Кордицепс како афродозијак

Кордицепс како афродозијак

извадок од "Источни лекови од агол на современиот лекар", О. Б. Триљ (2006)

Афродизијак
Едно од објаснувањата на чудесниот ефект на габата кај бронхијалната астма е нејзиното влијание врз синтезата на стероиди. Случајот со атлетичарките докажа дека ефектот на Кордицепс е еднаков на ефектот на анаболиците кои одговараат на машките полови хормони. Навистина, со земање Кордицепс значително се зголемува синтезата на овие хормони и истовремено се стимулира синтезата на кортикостероиди, хормон на адаптација и стрес. Кортикостероидите имаат силно антиинфламаторно дејство и брзо ги стопираат нападите на бронхијална астма и други алергиски состојби (лековита улога на Кордицепс при алергии). Силниот прилив на анаболични хормони, особено тестостерон, машки полов хормон, се користи одамна за засилување на сексуалниот нагон со помош на Кордицепс. Со употреба на Кордицепс, се зголемува масата на машки полови хормони, се подобрува квалитетот на сперматозоиди (има големо значење при лечење на машки стерилитет). Дејството на аденозин од Кордицепс се манифестира со ширење на сунѓерастото тело на пенисот, се подобрува дотокот на крв, со што се зголемува ерекцијата (Кордицепс е „источна Вијагра”). Дотокот на крв во полните органи се забележува и кај жените, зголемувајќи ја сексуалната желба, интензитетот на чувства и задоволство од сексуалниот чин. Кордицепс претставува афродизијак за двата пола.
 
Најголем интерес предизвикаа лековитите својства на Кордицепс кај сексуалните пореметувања кај мажите и жените. Спроведени се 8 клинички испитувања кај пациенти со импотенција, намалено либидо, предвремена ејакулација кај мажите, хипоменореја кај жени, но и кај намален број на сперматозоиди и патолошки промени од тоа. Патем, 3 од истражувањата се спроведени со двојно-слепа плацебо контролирана и наизменична, т.е. организирана по најсовремени методи медицина базирана врз докази. Во испитувањата учествуваа 1.078 пациенти кои примаа иста терапија, Кордицепс, по 1 грам дневно во период од 40 денови. Во сите испитувања, добиени се практично еднакви резултати, што претставуваше пријатно изненадување. Кај 64-66% од пациентите дојде до подобрување, а во групата лечена на традиционален начин, имаше подобрување кај 23-25%. Кај третина пациенти, дури и од поголема возраст, дојде до обновување на сексуалниот живот. Лабораториските анализи покажаа зголемување на нивото на полови хормони, зголемување на бројот на сперматозоиди за 33-35% и намалување на бројот на деформирани машки полови клетки за 50-70%. Кај жените, резултатите беа вчудоневидувачки: во контролната група со обично лечење, лекарите не забележаа ниеден позитивен резултат, додека кај групата со Кордицепс, либидото се зголеми кај 86%, а ефектот кај хиполеукореа и меноксија е забележан кај 100% од жените.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS