Екстракти од Маитаке и нивниот терапевтски потенцијал - Преглед

Екстракти од Маитаке и нивниот терапевтски потенцијал - Преглед

Абстракт

Маитаке (Grifola frondosa) е јапонски назив за фунгус што може да се јаде, со голем плод што се карактеризира со преклопни капи. Таа е најдобра кулинарска и лековита печурка. Маитаке сѐ повеќе се признава како потентен извор на полисахаридни состојки со огромен потенцијал за подобрување на здравјето. Најновиот равој е MD-фракцијата, екстракт од Маитаке за којашто јапонските пронаоѓачи ја сметаат за значаен напредок од претходната D-фракција. D-фракцијата, MD-фракцијата и другите екстракти, често во комбинација со прашoк од Маитаке, особено ветуваат како имуномодулаторни агенси и како додаток за терапија на рак и на ХИВ. Тие може да дадат и одредени предности во третманот на хиперлипидемија, висок притисок и хепатит. (Altern Med Rev 2001;6(1):48-60).

Маитаке: првокласна печурка

Научното име Grifola frondosa потекнува од grifin, ѕвер од грчката митологија со глава и крилја на орел, а тело на лав, и од frondosa, што значи во форма на лист. Во Јапонија, маи значи танц, а таке значи печурка, оттука ,,печурка на танцoт”. Дури и во поново време, ловците љубоморно го штителе местото каде се наоѓа маитаке, а само понекогаш го откривале тајното место (каде цвета со години) само во тестамент. Маитаке и понатаму е најбарана од куварите и гурманите за нејзиниот одличен вкус и состав (слично на бело месо), но и од некулинарски причини за нејзините позитивни ефекти врз здравјето. Тесно поврзани видови се Grifola umbellate, што кинезите ја нарекуваат zhu ling или chuling, G. albicans и G. gigantea. Кинезите понекогаш користат zhu ling (повеќе го користат склеротиумот отколку плодоткако состојка за формули на хербални тоници. Иако zhu ling и другите видови Grifola не се целосно испитани како Маитаке, се смета дека имаат слични состојки и здравствени ефекти.

Од неодамна се започна со култивирање на Маитаке. Во последниве две децении производителите се прилагодија за култивирање на Маитаке. Сегашната култура во шишe или вреќа користи за основа пиљевина/бран/соја (во сооднос 80:10:10). Комерцијалното одгледување во Јапонија, главно за храна, започна во 1981 со 325 тони. Тоа стигна до 1.500 тони во 1985, 1.800 тони во 1991 и скоро 10.000 тони во 1993. Денес, комерцијалното производство на Маитаке во светот можеби е над 40.000 тони.

Во изминатите две децении, Маитаке почна да се одгледува и за додаток на исхрана. Таа можеби е најразновидната лековита печурка и додаток кој ветува, иако засега е помалку позната од Шиитаке (Lentinus edodes) и Реиши (Ganoderma lucidum).

Единствени и активни состојки на печурките

Се смета дека околу 50 од 38.000 видови печурки имаат лековити својства, според истражувачот на печурки, Cun Zhuang, PhD. Денес клинички се користат три од нив како извор за екстракти за лекови против рак во Јапонија:

- Kawaratake (Coriolus versicolor) е извор на PSK (Крестин). Развиен кон крајот на 70-те, PSK беше првиот лек против рак од печурка, а денес е еден од најпопуларните лекови против рак во Јапонија. Се зема орално за рак на желудник и други видови рак.

- Шиитаке е извор на Lentinan, одобрен од средината на 80-те за третирање на рак на желудник. Поради слабата апсорпција при орално дозирање, оваа состојка најдобро се администрира со инјектирање.

- Suehirotake (Schizophyllum commune) се користи за да се добие Shizophyllan, за третирање на цервикален рак (и тој се инјектира).

Овие лекови против рак, како и многу други лековити печурки како Реиши, Хиратаке или Школката (Pleurotus ostreatus) и енокитаке (Flammulina velutipes), содржат различни ссотојки со разновидни биолошки и терапевтски ефекти. Содржината и биоактивноста на овие состојки зависи од тоа како се подготвува печурката и како се конзумира. Меѓу најважните состојки се полисахаридите, познати како бета-глукани, коишто се врзуваат за протеините. PSK, Lentinan и Shizophyllan се форми на бета-глукани. Големите ефекти на Маитаке за подобрување на имунитетот се должат главно на овие полисахариди.

Полисахаридите како бета-глуканите се наоѓаат кај повеќе лековити печурки (како и други полисахариди кај лековитите тревки како Echinacea angustifolia) кои сѐ повеќе се признаваат заради нивните неспецифични имуномодулаторни ефекти. Овие т.н. модификатори на биолошка реакција може да се потентни анти-вирусни и анти-туморски агенси, не уништувајќи го вирусот или канцерозните клетки директно, туку преку стимулирање на вродената способност на организмот да ја предводи клеточната одбрана. Особено ветува она што јапонските истражувачи го нарекоа ,,интринзични механизми на одбрана на домаќинот" бидејќи тоа е својство што генерално недостасува кај конвенционалните лекови против рак.
 
Маитаке фракции кои го прават имунитетот потентен
Во раните 80-те, јапонскиот миколог Hiroaki Nanba од Фармацевтскиот факултет во Кобе проучуваше различни лековити печурки, особено шиитаке. Меѓутоа, тој постепено дојде до заклучок дека полисахаридите на Маитаке имаат единствена структура и дека се меѓу најмоќните изучувани до денес, покажувајќи понагласено анти-туморско дејство кај тестови со животни отколку екстрактите од други печурки. Маитаке исто така и најмногу ветува како орално ефективен имуномодулатор. Со ова полесно се споредува во споредба со, на пример, екстракти од шиитаке кои оптимално функционираат само ако се инјектираат. Nanba одлучи да се фокусира само на Маитаке. Тој и неколку други јапонски научници почнаа да екстрахираат различни полисахариди од Маитаке и да го тестираат нејзиниот анти-туморски и имуномодулаторен потенцијал. Во 1984, Nanba идентификуваше фракција и од мицелиумот и од плодот на Маитаке со способност да ги стимулира макрофагите. Фракцијата може да се добие од Маитаке, третирајќи ги плодовите со топла вода и сатурација на добиениот екстракт растворлив во вода до 80% со етил алкохол. Преципитатот потоа се третира со ацетна киселина и алкалински материјал. Добиената D-фракција е стандардизирана форма на изолирани бета-глукан полисахаридни состојки (бета-1,6 глукан и бета-1,3 глукан) и протеин со молекуларна тежина од околу 1.000.000. Во 1984, во Јапонија издаде патент за Nanba и други.
 
Други лековити печурки покажале дека имаат био-активни бета-глукански состојки, но Nanba покажа дека различни бета-глукани се разликуваат и дека бета-глуканите во Маитаке D-фракцијата имаат единствена и комплексна структура, којашто содржи 1,6 главна верига со поголем степен од 1,3 гранки, а 1,3 главната верига има 1,6 гранки. Повеќето од другите бета-глукани добиени од печурки имаат само 1,3 главна верига со 1,6 гранки. И други фракции се добиени од Маитаке; на пример, Х-фракција е бета 1,6 глукан со алфа-1,4 гранки. Една теорија е дека што поголем степен на разгранување, поголема е веројатноста фракцијата да стигне и да активира што поголем број на имуни клетки.

Високата молекуларна тежина на D-фракцијата може да претставува и фактор на нејзините имуномодулаторни ефекти, според истражување за анти-туморското дејство и гликозна консумпција на макрофагите. Едно испитување го заклучи следново, ,,Овие резултати сугерираат дека анти-туморскиот глукан не е секогаш повеќекратен забрзувач на механизмите на одбрана на домаќинот и дека е потребна голема молекуларна тежина зa да се зголемат повеќекратните имунолошки дејства.” Следна студија на дел од истите истражувачи сугерираше дека ,,соодносот на разгранување и молекуларната тежина на (1—>3)-бета-D-глуканитe се важни фактори за создавање на цитокини од макрофаги.”

Неодамна, една анализа на постоечките податоци за механизмот на цели печурки и изолирани состојки од печурки, особено одредени бета-глукани заклучи дека анти-туморските механизми на неколку видови, вклучувајќи и Маитаке, главно се пренесуваат преку Т-клетките и макрофагите. Според истражувачите, ,,Покрај структуралните и функционалните сличности на овие глукани, тие се разликуваат во нивната ефективност против одредени тумори и нивната способност да изведе различни клеточни реакции, особено експресија и создавање на цитокини.”

Кулминација на истражувањето на Dr. Nanba

Во доцните 80ти и почетокот на 90те, Nanba и неговиот колега Keiko Kubo продолжија да ја испитуваат Маитаке, обидувајќи се да го подобрат анти-туморското и имунопотентното дејство на D-фракцијата. Понатамошната пурификација на D-фракцијата даде MD-фракција (U.S. Patent #5,854,404), која Nanba и Kubo веруваа дека е повеќе био-активна отколку D-фракцијата. На изглед, MD-фракцијата е хигроскопски прашoк со нијанси на кафена боја, неутрална до слабо ацидна и има молекуларна тежина дистрибуирана околу 1.000.000.

MD-фракцијата се екстрахира и фракционира од мицелиумот и плодовите на Grifola frondosa или G. albicans, G. umbellata или G. gigantea. Процесот е сличен на оној опишан во јапонскиот патент за D-фракција; меѓутоа, Nanba и Kubo додадоа клучен чекор на процесот за D-фракција, со што се отстранува материјата што плови или се залепува со додавање на алкохол со финална концентрација од 20-60% според волуменот на екстрактот од Grifola растворлив во вода. Анализата покажа дека, како и D-фракцијата, главната компонента на MD-фракцијата е комплекс од глукан-протеин каде соодносот на глукан-протеин е во ранг од 80:20 до 99:1.

Во основа, D- и MD-фракциите имаат иста бета-глукан конфигурација, но MD-фракцијата е почиста. MD-фракцијата даде супериорни резултати за разлика од D-фракцијата во анти-тумор тест опишан во патентот. Секој раствор се администрираше интраперитонеално кај C3H глувци со трансплантиран ММ-46 карцином, десет пати со доза од 0,1 мг/кг за да се испита нејзиниот ефект врз инхибицијата на развојот на туморот. Истражувачите открија дека групата која примаше MD-фракцијата имаше значително појак инхибиторен ефект на развој на туморот отколку онаа група на која се даваше D-фракција. Истражувачите ги споредија и ефектите на супстанците врз макрофагите и дејството на убијците Т-клетки пет дена по давање на секоја тест супстанца. Тие утврдија дека MD-фракцијата покажа појако анти-туморско дејство и способност за потентен имунитет од D-фракцијата. И D- и MD-фракцијатаа имаат ниска токсичност и висока сигурност.

Анти-туморски ефекти на Маитаке фракции

Многу студии потврдуваат дека Маитаке има проминентни позитивни ефекти врз имунитетот. Таа го подобрува дејството не само на макрофагите, туку и на повеќе други клетки поврзани со имунитетот, како NK-клетките и цитотоксичните Т-клетки (Tc) коишто може да ги нападнат туморските клетки. Маитаке ја зголемува и имунитетската ефикасност на овие клетки преку зголемување на интерлеукин-1, интерлеукин-2 и лимфокините. Крајниот резултат е зголемена одбрана од инфекции, ХИВ и рак. Се чини дека особено фракциите на Маитаке имаат специфично анти-туморско дејство, со потенцијал на забавување на развојот на туморите во дебелото црево, стомакот, црниот дроб, простатата, мозокот и другите органи. (Треба да се забележи дека која било референца за D-фракцијата се однесува исто и за MD-фракцијата, бидејќи се работи за ист бета 1,6/1,3 глукан од Grifola frondosa).

Центрите во САД почнаа со третирање на пациентите со рак со D- и MD-фракција. На пример, во февруари 1998, FDA од САД одобри пробна апликација на нов лек (IND 54.589) за спроведување на Фаза II од пилот студија за потенцијалните ефекти на D-фракцијата врз напреднат рак на дојка и на простата. Истражувачите на Маитаке идентификуваа
неколку начини на кои Маитаке може да му се спротивстави на ракот:
 
- преку заштита на здравите клетки да не станат канцерозни
- преку инхибиција на развојот на метастази
- преку забавување или стопирање на развојот на туморите
 
Студиите ги потврдија сите овие три потенцијални предности. Прелиминарни, но необјавени клинички податоци од неконтролирана студија исто така сугерираше и четврта потенцијална предност; Маитаке може да функционира заедно со хемо-терапија за да се намалат нус-појавите од таа терапија, како паѓање на косата, болки и лошење, но и да се подигнат нејзините позитивни ефекти. Во една студија за потенцијалот на Маитаке за превенција од рaк, се инјектираше еднаш карциногена супстанца (3-MCA, метилколантрен) кај 20 глувци, стари 5 недели. Почнувајќи од 15 ден по инјектирањето, 10 глувци се хранеа со 0,2 мг Маитаке D-фракција во тек на 15 консекутивни денови.
Другите 10 (контролната група) примија физиолошки раствор. По 30 дена, бројот на глувци со рак беше 30,7% кај Маитаке групата и 93,2%
кај контролната група. Nanba забележува дека Лентинан се покажал исто ефективен против MCA, но тој треба да се администрира преку интравенозни инјекции во тек на 10 консекутивни денови за да се постигне сличен сооднос на инхибиција, ,,сугерирајќи дека Маитаке D-фракцијата има појака способност да го подобри имунитетот.”
 
Во друга студија, истражувачите изложиja глувци на познат карциноген (N-butyl-N’-butanolnitrosoamine; BBN) на мочниот меур секој ден во тек на 8 недели, а потоа ги хранеa со лековити печурки, вклучувајќи маитаке, шиитаке и печурката школка. Сите 10 глувци третирани само со BBN добија карцином на меурот. Хранењето со печурки значително го намали бројот на рaк на меурот, при што Маитаке беше најефективна. Карцином постоеше кај 46,7% глувци третирани со Маитаке во споредба со 52,9% и 65% за Шиитаке и
Школка, респективно. Печурките спречија и значителна депресија на дејствата на лимфоцитите и на NK-клетките.
 
Во студија на потенцијално дејство на Маитаке за анти-метастазирање, истражувачите инјектирале клетки од карцином на црниот дроб во задната нога на глувците. Глувците биле поделени на три групи. Контролната група била нормално хранета, додека другите две групи примале или Маитаке прашoк, 20% од нивната исхрана или 1 мг/кг D-фракција, интраперитонеално, 10 пати. По 30 дена, се опсервираше дали има туморски фоки метастазирани на црниот дроб. Во контролната група, 100% од глувците покажаа метастази. Во споредба, D-фракцијата спречила 91,3% од вкупниот број, а исхраната со Маитаке, 81,3% (p<0.01). Истражувачите администрирале по 1 мг/кг/дневно прочистена полисахаридна фракција од Маитаке (MT-2; 3-branched beta-1,6 glucan) интраперитонеално 24 часа по имплантација на ММ-46 туморски клетки, IMC-карцинома клетки, или Meth-А фибросаркома клетки во аксилната регија на експерименталните глувци мажјаци. На 25 ден по имплантирање на клетките, солидните тумори беа отстранети и измерени за да се добие сооднос на инхибиција на развој на туморот. Се откри дека маитаке фракцијата предизвика значителна инхибиција на равој на туморот, со опсег од 25,6% за Meth-А фибросаркома до 49% за ММ-46 (Таб. 1).
 
Во студија спроведена на глувци со сличен сингенски тумор била тестирана фракција од 6-разгранет beta-1,3 Glucan (LELFD) екстрахирана од Маитаке. Фракцијата покажа значителни анти-туморкси ефекти за Meth-А фибросаркома клетки и клетки на IMC карцинома, иако таа не инхибираше развој на леукемични клетки. Орални дози на D-фракција покажаа дека имаат значителни анти-туморски дејства против алогени и сингенски тумори.
 
Табела 1: Инхибиција на развој на тумор со орално и интрапери-тонеално администрирање на Маитаке Д-фракција.
 
Глувци              Туморски систем                          Инхибиција на развојот
                                                                         Орално дозирање Интраперитонеално
C3H             MM-46 карцином (дојки)                   64% (1,5 mg)           83,2% (1 mg)
CDF1           IMC карцином (кожа)                       75% (1,5 mg)            47,7% (1 mg)
C57BL/6      B-46 меланом (кожа)                        27,3% (1,5 mg)        25,6% (1 mg)
 
Истражувачите ги споредија ефектите врз глувци со тумор на D-фракцијата и митомицин-ц (MMC), популарен хемотерапевтски агенс, кој често предизвикува јаки нус-појави. Само D-фракцијата инхибираше развој на тумор поефективно од само MMC (со околу 80- и 45%, респективно), а комбинацијата се покажала како најефективна (инхибицијата на туморот беше подобрена скоро до 98%). Очигледниот синергиски ефект меѓу Маитаке и MMC се припиша на нивните различни начини на дејство, каде Маитаке го стимулира имунитетот, а MMC директно ги напаѓа туморските клетки.
 
Непубликувани прелиминарни клинички податоци за употребата на Маитаке како дополнение на хемотерапијата се опишани од Nanbа. Тој бележи ,,Се спроведе нерандомизирана клиничка студија со користење на D-фракција за да се види дали е ефективна за пациенти со напреднат рак, исто како и кај глувците. Вкупно 165 пациенти со
канцер во стадиум III-IV, на возраст од 25-65 години, учествуваа во студијата,а податоците се собираа во соработка со нивните лекари од поголемите универзитетски болници и клиники за третман на рак во Јапонија. Пациентите се дозираа со таблети со Маитаке D-фракција прашoк, или Маитаке таблети со хемотерапија. Според Nanba,
,,Резултатите сугерираат дека рaк на дојка, бели дробови и црн дроб се подобрија со Маитаке, но е помалку ефективно за рaк на коски и стомак или леукемија. Стапките на најдобра реакција беа со комбинирање на маитаке и хемотерапија. Nanba додава, ,,Треба да се забележи дека повеќето пациенти со Миатаке третман кажуваа подобрување
на целосните симптоми, дури и кога не е забележана регресија на туморот. Различни нус-појави од хемотерапијата како изгубен апетит, повраќање, лошење, губење коса и леукопенија (недостаток на бели крвни зрна) се подобри за 90% кај пациентите. 83% од пациентите кажаа намалување на болките.
 
Хуман имунодефициентен вирус (ХИВ)
Во доцните 80-ти години, јапонските истражувачи утврдија во неконтролирана студија на животни дека орални дози на D-фракција покажале засилен ефект врз помошните Т-клетки, таргет клетките на ХИВ. Ова беше една од најраните клинички индикации дека Маитаке може да е потенцијален третман за ХИВ.
 
Во ноември 1991, се откри дека сулфатна Маитаке фракција е активна во прелиминарен скрининг тест за анти-ХИВ лек, спроведен од Националниот институт за рак (NCI). Според резултатите за in vitro тестирање од Програмата за развој на терапевтика при NCI, тестот за Маитаке покажал значајно анти-вирусно дејство од дозата. Иако
сулфатната маитаке фракција личеше на анти-ХИВ потентност на AZT (zidovudine, formerly azidothymidine), не се сметаше за третман кој ветува поради можната клеточна токсичност in vivo. Оттогаш, поголемиот дел од истражувањата за имуномодулаторните ефекти на MD-фракцијата ја поддржува нејзината потенцијална употреба против
ХИВ. MD-фракцијата беше и предмет на неодамнешна долгорочна студија на луѓе за нејзинaтa потенцијална предност за пациенти со ХИВ. Nanba и колегите ги разгледаа ефектите од 6 гр. таблети или 20 мг прочистена MD-фракција заедно со 4 гр. таблети дневно за период од 360 денови кај 35 субјекти позитивни со ХИВ. Истражувачите го
следеа бројот на CD4+ (помошните Т-клетки), вирусната присутност, симптоми на ХИВ-инфекција, статус на секундарни болести и чувството
на добросостојба на пациентите.
 
Ефектите на бројот на помошните Т-клетки и вирусната присутност варираа: помошните Т-клетки се зголемија кај 20 пациенти, се намалија кај 8 пациенти, а останаа статични кај 4 пациенти. Вирусната присутност се намали кај 10 пациенти, се зголеми кај 9 пациенти, а беше статична кај 2 пациента. Околу 85% од респондентите известија
за зголемено чувство на доборосостојба во однос на различни симптоми и секундарни болести предизвикани од ХИВ. Истражувачите заклучија дека MD-фракцијата делува на неколку нивоа: со директна инхибиција на ХИВ, стимулација на сопствениот природен одбранбен систем на организмот против ХИВ и телото е помалку ранливо на
опортуни болести.
 
Прелиминарни необјавени клинички извештаи сугерираат дека ликвиден екстракт на Маитаке D-фракција помешан со DMSO (dimethylsulfoxide) аплициран топично, ветува како третман за  Капоши саркома, тумор на кожа, кој одзема многу животи на лица кои страдаат од ХИВ.

Дополнителни потенцијални ефекти

Јапонците го сметаат Маитаке како тоник или адаптоген – супстанца која ги балансира телесните функции и ја подобрува добросостојбата, виталноста, силата и енергијата. Практичарите кои почнаа да користат Маитаке клинички, укажуваат на позитивни ефекти кај синдром на хроничен замор, перзистентна вагинална пролиферација на Candida albicans и утерински фиброиди. Студиите спроведени со маитаке прашoк и други форми на печурката во изминатите две децении сугерираат дека таа може да има позитивна улога во третманот и на други болести.

Дијабет

Најмалку две студии сугерираат анти-дијабетски ефект на Маитаке. Вo едната, јапонските истражувачи хранеа генетски дијабетични глувци со 20% Маитаке прашoк во период од 8 недели. Маитаке покажа инхибиција на покачување на гликоза во крвта. Истражувачите забележаа и дејство на намалување на гликозата кај Х-фракцијата. Тие заклучија дека нивните наоди покажуваат дека Маитаке е ефективна и за намалување на шеќерот во крвта кај дијабетични животни. Друга студија од Kubo и Nanba, спроведена исто на генетски дијабетични глувци, испитуваа да идентификуваат активен материјал и да го испитаат нејзиниот механизам. Повторно, Маитаке инхибираше значително зголемување на гликоза во крвта, со анти-дијабетски механизам на Маитаке или Х-фракцијата директно се поврзува со инсулинските рецептори. Според истражувачите, нивните резултати сугерираат дека Маитаке би можела да ја зголеми инсулинската сензитивност.

Крвен притисок

Маитаке во прашoк го намали крвниот притисок во студии на глувци и спречи покачување на крвниот притисок. На пример, крвниот притисок на спонтано хипертензивни глуви (SHR) беше значително намален со хранење со Маитаке прашoк (5% од исхраната) за период од 9 недели. Сличен протокол на хранење за 8 осум недели, почнувајќи од 10 недели старост на стаорци и со добар воспоставен висок крвен притисок, беше исто така успешен. Истражувачите заклучија дека резултатите го поддржуваат тврдењето дека Маитаке не само што го супресира развојот на хипертензија, туку и го намалувa веќе зголемениот крвен притисок. Вo трета студија на дел од истите истражувачи, спонтано хипертензивните стаорци се хранеа со 5% Маитаке прашoк во исхраната за 9 недели и се споредија со контролните стаорци и стаорци хранети со шиитаке.

Негативни хистолошки промени, вклуч. некроза на медијалните рамни мускулни клетки и развој на масен црн дроб, беа во основа исти кај контролната група и кај групата хранета со шиитаке. Од друга страна, освен огромни количини забележан гликоген во црниот дроб, стаорците хранети со Маитаке имаа нормални резултати во ситe аспекти. Според истражувачите, ,,Маитаке во исхраната игра важна улога во спречувањето на хистолошки дегенеративни промени кај SHR, а преку тоа може да се добијат одредени предности преку намалување на крвниот притисок и подобрување на липидниот метаболизам.

Холестерол и триглицериди

Неколку студии ги испитувале ефектите на Маитаке врз серумските липиди, вклуч. холестерол и триглицериди, со мешани резултати, на некој начин. Во студија публикувана во 1988, исушен и во прав Маитаке, како 5% од исхраната на спонтано хипертензивни стаорци, значително ги намали нивоата на VLDL и на вкупниот серумски холестерол. Друга студија, спроведена на спонтано хипертензивни стаорци хранети со 5% Маитаке прашoк во период од 8 недели, не утврдува разлика во вкупната плазма и слободен холестерол, триглицериди и фосфолипидни нивоа во споредба со контролната група. (Шиитаке не го намали крвниот притисок, но ги намали другите фактори). Во поново време, јапонските научници ги хранат стаорците со високо-калорична храна (со многу холестерол) и ги мереа ефектите на засилување на исхраната со 20% исушен Маитаке прашoк. Тие открија дека Маитаке ги инхибира масните наслаги во црниот дроб и предизвикува иницијално намалување на вкупниот холестерол. До 25. ден, разликата во вкупниот холестерол веќе не беше сигнификантна. Стаорците хранети со Маитаке ги задржуваат основните вредности на HDL, кои обично се намалуваат при високо- калорична храна. Во последователна студија со сличен протокол, стаорците хранети со Маитаке имале значителни и трајни редукции на серумскиот холестерол и триглицериди и слично одржување на нивото на HDL. Најверојатно неконзистентните наоди се должат на недостиг на стандардизиран Маитаке прашoк користен во студиите и на фактот дека состојката за намалување на липидите сеуште не е целосно дефинирана.

Болести на црниот дроб
Неколку студии сугерираат дека Маитаке може да е ефективен и за спречување и за третирање на нарушувања на црниот дроб. Во раните 90-ти години, кинески истражувачи спроведоа пилот студија на 32 пациента со хроничен хепатит B. На меѓународен симпозиум за производи од Шиитаке одржан во Кина во 1994, истражувачите открија
дека оние пациенти кои користеле плод од Маитаке со полисахаридна подготовка, покажале позитивни знаци (како повисока стапка на опоравување на нивоата на аланин трансфераза) во споредба со пациентите од контролната група, со рутински третман.
 
Во друга студија, научниците им давале високо-калорична храна на стаорци и ги мереле ефектите на засилување на исхраната со 20% исушен Маитаке прашoк. Тие откриле дека Маитаке ги инхибира масните наслаги во црниот дроб. Конечно, научниците го тестирале Маитаке (прашoк од плодот, D-фракција и Х-фракција) како третман
за експериментални глувци со хепатално оштетување и откриле дека автоимуниот хроничен хепатит се јавува во многу посилна форма кај контрoлната група отколку кај глувците третирани со Маитаке.
 
Контрола на тежината
Маитаке содржи неколку B витамини, ергостерол/провитамин D2, магнезиум, калиум, калциум, незаситени масни киселини, фосфатидилсерин и други фосфолипиди и протеин. Маитаке не содржи витамин А и C, иако кај Маитаке се идентификувани супстанци со хемиски својства слични на абсорбенска киселина. Бидејќи Маитаке е богат со влакна, а со малку калории и маснотии, наведен е како потенцијално помошно средство за намалување на тежината.
 
Студии на животни покажуваат дека Маитаке како главна компонента на исхраната може да го спречи зголемувањето на тежината. Кога стаорците се хранат со 20% Маитаке прашoк (според тежината) со високо-калорична храна, тоа значително спречува зголемување на телесната тежина и на маснотиите. Сличен протокол го подобрува
масниот метаболизам кај стаорци хранети со Маитаке. Стаoрците хранети со Маитаке тежеле 24,9% помалку од контролната група на крајот на студијата. Тестови со хранење со Маитаке спроведени на спонтано хипертензивни стаорци покажаа ефект на инхибирање на тежината. Во прелиминарна клиничка студија спроведена на 30
пациенти со поголема тежина, истражувачите им давале Маитаке таблети еднакво на 200гр свеж маитаке дневно за период од 2 месеца. Просечното губење на тежината изнесувала од 3-6 килограми, додека еден пациент изгубил скоро 12 килограми. Кај неколку пациенти е забележана малку потечна столица како нус-појава.

Дозирање

Дополнитeлни истражувања може да помогнат да се појаснат некои прашања во однос на дозирањето. Податоците од спроведените студии преку хранење животни со 5-20% исхрана со Маитаке според тежинатa е тешко да се аплицираат кај луѓето бидејќи би било тешко за повеќето луѓе да ја следат таа исхрана богата со Маитаке. Една понова студија на животни го испитуваше чистењето на два вида глукани (GRN од Grifola frondosa и SSG од Sklerotinia sklerotiorum) од крвта, следена сo повеќе-кратно дозирање на глувци со автоимуна болест. Научниците даваа по 250 mcg еднаш неделно интраперитонеално на глувци во период од 35 недели. Концентрацијата на глукани во крвта беше висока (околу 20 mcg/mL за SSG). Истражувачите заклучија, ,,Овие наоди сугерираат дека администрирањето на голема количина глукан го засити ретикуло-ендотелиалниот систем, што резултираше со циркулација на глуканот во крвта.”

Во оваа дискусија за дозирање со Маитаке во книгата Лековити печурки, Hobbs бележи дека оралните дози од D-фракцијата кои се покажале ефективни како анти-туморски и имунопотентни агенси кај глувците се околу 0,75 mg/kg од тежината на глувците. Тој вели, ,,Иако е тешко да се споредува дејството кај глувците и луѓето, со претпоставка дека соодносот на дејството 1:1 би значело компаративна доза на D-фракцијата, колку што ја има во количина на 4 mg/g во плодот, е 47,25 mg за човек од 63,5 килограми – количина од околу 11,81 грама во плодот на Маитаке.” Еден производител вели дека терапевтската количина на Маитаке D-фракција е од 0,5 mg до 1 mg/kg од телесната тежина дневно. Тоа би изнесувало за дневна доза од околу 35-70 mg D-фракција. Комерцијалните производи на D- и MD-фракции обично се од 3-25mg од прашoкот по капсула. Капсулите од прашoк обично во големина се од 100-500mg. Постојат и течни екстракти, а некои се стандардизирани, на пр., 1 mg D-фракција по капка. Некои капсули се и концентрирани и стандардизирани за минимум (30%) полисахариди, вклуч. бета-D-глукан фракција. Најчесто препорачани днeвни дози за болести или спречување болести се движат од 12-25 mg екстракт/200-250 mg прашoк и 500-2.500 mg прашoк.

Заклучок

Маитаке е меѓу оние природни извори на имунотерапевтски производи кои најмногу ветуваат. Стандардизираните бета-глукан екстракти како D- и MD-фракција покажуваат особено потенцијал како карцино-статични агенси кои може да се употребат заедно со конвенционалните медицински третмани за лечење на рaк. Екстрактите од фракциите имаат важна лесно-употреблива предност над сличните деривати од печурки против рак, како лентинан и шизофилан, со тоа што подобро се апсорбираат при орална употреба. Екстракти, Маитаке прашoк или комбинација од двете, (како што најчесто комерцијално се нудат суплементите со Маитаке фракција) се исто така ефективни, покажано во студиите за ХИВ, дијабет, хипертензија, болести на црниот дроб и регулирање на тежината. Неконзистентни се позитивните ефекти кај хиперлипидемијата. Повеќето од објавeните студии до денес се студии на животни; потребни се дополнителни студии кај лица, a особено клинички студии. Иако можеби е тешко да се испитуваат корелациите структура-дејство поради структуралната комплексност на полисахаридите и варијациите во протеинот и составот на аминокиселината, потребни се дополнителни студии за да се идентификуваат единствените ефекти и механизмите на дејство на фракциите и другите состојки на Маитаке. Иако бета-глуканите се идентификувани како можни активни состојки одговорни за позитивните ефекти врз рак, имунитет и ХИВ, помалку е јасно кои состојки може да ги подобрат ефектите врз шеќерот во крвта и липидите.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS