

In vitro студија

Се тестираа антиоксидантските дејства на екстракти од вода и алкохол и од природниот и култивираниот Cordyceps sinensis преку шест различни антиоксидантски анализи: способност за инхибиција на оксидација на линoлеумската киселина, уништувачко дејство на 1,1-дифенил-2-пикрилхидразил (DPPH), хидроген пероксид, хидроксил радикал и супероксиден анион и дејство за отстранување метали. Иако овие примероци на Cordyceps sinensis покажаа различно антиоксидантско дејство, природниот Cordyceps sinensis и неговите ферментирани подготовки би можеле да се користат како потенцијални природни антиоксиданси. Друга студија покажа дека полифенолската и флавоноидната содржина на Cordyceps sinensis може да се одговорни за неговите антиоксидантски дејства. Врз основа на овие резултати, заштитните ефекти на Cordyceps sinensis против оксидативно оштетување се должат на неговите способности за уништување на слободните радикали.

2. Анти-инфламаторни ефекти

In vitro студии

Фракции на хлороформ и n-бутанол на метанолски екстракт од Cordyceps sinensis значително ги блокираa цитокините, TNF алфа, и секрецијата на IL-12 во LPS/IFN-γ стимулираа макрофаги преку намалување на индуцибилна експресија на NO синтаза.

3. Анти-туморски ефекти

In vitro студии

Анти-туморски ефекти на метанол екстракти од Cordyceps sinensis се проучуваа на различни видови на клеточни линии на рак: лимфоцитични (Jurkat), хепатома (HepG2), простата (PC 3), на дебелото црево (Colon 205) и дојки (MCF 7). Фракцијата на n-бутанол на метанолскиот екстракт на Cordyceps sinensis поседува ефекти на анти-пролиферација на Jurkat, PC 3 и MCF 7 клеточни линии.

Друга in vitro студија го оценуваше инхибиторниот ефект на екстракт од Кордицепс врз пролиферацијата на клетки на рак на дебело црево (HT-29 и SW480). Екстрактот од Кордицепс може да инхибира пролиферација на клетки на рак на дебело црево преку инхибирање на деградацијата на l-kappa B алфа во клетката и инхибиција на активацијата на NF-kappa B.

4. Ефекти против замор и стрес

In vivo студија

Фракција од топла вода на култивиран Cordyceps sinensis има ефекти против замор и стрес кај индуциран замор и стрес на ICR глувци и Sprague-Dawley глувци.

5. Ефекти врз респираторниот систем

In vivo студија

Се оценуваа ефектите на метанолскиот екстракт од Cordyceps sinensis врз клеточната пролиферација на бронхо-алвеоларна промивка (BALF), создавањето на инфламаторни цитокини и експресијата на гени. Алкохолниот екстракт, во зависност од дозата, супресираше клеточна пролиферација на BALF, активирана од липополисахаридот (LPS). Тој спречи и создавање на IL-1бета, IL-6, IL-8, IL-10 и TNF-алфа кај активираните BALF клеточни култури.

6. Ефекти врз фиброза на црниот дроб

In vivo студија

Ефектите на Cordyceps sinensis врз фиброзата на црниот дроб се проучуваа кај глувци Sprague-Dawley со фиброза на црниот дроб индуцирана со диметилнитрозамин. Cordyceps sinensis може значително да ја олесни фиброзата на црниот дроб, подобрувајќи ја деградацијата на колагени како хипроксипролин, инхибитор на ткивата на металопротеиназа-2, тип IV колаген и тип I колаген.

7. Ефекти врз белодробна фиброза

Клиничка студија

Спроведена е студија со 16 конвалесцентни SARS пациенти (4 мажи и 12 жени), на кои им се даваше само Кордицепс. Други 15 конвалесцентни SARS пациенти кои примале лeкaрства, послужија за контрола. Просечната возраст на пациентите во групата со Кордицепс беше 34,3 години. Дневната доза на Cordyceps sinensis беше 3 грама. Ефектите на третманот беа мониторирани со компјутерска томографија со висока резолуција (HRCT) и серумски растворлив Интерлеукин-2 рецептор (SIL-2R). Пациентите кои примаа Cordyceps sinensis покажаа значително подобрување во пулмонарната фиброза и намалување на SIL-2R, додека тоа не беше забележано кај контролната група.

8. Имуномодулаторни ефекти

In vivo студија

Имуномодулатoрното дејство на полисахаридите екстрахирани од култивиран Cordyceps sinensis се испитуваше кај човечка периферна крв. Според резултатите, екстрактот можеше да индуцира создавање на туморска некроза фактор алфа (TNF-алфа), интерлеукин (IL-6) и IL-10, според определено дозирање.

ЛистаМрежа
Прикажи:
Сортирај по:
Кордицепс-МРЛ
Кордицепс-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади ..
1.600 ден.
без ДДВ: 1.524 ден.
Врз основа на 1 оценки.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS