За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ. Миконутри Ви нуди производи  во форма на:

-           Таблети: кутија од 90 таблети по 500мг биомаса од печурка (за еден месец). Препорачана дневна доза е 3-6 таблети. Таблетите најдобро се абсорбираат на празен стомак и се земаат со млак чај или вода.

-           Прашoк: кутија од 250гр биомаса од печурка (за околу 4 месеци). Препорачана дневна доза е 2-4гр. Секоја кутија содржи мерица од 2гр. Биомасата најдобро се абсорбира на празен стомак со млак чај, вода, или може да го измешате прашoкот со јогурт или сок од јаболка.

Производите не содржат вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен. Погодни се за вегетаријанска и за Кошер исхрана.

Овие производи се разликуваат поради две причини:

1.     производите се од биомаса, што значи дека се култивирани од природни печурки и тоа и нивниот плод и нивниот мицелиум, што е особено важно, бидејќи мицелиумот содржи ензими што се неопходни за детоксикација, за уништување на слободните радикали, итн.

2. производите клинички се испитуваат 

 

Сертифицирани органски производи: САД/ЕУ

Габичната биомаса на МРЛ е сертифициранa како 100% органски производ во САД од страна на Quality Assurance International. Во декември, 2005 година, прашoкот МРЛ доби сертификат за органски производ и од ЕУ согласно Регулативата на Советот на ЕУ бр. 2092/91 од Quality Assurance International.

Повеќето нутритивни печурки ги содржат сите осум основни аминокиселини, но тие се одличен извор на:

-                полисахариди, состојки на печурките кои се најважни за имунитетот

-                калиум, минерал што помага за намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар

-                бакар, минерал со кардио-заштитни својства

-                висока концентрација на железо, рибофлавин, ниацин

-                селен – антиоксиданс кој функционира со витаминот Е за заштита на клетките од оштетувачките ефекти на слободните радикали. Здравствени работници кои два пати дневно внесувале препорачана доза на селен го намалиле ризикот од рак на простате за 65%

-                антиоксиданси

-                витамини од Б-групата

-                витамин Д – ниедно овошје или зеленчук не содржи витамин Д

-                ензими

Општо земено, печурките имаат толку разновидни соединенија кои ни помагаат за разновидни состојби, од нивна употреба како превентива до употреба при потешки малигни заболувања. Следниве се заеднички позитивни ефекти од сите додатоци на исхрана од печурки:

  • го стимулираат и зајакнуваат нашиот имунитет, а со тоа си помагаме за можна превенција од болести и за борба против нарушени состојби на организмот
  • вршат детоксикација на организмот (ги чистат отровите од организмот)
  • го штитат црниот дроб
  • го поткрепуваат организмот при канцерозни болести, особено при хемотерапија и радиотерапија (ги олеснуваат несаканите ефекти, како лошење)
  • ја враќаат енергијата на организмот
  • му обезбедуваат на организмот разни минерали, витамини (само печурките имаат витамин Д), антиоксиданси, аминокиселини, ензими, а полисахаридите ја имаат клучната улога
  • ги адаптираат функциите на органите

 

 

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо