Шиитаке-МРЛ

Шиитаке-МРЛ

1.500 ден.
Производител: Mycology-Research-Laboratories
Шифра на производ: 00015
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Шиитаке се користи во исхраната во Јапонија и Кина со илјадници години. Првите записи датираат од 199 година. Во 14. век, кинескиот доктор Ву Ју тврдел дека оваа печурка може да се користи како лек за третирање болести на горните дишни патишта, за слаба циркулација, болести на црниот дроб, за исцрпеност и слабост, за подобрување на енергијата и превенција на стареењето. Во 1969, Проф. Горо Чиара го искористил екстрактот од оваа црна печурка да изолира и прочисти полисахарид, којшто покажувал значителна антитуморска активност, којшто го нарекол Лентинан. Но, Лентинан се докажал како многу токсичен за долготрајна клиничка употреба. Некои луѓе може да бидат и посензитивни ако ја јадат оваа печурка, што секогаш треба да се земе предвид кај лица кои за првпат вкусуваат шиитаке.

Шиитаке-МРЛ е 100% органска биомаса, а тоа значи дека содржи млад плод и мицелиум.

Примена според современи и традиционални извори:

·      Алергиски реакции

·      Антибактериски ефекти – инхибиторен ефект врз Staphylococcus, Bacillus subtilis, Escherichia coli, TBC

·      Антикоагулативни ефекти – треба внимателно да се дава или дури и да се исклучи кај пациенти кои примаат антикоагулативни лекови (потребна е лабораториска контрола!)

·      Хармонизација на оската хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда – само како поддршка

·      Хепато-заштитни ефекти, камења во жолчка, стомачни проблеми и чир – комплексен ефект може да се добие во комбинација со Реиши и Кориолус

·      Имуномодулаторни и антитуморски ефекти – на пр., преку подобрување на фагоцитичното дејство на макрофагите, стимулирајќи ги Т-клетките и НК-клетките; како поддршка при хемотерапија и радиотерапија за олеснување на несаканите појави од третманите; студија за користење на печурката кај саркома 180, ММ-46 тумор (Namba et al, 1987)

·      Кардиоваскуларни ефекти и поддршка при нарушувања на метаболизмот – кај хронично високо ниво на холестерол (спречувајќи артериосклероза) и на липиди, намалувајќи го високиот крвен притисок, анемијата, дијабет од тип 2

·      Кожни болести (егзема, акни) – надворешна употреба

·      Уринарна инконтиненција – ефект само како поддршка

·      Заштитни ефекти - кај физички и ментално активни луѓе

·      Поддршка на имунитетот – на пр., кај намален имунитет, современи болести, алергии, настинки (ја зголемува концентрацијата на интерферон); поддршка на организмот кај повозрасни лица, превентивна поддршка кај помлади лица (преработеност, замор)

·      Поддршка на коските – само како помошно средство и во комбинација со желатински производи

·      Недостиг на виталната енергија на белите дробови (во ТКМ, feiqixu) со симптоми како повторливи настинки, хронична кашлица, задах, алергии

·      Недостиг на виталната енергија на сплината и на стомакот (во ТКМ, piwei qixu) со симптоми како краток здив, често мокрење, губење на апетитот, замор, нарушено варење на храната

·      Недостиг на виталната енергија, недостиг во крвта (во ТКМ, qixu, xuexu), со симптоми како замор, вртоглавица, слаб глас, недостиг на апетит, бледоликост

·      Анти-вирусни ефекти – херпес вируси, хепатит Б вируси, вирусен грип, СИДА

·      Природен извор на минерали и витамини – содржи калиум, фосфор, железо, цинк, калциум, бакар, магнезиум, манган, германиум, стронциум, витамини Б2, Ц, Д2, околу 30 ензими и повеќе од 10 основни аминокиселини, протеини и влакна

·      Делува врз ЦНС – влијае врз создавањето на серотонин, хистамин, катехоламин.

Денес, истражувањата се фокусираат на употребата на два екстракта од Шиитаке: ЛЕМ (екстракт од мицелиумот) и полисахаридот Лентинан. Меѓутоа, екстрактите не го содржат широкиот спектар на другите ефективни супстанци содржани во биомасата на Шиитаке.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS