Реиши-МРЛ

Реиши-МРЛ

1.500 ден.
Шифра на производ: 0003
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Реиши-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Ganoderma lucidum што се одгледува асептично во биомаса којашто потоа се произведува во таблети по 500мг.

Присуството на коренот во производот е многу важен, бидејќи тој содржи ензими за детоксикација, за спречување на оксидативниот стрес и на клеточниот развој.

Состојки: Ganoderma lucidum (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

Производот не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.

Погоден e и за вегетаријанци.

Производот е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.

Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, пред оброк.

Во најстариот запис на ориенталната хербална медицина, Шен Нонг Бен Као Јинг, Реиши е рангирана највисоко во првата категорија на супериорни тревки. Несоменено  една од најпочитуваните печурки на модерното време, Реиши се користи повеќе од 4000 години во традиционалната кинеска медицина.

Трите главни физиолошки активни состојки на Реиши се: полисахаридите, пептоглуканите и тритерпените. Полисахаридите имаат гликоза, ксилоза, маноза, галактоза, фукоза, бета-глукани, алфа-глукани, хитозан, итн. Пептогликаните кај Реиши се: протеоглукани, имуномодулаторна супстанца PGS, пептиди и F3. Кај Реиши има повеќе од 50 тритерпени, типични за оваа печурка. Меѓу нив се ганодермните киселини, луциденска киселина, ганодерали, ганодериоли. Други главни состојки на Реиши се: фосфор, магнезиум, калциум, германиум, протеини, лектини, металопротеази, D2, нуклеозиди, нуклеотиди, итн.

НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.

Вкупно дози во кутија: 90 таблети за 30-45 денови

Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традицинални извори):

-       oпшто подобрување на имунитетот - содржи супстанци што делуваат како имуностимуланси, како и антибактериски, антивирусни и анти-воспалителни супстанци

-       враќање на силата на телото по операција или голем физички и ментален напор; традиционално се користел за да помогне на коските и зглобовите за подобрување на виталната енергија и за олеснување на чувството на „тежина” на телото

-       детоксикација на организмот - препорачливо е на почетокот на употреба да пиете и витамин Ц за подобра апсорпција; ги намалува отровите од несаканите ефекти од хемо и радиотерапија; помага да се регенирира црниот дроб особено по употреба на лекарства, алкохол или хепатит

-       астма, бронхитис, алергија - ганодеричната киселина на црвената Реиши помага за олеснување на општите алергии  преку инхибирање на хистамин (студии за алергија на полен) и помага подобро да се искористи кислородот

-       дијабет, рак, артритис, ревматичен артритис, артериосклероза, синдром на хроничен замор, висок крвен притисок, гихт, пореметувања на црниот дроб и на стомакот, нервоза, стрес, несоница, алопеција, остеопороза, сезонски промени, флебит, кардиомиопатија, миокардна исхемија, лупус, целулит, регулирање на телесната тежина, деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, климакс (мажи), емфизема, епилепсија

- труење од печурки (120-200гр сува Реиши стои во вода и се конзумира 3-5 чаши дневно)

 

Горенаведената примена произлегува од следниве својства на Реиши:  

·      Анти-алергиско и aнти-воспалително - против алергија и воспаленија, што ја разликуваат од печурките Кориолус и Маитаке. Испитувања на животни покажале дека го спречува испуштањето хистамин, а со тоа се спречуваат или намалуваат алергиските сензитивни реакции на видовите 1, 2, 3 и 4. Клинички е забележано дека Реиши го стабилизира нивото на имуноглобулин (вклучително IgE, IgM, IgA и IgG антитела), спречува испуштање на медијатори и во високи концентрации ја супресира медијаторската активност (Hobbs, 1996). Особено помага за алергиска астма

·      Анти-бактериско - против стафилококи, стрептококи и бацили пневмонија (поради зголемената имунитетска активност), ешерихија коли, бацилус цереус, аспергилус нигер

·      Анти-вирусно, индуцирајќи создавање на интерферон

·      Антитуморско – како резултат на содржаните бета-глукани и германиум. Ги намалува отровите и нус-појавите од хемотерапија и радиотерапија, болки, ги помага мaкрофагите и ги регулира лимфоцитите Т и Б, помага за потиснување на ширењето на туморските клетки (рак на дојка, Lewis карцином на белите дробови, сарком, рак на мочен меур, мозок, простата)

·      Антиоксидантско - елиминирајќи ги хидроксилните слободни радикали

·      Ганодеричната киселина на тритерпените помага да се намалат: нивото на холестерол, ЛДЛ, триглицеридите, крвниот притисок

·      Кардиотоник, намалувајќи го нивото на серумски холестерол без ефект врз триглицеридите, подобрување на миокардниот метаболизам на хипооксични животни и подобрување на хемодинамиката на коронарната артерија

·      Дијабет – ја прилагодува сензитивноста на инсулинот; го намалува нивото на шеќер во крвта; ги враќа функциите на панкреасот

·      Обновување на клетките во коскената срж, белите лимфоцити, и еритроцити и НК-клетките

·      Несоница и неуроза - Делува врз автономниот нервен систем, го намалува ефектот од кофеин и ги олабавува мускулите

·      Синдром на хроничeн зaмор – преку помагање на имунитетот

·      Адаптогено - значајно зајакнување на имунитетот

·      Ја поткрепува енергијата и ја храни крвта – за индикации каде недостасува енергија или слаба крв, слаба сплина и стомак (термини според традиционалната кинеска медицина). Реиши се сметал за тоник што ја поткрепува празнината и ја тонифицира енергијата. Се применува во случаи на изнемоштеност, физички замор, дигестивни проблеми, како и за слабост во колената, вртење, стомачни хронични заболувања, хронично воспаление на црниот дроб или бубрезите; се применува и кај моноцитна леукемија

·      Својство на забавување на стареењето

-       бидејќи e природен антиоксиданс што делува против слободните радикали и затоа може да се користи и кај постари и помлади лица

-       содржи специфични тритерперноиди што ги штитат клетките од склероза и помага за намалување на адхезијата на тромбоцитите

-       тоник за постари лица за одржување на добро здравје, против оглувување од возраста

·      Анти-ХИВ - in vivo и in vitro

·      Зголемено создавање на интерлеукин-1 од муринските перотонеални макрофаги in vitro

·      Зголемено создавање на интерлеукин-2 од муринските спленоцити in vitro

ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.

Производителот Mycology Research Laboratories  (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.

Датум на важност: обележан на дното на амбалажата

Чувајте го на ладно и суво место

За повеќе информации и клинички студии, слободно контактирајте не.

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS