Coriolus versicolor за повторлив херпес симплекс

Coriolus versicolor за повторлив херпес симплекс

Автор: Dr. Andrew French M.D.

Clinical Journal of Mycology, Feb 2007, Vol. 2, Ed.1

Како лекар, целосно ја почитувам способноста на организмот да се бори против болести и да се поврати од траума. Професионално, сакам да мислам дека со помош на современите техники за дијагноза и лечење, можам да помогнам во процесот човек да биде здрав, или да го излечам од болест.
 
Од сите органи и системи во организмот кои не одржуваат, еден од неиспеаните херои е имунитетот. Во последните години подобро разбираме како клетките на нашиот имунитет успеваат да ги препознаат ,,туѓинците” кои може се обидуваат да го нападнат нашето тело. Очигледните туѓинци се бацили, како вируси, бактерии и паразити, а помалку очигледните туѓинци се кои било од нашите клетки кои мутирале и станале абнормални и се обидуваат да прераснат во рак.
 
Меѓутоа, колку и да е добар нашиот систем на имунитет, тој не е совршен. Посебен процеп во нашиот заштитен оклоп на имунитетот е прикажан преку нашата склоност кон вирусни инфекции, како Херпес вирусот, брадавици (или Папилома), вирусите на Хепатит B, C и ХИВ. Во оваа статија, ќе го опишам моето рано искуство на трeтирање инфекции од Херпес симплекс со природен препарат од посебна печурка.
 
Јас сум традиционален лекар, кој работи како општ лекар во Португалија. Признавам дека современата медицина има свои ограничувања, но секогаш сум бил отворен во напорите на добрите лекари да лечат болести и да го олеснат страдањето. Меѓутоа, одвреме-навреме погледнував „и на другата страна” да видам што можам да научам од сé повеќе растечкото поле на алтернативната медицина. На пример, од секогаш знаев дека акупунктурата може да е корисна техника – иако е незамислива за мојот западен начин на размислување.
 
Една од болестите што современата медицина не може да ја лечи е херпес симплекс со повторливи напади. Тие може да се појават или околу устата како ,,ранички од настинка” или во гениталниот регион, со тендеција да се појавуваат скоро на истото место на кожата секој пат. Постојат ортодоксни лекови кои помагаат да се скратат овие напади, т.е. ацикловир како крема или таблети и други посовремени алтернативи. Но, третманот со овие лекови не ги спречува новите напади на херпес на некое неодредeно време. Единствениот начин да се спречат нападите е да земате некој од овие лекови во форма на таблети, постојано.
 
Во 2001, моја пациентка ме посети во почетокот на нејзината втора бременост. Таа почна да добива напади на генитален херпес пред 5 години, а нападите станаа толку чести што ја трeтираа во болницата St. Mary’s во Лондон; и припишале таблети ацикловир, по 400мг два пати дневно, за да ги спречи нападите.
 
Во 1998, таа беше бремена за првпат и престанала со ацикловир поради можните ризици од изложување на фетусот на лекот. Во текот на оваа бременост, таа добила 22 напада на генитален херпес, а бременоста и
се чинела ужасна.
 
Неодамна читав за можната вредност при употреба на препарат од печурката Coriolus versicolor за хронични вирусни инфекции. Прво проверив дека е безбедно да се употребува Кориолус за време на бременост. Потоа, и предложив и таа да зема за да види дали ќе и помогне. Таа почна да зема два пати дневно по 3 таблети, а потоа ги намали на 3 таблети, еднаш дневно.
 
На нејзино и мое изненадување, ефектот беше драматичен бидејќи таа имаше само неколку мали напади во текот на целата бременост, а кога ќе почувствува дека ќе добие напад, таа веднаш ја удвојуваше дозата на 6 таблети дневно, со што се прекинуваше нападот. Потоа, таа продолжи да зема Кoриолус по 3 таблети дневно во тек на една година и нападите престанаа во следните две години. Во последните две години, таа имаше повремено уште неколку напади
кои ги третира земајќи три таблети два пати дневно, со што се прекинуваат нападите ако ги зема веднаш на почетокот на симптомите.
 
Иако бев многу импресиониран од драматичните предности на употребата на Кoриолус кај мојата бремена пациентка, сепак го задржав мојот инстинктивен скептицизам за тоа дали лечењето на моите пациенти со Кориолус би го замениле некогаш припишувањето рецепти за ортодоксни третмани. Meѓутоа, по неколку месеци еден од моите синови почна да има проблеми со орални херпеси кои се појавуваа при стрес во испитна сезона. Првично, му препишав ацикловир крем, што имаше мал ефект, па му препишав ацикловир таблети. Ова беше ефективно, но кога помина нападот и откако ги испи таблетите, се појави нов напад. Откако ова се појави два-три пати, одлучив да му дадам Кoриолус, започнувајќи со 3 таблети два пати дневно, а потоа продолжи со три таблети дневно. Тој престана да добива напади на херпес.

По неколку месеци, тој замина во странство да работи на проект. Со себе понесе една кутија Кориолус таблети и престана да ги зема редовно бидејќи немаше доволно количина. Меѓутоа, кога ќе имаше напад на херпес тој веднаш земаше Кориолус и велеше дека е исто така веднаш ефективно како и претходно кога земал високи дози ацикловир при третирање на нападите.

Оттогаш, го препорачувам Кориолус како третман за повторлив херпес на неколку пациенти со извонредно добри резултати, што секако ме фасцинираше. Истражувањето на Dr. Jean Monro од болницата Breakspear, UK покажа дека активната состојка е полисахарид од клеточниот ѕид на печурката што има директен ефект врз белите крвни зрнца, посебно одредени видови лимфоцити, кои напаѓаат и убиваат клетки кои го штитат херпесот или другите вируси.

Постојат тврдења дека Кориолус може да биде исто така ефективен за спречување или како дополнение при третирање на некои форми на рак. Немам искуство во оваа област и во оваа фаза не би брзал со избрзани тврдења. Меѓутоа, постојат основи кои треба да се разгледаат дека Кориолусот можеби може да има позитивен ефект од две причини. Прво, некои форми на рак се предизвикани од вирусни инфекции. Веројатно истакнатиот пример е рак на цервиксот, што е вторa најчеста причина на смртност кај жените. Се смета дека најмалку 90% од случаите на рак на цервиксот се добива од инфекција на цервиксот со Хуман папилома вирус (HPV), особено одредени видови на HPV.

Ако употребата на Кориолус им помогна на имунитетните клетки на организмот да ги уништи цервикaлните клетки инфицирани од HPV, тогаш ракот може или да се спречи или да се третира. Во Португалија се прават испитувања да се тестира оваа теорија заедно со ортодоксните третмани. Второ, развојот на рак кај човекот е до некој степен резултат на неуспехот на имунитетот да препознае страни, мутирани канцерозни клетки кои се обидуваат да се развијат. Причините зошто ова треба да се случи се комплексни вклучувајќи генетски, токсични и влијанија од исхранaта. Сепак, човек со појак имунитет може да биде поуспешен во битката со инвазивните канцерозни клетки.

Теоријата дека некоја состојка од одредени печурки може да заштити од рак е поткрепена од 150 годишна студија на голема група одгледувачи на печурки во Јапонија кои поретко умирaле од рак отколку оние во контролната група. Се претпоставува дека тие биле заштитени јадејќи големи количини од нивните печурки. Бев толку импресиониран од ефектот на Кориолус при третирање пациенти со херпекс симплекс што ќе бидам отворен за можноста да трeтирам други вирусни состојби со Кориолус или други препарати од печурки, но и кон можноста да ги користам ваквите препарати како додаток на традиционалните третмани на рак.
 
Дозирање на Кориолус за вирусот херпес симплекс:
 
- две недели по 6 таблети
- шест недели по 3 таблети
 

*3 таблети (500 mg) наутро со доручек и 3 таблети навечер со вечера во првите 2 недели; 3 таблети наутро со доручек од 3-8 недела.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо