Кордицепс како средство против стареење и болестите на 21. век

Кордицепс како средство против стареење и болестите на 21. век
Секоја поголема активност на организмот, физичка, сексуална или психо-емоционална, е пропратена со експлозија на биохемиски процеси и формирање на високо-активни слободни радикали на кислород. Младиот и здрав организам, ги користи за борба против инфекции, регенерирање на клетките и за кислородно дишење. Затоа постојано се зголемуваат витамините Ц, Е, селен, се синтетизира СОД (супероксидна дисмутаза), каталаза, кои ги „ловат и пригушуваат” искрите на биохемиските реакции. Овие одбранбени механизми се трошат при недоволна исхрана или долготраен стрес. Дејството на овие супстанци особено се намалува со текот на годините, кога нивната апсорпција и синтеза е успорена. Тогаш се појавуваат и сериозните заболувања, а една од компонентите е липидната пероксидација: стареење, атеросклероза, рак. Во таа ситуација, во западната медицина се земаат горенаведените витамини, кои се нарекуваат и „фаќачи на радикалите”. На Исток се регенерираат силни ферментативни системи кои функционираат поефикасно на неколку нивоа: Кордицепс многу го зголемува дејството на СОД („фабриката за преработка” на радикалите), што ги растеретува витамините Ц, Е, селен и нивното дејство на обновување.
 
Забележително подобрување на дејството на СОД и како резултат на тоа, намалување на липидната пероксидација, утврдија научниците кај хронично обструктивните болести на белите дробови (Wang, 1995) и хроничната бубрежна инсуфициенција (Jiang, Gao, 1995). Постигнати се извонредни резултати во лечењето на група повозрасни пациенти (59 пациенти на возраст од 60-84 години) со Кордицепс во доза од 3гр. на ден во период од 3 месеци. Кај нив, се регенерираше СОД на еритроцитите на нормала, карактеристична за млади луѓе на возраст од 17-20 години (!). Слично на ова, се промени нивото на малонски диалдехид (MDA), показател на дејството на пероксидни реакции кај липидите. Клиничките манифестации на стареење кај нив, исто така значително се намали: брз замор кај 92% од пациентите, постојано чувство на ладни раце и нозе кај 89%, вртоглавица кај 83%, амнезија (заборавност) кај 26%, намалена сексуална желба кај 14%, често ноќно мокрење кај 59% од пациентите. Овие податоци се добиени со прецизна двојно-слепа плацебо контролирана студија (Zhang, 1995; Zhu, 1998).

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS