Кордицепс - Средство против бронхијална астма и белодробни болести

Кордицепс - Средство против бронхијална астма и белодробни болести
извадок од "Источни лекови од агол на современиот лекар", О. Б. Триљ (2006)
 
Средство против бронхијална астма и белодробни болести
Смалување на тонусот на бронхите со помош на Кордицепс дава извонреден ефект кај бронхијалната астма и хроничниот бронхитис. Треба да се дополни дека оваа габа го засилува формирањето на течна слуз во бронхите и го смалува рефлексот за кашлање, исто како кодеин. Ефикасноста на лечење на влошена бронхијална астма со примена на Кордицепс се зголемува за два пати во споредба со контролната група (за 5 денови наспроти 9, со традиционално лечење).

Во експерименталните испитувања успеале да ги утврдат механизмите врз кои влијае Кордицепс при лечење на разни белодробни болести. Еднократна голема доза од екстракт од мицелиум на Кордицепс предизвика секреција на слуз кај експериментални глувци за 114-197% со максимална секреција 2 часа по внесот на Кордицепс. Екстракт од природен Кордицепс имаше и поголем ефект: 141-251%. Можноста за продор на антибиотикот во белодробните ткива се оценуваше според тоа колкава количина фенолен црвен пигмент стигнал во слузта. Дури и значително помали дози Кордицепс предизвикаа силно (за 61-66%) зголемување на продорот на пигментот во трахеите. Ова е особено важно кај комбинираната употреба на Кордицепс и антибиотик при лечење на белодробна инфекција (Wang и Zhao, 1987). Покрај тоа, кај 2/3 животни, Кордицепс го продолжуваше латентниот период на настанување на кашлицата за 5 пати, смалувајќи ја непродуктивната исцрпувачка кашлица исто како кодеин во доза од 60мг/кг.

При лечење на алергиска БА (бронхијална астма), многу е важно да се отстрани нападот на спазам на рамните мускулни бронхи и да се намали влијанието на главниот алергиски медијатор, хистамин. Wan демонстрираше, во експерименти на изолирана трахеа кај заморчиња, зголемување на должината на трахеата, обработена со хистамин и екстракт од Кордицепс за 7.5 пати во споредба со самиот хистамин. Утврдено е (Wand и Zhao, 1987) дека по примена на ацетилхолин, Кордицепс 5 пати го продолжува времето до почеток на напад од бронхијална астма.

Повеќе клинички испитувања ја потврдија високата ефикасност на Кордицепс во лечењето болести кај луѓето (табела 1) (Han, 1995).

Овде треба да наведеме кај кои видови белодробни болести клиничките испитувања имаа вакви извонредни резултати. Han имаше најбројна група пациенти со следниве дијагнози: хроничен бронхитис, бронхијална астма и хронично плуќно срце. Qu се занимаваше со лечење на различни респираторни болести, Zheng и Deng, Yang, Zheng лечеа бронхитис и бронхијална астма.

Табела 1.

 

Дневна доза Кордицепс, гр.

Период на лечење, недели

Бр. на вклучени пациенти

Број на ефикасно излечени пациенти

% ефикасност на лечењето

Han (1995)

3 12 100 92 92%

Qu (1995)

3 4 30 26 87%

Zheng, Deng (1995)

3 4 20 17 85%

Yang (1985)

4.5 4 27 21 78%

Zheng (1985)

4.5 4 20 18 90%

Хроничното плуќно срце многу тешко се лечи. Тоа е состојба на оптеретеност на десните делови на срцето, што настанува кај тешки оштетувања на белите дробови кои веќе не се во состојба да пропуштат соодветна количина крв и таа крв создава повишен притисок во срцето. Кај тие лица е нарушена можноста да поднесат обични физички оптоварувања, се јавува гушење, кашлица, а потоа, срцева инсуфициенција со аскит и отоци. Традиционалната западна медицина може да помогне само со згрутчување на крвта со диуретски средства. Со користење на Кордицепс во доза од 4.5гр/ден за месец дена е постигнато видно подобрување на здравствената состојба кај 80 пациенти (таб. 2) (Lei и Wang, 1995) според следниве показатели:

Табела 2

 

% ефикасност кај 50 пациенти, со Кордицепс

% ефикасност кај 30 пациенти, со обично лечење

Смалување на времето на издишување

90 67

Кашлица и лачење слуз

92 60

Сон

96 70

Емотивно-психичка состојба

92 60

Функција на белите дробови

96 53

Функција на срцето

92 60

Вкупна ефикасност

92 61.5

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS