Hericium erinaceus: јадлива печурка со лековити вредности

Hericium erinaceus: јадлива печурка со лековити вредности

Md. Asaduzzaman Khan*, Mousumi Tania, Rui Liu and Mohammad Mijanur Rahman

doi 10.1515/jcim-2013-0001 J Complement Integr Med. 2013; 10(1): 1–6

Абстракт

Печурките се сметаат нутритивна функционална храна и извор на физиолошки корисни лекови. Hericium erinaceus, познат и како Лавовска грива или Печурка бодликаво прасе, е габа што се јаде, што има долга историја на примена во традиционалната кинеска медицина. Оваа печурка е богата со одредени физилошки важни компоненти, особено бета-глукански полисахариди, одговорни за дејствата против канцер, имуномодулаторните, хиполипи-демичните, антиоксидантските и неуро-протективните дејства на оваа печурка. H. erinaceus исто така покажал во студии дека има анти-микробни, анти-хипертензивни, антидијабетски и својства за зараснување рани, меѓу останатите терапевтски потенцијали. Оваа статија дава преглед на неодамнешниот напредок во истражувањата и студиите на H. erinaceus и ги прикажува потен-цијалните здравствени корисни дејства на оваа печурка, со осврт на био-активните соединенија одговорни за овие лековити својства.

1. Вовед

Се случува ренесанса на интересот за природни лекови во многу делови од светот денес. Голем број истражувачи веруваат дека природните производи или традиционалната медицина (или алтернативните лекови) се извор што ветува за нови терапевтски средства. Природните производи се хемиски соединенија или супстанци произведени од живите организми, што се наоѓаат во природата што обично имаат фармаколошки или биолошки дејства. Природните производи се користени во огромна мера во откритијата на фармацевтските лекови и дизајнот на лекот. Многу од природните соединенија се важни во третманот на животно-загрозувачките состојби. Превентивните и терапевтските ефекти на природните производи кои се во изобилие наспроти животно-загрозувачките болести се документирани (1). Обично се смета дека лековите од природни извори имаат помалку несакани дејства. Уште многу одамна, печурките се признати како нутритивно функционална храна и извор на физиолошки корисни лекови. Печурките се манифестација на поговорката, „Лековите и храната имаат исто потекло”. Неколку видови печурки од генусот Pleurotus, Ganoderma, Cordyceps, Lentinus, Hericium и Grifola покажале во студии дека имаат анти-канцер, анти-дијабетски, анти-хипертензивни, анти-микробни, кардио-заштитни, хепaто-протективни и други здравствено-корисни улоги (2-8).

Hericium erinaceus е печурка што се јаде со лековити вредности, позната и како Лавовска грива или Бодликаво прасе. Оваа печурка припаѓа на класата Агарикомицети под филата на базидиомикота. На кинески и јапонски, оваа печурка се нарекува “hóu tóu gū” и “yamabushitake,” респективно (9). Оваа печурка најчесто ја има во источно-азиските земји и има долга историја на примена во традиционалната кинеска медицина (10). Многу студии ги покажаа потенцијалните лековити вредности или здравствено-корисни дејства на оваа печурка, како анти-канцер, анти-хипертензивни, хиполипидемични, неуронски болести, заштитни дејства, итн. Меѓутоа, повеќето од информациите за оваа печурка се наоѓаат на различни страни. Ние ги разгледавме научните бази на податоци како Pubmed, SCOPUS и Google Scholar, и во овој преглед направивме резиме од поновите информации за здравствено-корисните својства на печурката Hericium erinaceus, што може да придонесат за понатамошно истражување за лековитата или терапевтската улога на оваа печурка. Во овој преглед ќе стане збор и за биоактивните хемиски соединенија на оваа печурка.

 

2. Лековитите вредности на H. erinaceus

Неколку научни студии ги документираа лековитите или здравствено-корисните ефекти од плодот и мицелиумот на Hericium erinaceus и нивните хемиски екстракти.

2.1 Анти-канцерозни и имуномодулаторни дејства

Во последните 2-3 децении, неколку студии покажаа дека печурката Hericium erinaceus поседува анти-канцер дејства. Имуномодулацијата е една од главните механизми на анти-канцер дејствата на Hericium erinaceus. Wang et al (11) го проучуваа aнти-туморското и имуномодулаторното дејство на полисахаридите екстрахирани од културна каша од H. erinaceus и H. laciniatum кај глувци со обележани контролни региони (ICRs). Нивните резултати открија дека двата полисахарида имаат значителни анти-површни ефекти врз пулмонарниот метастатски тумор. Дополнително, полисахаридите од Hericium erinaceus беа поефективни од оние на H. laciniatum. Тие исто така покажаа дека поли-сахаридите го забрзаа зголемувањето на Т-клетките и на макрофагите. Бројот на клетките CD4+ и на макрофагите беше значително повисок кај тест групата отколку кај контролната група. Liu et al (12) известија за антитуморско дејство и ефекти на регулирање на имунитетот од полисахаридите на H. erinaceus и Lentinus edodes кај глувци со саркома 180 (S-180). Во студија на Lee et al (13), суров растворлив во вода H. erinaceus нагорно регулираше одредени функ-ционални имуномодулаторни настани со медијација на активираните макро-фаги, како создавање на азотен оксид (NO) и експресија на цитокини (IL-1β и TNF-β), кои може да се одговорни за анти-канцерозните својства на оваа печурка. Lee и Hong (14) сугерираа за потенцијалот на оваа печурка кај хепатоцелуларна карцинома на клеточната линија HepG2. Тие демонстрираа дека суровиот растворлив во вода полисахарид од оваа печурка делува како засилувач за сензитација на апоптичното сигнализирање пренесено преку доксорубицин (Dox), а оваа сензитација може да се постигне со намалување на експресијата c-FLIP преку активација на c-Jun N-терминалната киназа (JNK) и засилување на интраклеточната акумулација на Dox преку инхибиција на дејството на нуклеарниот фактор (NF)-кB кај клетките HepG2.

Во студија на Kim et al. (15), интра-перитонеални инјекции со екстракт од топла вода и микробранов (во 50% етанол/вода) екстракт од H. erinaceus за две недели ја намали тежината на туморот за 38 и 41%, респективно, кај Balb/c глувци интракутано трансплантирано на грбот со CT-26 клетки од рак на дебело црево. Овие екстракти го зголемија цитолитското дејство на НК-клетките на слезината, го вратија создавањето на NO и фагоцитозата во перитонеалните макрофаги до 95-98% од нормалните нивоа, а го зголемија испуштањето на про-инфлама-торните цитокини TNF-α, интерлеукин-1β и интерлеукин-6 од макрофагите. Екстрактите исто така ја намалија и експресијата на циклооксигеназа 2 и 5-липоксигеназа, кои надолно ја регулираа експресијата на VEGF, резултирајќи со инхибиција на нео-ангиогенеза внатре во туморите. Kim et al. ја оценуваа и потентноста на овие екстракти против клетките U937 на моноцитна леукемија кај луѓето. (16) Водените и водено/етанолските екстракти од H. erinaceus покажаа супресија на клеточна пролиферација и индуцираа активирање на каспаза-3 и каспаза-9, преку митохондриите, кај клетките U937. Меѓутоа, етанолскиот екстракт од H. erinaceus  не покажа сигнификантен ефект на метанол екстрактот од H. erinaceus врз клеточната пролиферација, како и клеточниот циклус и апоптоза кај муринските клетки CH72 на карцином на кожата (17). Исто така, во друг експеримент, Choi et al. (18) не најдоа сигнификантен ефект на метанолскиот екстракт од H. erinaceus врз пролифе-рацијата на васкуларните рамни мускулни клетки. Kim et al. [19] го проучуваа имуномодулаторното дејство на H. erinaceus и кај клеточна линија на макро-фагите RAW 264.7. Тие го тестираа етанолскиот екстракт од H. erinaceus врз RAW 264.7 и сугерираа дека хлороформната фракција на етанолскиот екстракт од H. erinaceus може да даде антиинфламаторен ефект преку намалување на создавањето вишок NO, простагландин Е2 и реактивни кислородни видови и преку супресија на експресијата на проинфламаторните гени преку инхибиција на подединицата NF-κB p65, фосфорилација на I-κB, екстраклеточна киназа, сигнално регулирана, и JNK, зависно од дозата (19).

 

2.2 Заштитни дејства при кардио-васкуларни компликации

Hericium erinaceus поседува сигнификантни корисни својства против кардиоваскуларни компликации. Печурките долго се користат како нутрицевтски (комбинација на зборот од нутритивни и фармацевтски про-изводи) производи кај неправилна регулација на липидниот метаболизам по-врзан со кардиоваскуларните болести. Yang et al. го испитуваше хиполипи-демичниот ефект на егзо-биополимерот произведен од потопена култура на мицелиум од H. erinaceus (9) кај хиперлипидемични стаорци, индуцирани со храна. Тие открија дека хиполипидемичните ефекти пропорционално се зголемија со зголемување на концентрацијата на егзо-биополимерот преку орално администрирање. Егзо-биополимерот, со доза од 200мг/кг телесна тежина, го намали плазма вкупниот холестерол за 32.9%, LDL холестеролот за 45.4%, триглицеридите за 34.3%, фосфолипидите за 18.9%, атерогенскиот индекс за 58.7% и хепаталното дејство на редуктазата HMG-CoA за 20.2%, а го зголеми плазма HDL холестеролот за 31.3% во споредба со контролната група. Етанолскиот екстракт од H. еrinaceus го подобри липидниот метаболизам кај глувци C57BL/6J хранети со високо-масна храна, а овие ефекти беа пренесени преку модулација на генската експресија на липидниот метаболизам, барем делумно преку активирање на PPAR-α (10). Инхибиторите на тромбоцитната агрегација се превентивни или терапевтски агенси за различни васкуларни болести, вклучувајќи миокарден инфаркт и мозочен удар, бидејќи тромбоцитната агрегација во крвните садови предизвикува тромбоза. Mori et al. (20) открија дека етанолскиот екстракт од H. erinaceus потентно ја инхибира тромбоцитната агреагција индуцирана од колаген. Тие го идентификуваа хериценонот Б како активно соединение против тромбоцитна агреација на тромбоцитите кај луѓе и кај зајаци.

 

2.3 Невро-протективни дејства

Неуротрофичните фактори се основни за функционално одржување и органи-зација на неуроните. Затоа, од супстанците слични на неуротрофичните фактори или нивните индуктори се очекува да се применат за третман на невро-дегенеративни болести. Mori et al. (21) известија дека етанолскиот екстракт од H. erinaceus промовираше експресија на фактор на развој на нерви mRNA во зависност од концентрацијата преку активирање на патеката JNK. Mori et al.  сугерираа дека H. erinaceus e исто така корисен во превенцијата или третманот на деменција и когнитивна дисфункција, бидејќи открија дека администри-рањето на прашок од H. erinaceus преку храна ги спречи ослабувањата на просторната краткорочна и меморијата за визуелно препознавање индуцирани од амилоиден β (25-35) пептид кај ICR глувци мажјаци. Nagano et al. (23) ги испитуваше клиничките ефекти на H. erinaceus за менопауза, депресија, квалитет на спиење и бескрајни поплаки и сугерираа дека внесот на оваа печурка може да ја намали депресијата и немирот кај жени. Во друга клиничка студија, Mori et al. (24) спроведе двојно слепа, со паралелна група, плацебо контролирана студија кај мажи и жени од Јапонија на возраст од 50-80 години со благо когнитивно нарушување. Орално администрирање на прашок од H. erinaceus  покажа сигнификантно зголемени резултати на скалата на когнитивна функција без несакани ефекти во лабораториските тестови. Wong et al. (25) ја истражуваа можната употреба на воден екстракт од плодови на H. erinaceus во третманот на аксонометска повреда на перонеалните нерви кај возрасни Sprague–Dawley стаoрци-женки со дневнo орално администрирање, а пода-тоците сугерираа дека екстрактот може да ја подобри регенерацијата на повреден перонеален нерв кај стаорци во рана фаза на закрепнување.

Миелинската обвивка ги покрива неуронските аксони и обезбедува поддршка, заштита, хранење и изолација на неуроните, а повредата на миелинската структура води кон ослабување и тешка болест на нервниот систем. Во in vitro студија на Kolotushkina et al. (26), екстрактот од H. erinaceus промовираше нормален развој на култивирани церебрални клетки и покажа регулаторен ефект врз процесот на миелинска генеза.

 

2.4 Антиоксидантски својства

Оксидативниот стрес е имплициран кај неколку дегенеративни процеси, болести и синдроми, вклучувајќи канцер, кардиоваскуларни компликации, невро-дегеративни болести и широк спектар на нарушувања од возраста (27, 28). За ова, додатоците на исхрана или природните лекови со антиоксидантско дејство се од посебен интерес. Антиоксидантскиот индекс, како и уништувачкото дејство на слободните радикали, инхибиторните дејства на липидната пероксидација од екстракт со топла вода на H. erinaceus се забележани од Abdullah et al. (29). Wong et al. (30) открија дека екстракт од мицелиум на H. erinaceus е богат со фенолска содржина и има потенцијална антиоксидативна моќ за намалување на железото. Екстрактот од младите плодови исто има и потентно дејство за уништување на радикалот 1,1-дифенил-2-пикрилхидразил, според извештаи. И екстракт од исушени во печка плодови одлично го намали белењето на каротенот. Тие исто покажаа дека вкупната фенолска содржина и вкупното антиоксидантско дејство во екстрактот на исушените плодови во печка беше повисок во споредба со екстрактот од свежо замрзнати или од свежи плодови. Ова може да се должи на акумулацијата на Мејлардовите реактивни производи, познати по тоа што имаат антиоксидантски својства (30). Во неодамнешна студија на Han et al. (31), полисахаридите на H. erinaceus покажаа значително антиоксидантско дејство против ренална оксидативно оштетување индуцирано од исхемична реперфузија кај експери-ментални животни. Во таа студија, претходно администрирање на полисахаридите од печурката го намалија нивото на липидна пероксидација и го зголемија дејството на антиоксидантските ензими кај глувци (31). Документирано е и антиоксидантското дејство на ендо-полисахаридите од мицелиумот на H. erinaceus (32).  

 

2.5 Други терапевтски дејства

Скоро пред три децении, Xu et al. [33] извести за ефективноста на терапијата со H. erinaceus за хроничен атрофичен гастритис во двојно-слепа студија. Choi et al. (18) ги испитуваше ефектите од метанолскиот екстракт од H. erinaceus тестирајќи хепатална оштета индуцирана со CCl4 кај стаорци, каде се забележи дека екстрактот има јак заштитен ефект врз хепаталното оштетување. Abdulla et al. (34) извести за својството на оваа печурка при зараснување на рани. Во нивната студија, раните обложени со воден екстракт од плодовите на H. erinaceus го забрза затворањето на раната кај експериментални повредени Sprague–Dawley стаорци-мажјаци. Се користат инхибитори на ангиотензин I-конвертирачки ензим (ACE) за да се намали крвниот притисок и да се намали ризикот од хипертензивни компликации. Abdullah et al. (29) извести дека екстракстот со топла вода од H. erinaceus, со други лековити и печурки што се јадат, го покажа инхибиторното дејство на ACE in vitro. Ендо-полисахаридните фракции од мицелиумот на H. erinaceus растен на тофу (кинеска храна од грав) покажа потентен хепатопротективен ефект in vivo (32). Wong et al. (30) покажаа анти-микробни својства на H. erinaceus. Тие открија дека екстракт од свежи плодови инхибираа развој на неколку бактерии, како Bacillus cereus, B. subtilis, Enterococcus faecalis, Salmonella sp., Shigella sp. и Plesiomonas shigelloides; меѓутоа, студијата не откри анти-фунгално дејство. Wang et al. (35) извести за хипогликемично дејство на H. erinaceus, што сугерираше дека оваа печурка е анти-дијабетски терапевтски агенс, исто така. Тие концентрираа метанолски екстракт од H. erinaceus за да се отстрани раствор што дава остаток (наречен и HEM) и додадоа во исхраната на дијабетични стаорци индуцирани со стрептозотоцин. Во таа студија, тие открија дека стаорците ранети со HEM имаа значително пониски стапки на елевација на шеќер во крвта отколку кај оние што не беа ранети со HEM.

3 Биоактивни компоненти на H. erinaceus

Различни биоактивни полисахариди се главни ефективни компоненти на печурките, коишто се одговорни за нивните лековити својства (Табела 1). Повеќето од лековитите својства на H. erinaceus опишани погоре се признати од дејствата на неговата полисахаридна фракција. Како многу други печурки што се јадат и што се лековити, повеќето од терапевтските полисахариди во H. erinaceus се β-глукани (13, 16). Lee et al. (13) го идентификуваа имуно-модулаторното и антитуморското соединение на H. erinaceus како полисахарид со ниско молекуларна маса со троен хеликс конформација слична на ламинарин од β-1,3-разгранет-β-1,6-глукан со користење на Фуриева трансформна инфрацрвена спектроскопија и технологија на гасна хроматографска-маса спектрометрија (GC-MS). Jia et al. (36) изолираа нов хетерополисахарид (HEP1) со (1–>6)-врзан α-D-галактопираносил столб со гранки составени од рамноза и гликоза во плодовите на H. erinaceus. Zhang et al. (37) изолираа друг нов полисахарид, HEPF3, од плодот на H. erinaceus, составен од фукоза и галактоза. Анализата на составот, анализата на метилација, заедно со 1Н и 13C NMR спектроскопија, утврдија дека HEPF3 се состои од разгранета пента-сахаридна повторлива единица.

Qian et al. (38) изолираа четири кристални и едно течно биоактивно соединение од солиден културен екстракт од H. erinaceus. Нивните хемиски структури беа одредени како 6-метил-2,5-дихидроксиметил-γ-пиранон, 2-хидроксиметил-5-α-хидрокси-етил-γ-пиранон, 4-хлоро-3,5-диметоксибензенска-O-арабитол естер, 4-хлоро-3,5-диметоксибензенски метилестер и 4-хлоро-3,5-диметоксибензенска киселина. Покрај нив, Qian et al. (38) изолираа и мешавина на палмитска и стеаринска киселина, мешавина на бехенска и тетракосанска киселина и мешавина од 5-α-ергостан-3-еден, 5-α-стигмастен-22-ен-3-еден и 5-стигмастан-3-еден. Од етанолски екстракт од H. erinaceus беше изолиран хериценон Б, фенолско соединение, идентификуван како потенцијален агенс против агрегација на тромбоцити од страна на Mori et al. (20).

 

Табела 1  Здравствено-корисни биоактивни компоненти на печурката H. erinaceus

Соединенија

Корисни био-дејства

β-глукани (полисахариди) (на пр. β-1,3-разгранети-бета-1,6- глукани со троен хеликс конформација слична на ламинарин)

Анти-канцерозно, имуномодулаторно, неуро-протективно и антиоксидантско

HEP1 [хетеро-полисахарид, со (1>6)-поврзан α-D-галактопираносил столб)]

Анти-канцерозно и имуномодулаторно

HEPF3 (хетеро-полисахарид, со разгранет пента-сахаридна повторлива единица)

Анти-канцерозно и имуномодулаторно

Ендо-полисахариди

Хепато протективно и антиоксидантско

Други полисахариди: 6-метил-2,5-дихидроксиметил-γ-пиранон; 2-хидроксиметил-5-α-хидрокси-етил-γ- пиранон; 4-хлоро-3,5-диметоксибензенски-O-арабитол естер; 4- хлоро-3,5-диметоксибензенски метил естер и 4- хлоро-3,5- диметоксибензенскa киселина

Широк спектар на здравствено-корисни ефекти, вклучувајќи анти-канцерозни и имуномодулаторни дејства

Липпидни соединенија: мешавина од палмитска и стеаринска киселина; мешавина од бехенска и тетракосанска киселина; 5-α-ергостан-3-еден; 5-α-стигмастен-22-en-3-еден и 5-α- стигмастеa-3-еден

Широк спектар на здравствено-корисни ефекти

Хериценон Б (фенолско соединение)

Анти-тромбоцитна агрегација (заштита од миокарден инфаркт, мозочен удар, итн.)

 

4 Заклучоци

Печурките се добар пример за лековита храна или додаток на исхрана. Од дамнешни времиња, печурките се сметаат како важна храна поради нивниот вкус, високи нутритивни вредности и неколку лековити својства. Е вкусна печурка со потенцијална лековита важност. Оваа печурка главно се конзумира во источно-азиските земји и повеќето од испитувањата се направени во Кина, Јапонија и Кореја. Оваа студија ги прикажува светските истражувања, култивирањето и употребата. Дневната конзумација на оваа печурка може да забави неколку нарушувања кај луѓето што може да им го загрозат животот. Меѓутоа, не се прават често научни студии на светско ниво за H. erinaceus. Се препорачуваат повеќе основни клинички студии како дополнително истражу-вање за да се утврди терапевтскиот потенцијал кај неколку нарушувања кај луѓето што може да им го загрозат животот. 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо