Coriolus versicolor кај пациенти со рак на дојка

Coriolus versicolor кај пациенти со рак на дојка
The Use of Coriolus versicolor supplementation in Breast Cancer Patients - Case Study Submitted to the 4th International Symposium on Mushroom Nutrition, June 14th 2002 at Westminster University
 
Mycology News, Vol 1, Edition 7, March 2003
 
Суплементација со Coriolus versicolor кај пациенти со рак на дојка – студија на случај
 
Основи:
Во шеесетите години, јапонските истражувачи ги проучуваа својствата на одредени растенија и печурки како имуно-зајакнувачи. Фокусот на миколошките истражувања беше на екстрактите од Ganoderma lucidum (Реиши) и Lentinula edodes (Шиитаке).
 
Кон крајот на 60-те, екстракт со топла вода од Lentinula edodes (Berk) Sing., целосно инхибираше развој на саркома 180, субкутано имплантирана кај ICR глувци.
 
Од екстрактот, Prof. Goro Chichara изолираше и прочисти полисахарид, што покажуваше изразено анти-туморско дејство, којшто го нарече Лентинан. Меѓутоа, Лентинанот се покажа како многу токсичен за долгорочна клиничка употреба.
 
Потрагата за миколошки екстракт со помала токсичност и помалку несакани ефекти од Лентинан ги доведе истражувачите на хемиската индустрија Куреха да се фокусираат на ефективноста на орално дозирање на полипорацеа (една од базидиомицетите) кај пациенти со рак на стомак.
 
Куреха прегледуваше над 200 видови плодови од базидиомицетите за анти-туморско својство за разни туморски клетки, вклучувајќи саркома 180 и најде неколку видови полипорацеи кои ветуваат. Меѓу нив, Coriolus versicolor се сметаше како најпогодна за понатамошно фракционирање поради неговото големо анти-туморско дејство и стабилноста во текот на сериското култивирање.
 

Белешки за имунитетските параметри

Екстракти од култивиран мицелиум на Coriolus versicolor покажа анти-туморско дејство во споредба со тоа на плодот. Во 1971, активната состојка се доби од екстракти на култивирана хифа од Coriolus versicolor (Fr.) Quel (CM-101) со заситен амониум сулфат, без сол и се нарече ПСК или Крестин. Се покажа дека PSK индуцира анти-туморско дејство од домаќинот.

Цел на студијата

Да се оцени ефикасноста на суплементација со не-фракционализиран Coriolus versicolor за поткрепа на имунитетот кај пациент со дијагностициран рак на дојка. Основни беа четири параметри за имунитет, што се мереа на почетокот од студијата, 50. ден и 90 дена по отпочнувањето со суплементација со Кориолус.

Субјект

Др. I, 57 години, доктор по професија. Дијагностицирана со рак на дојка и започнала со хемотерапија на 18 април, 2001. Таа прими 12 хемотерапии од јули до септември во 2001. Хемотерапијата се повтори од декември 2001 до 7 февруари, 2002 со пулмонарни метастази.

Начин на суплементација

Во јануари 2002, се почна со суплементација со не-фракционализиран Coriolus versicolor за подобрување на имунитетот. Пациентот I почна со 4,5гр. дневно не-екстрахиран Coriolus versicolor во период од 30 денови, потоа по 3гр. дневно за период од 20 денови и по 4,5гр. дневно за период од 30 денови.

Пациент Др. I

Датуми на тест

1 јан, 2002

1 март, 2002

4 април, 2002

Период на суплем.

Нулти ден

По 50 дена

По 90 дена

Вкупно лекоцити

( x 10^6/ml)

1.63 4.07 6.39

% Linf

58,5% (950/ul)

18,4% (748/ul)

17% (1086/ul)

% linf CD3-CD56

9% (85/ul)

17,3% (129/ul)

12% (130/ul)

Сооднос на NК-клетки (зрели)/

NК клетки ++ (незрели)

92.4% / 7.6% 90.8% / 9.2% 59% / 11%

Доза на Coriolus versicolor

9 таб./дневно

6 таб./дневно

9 таб./дневно

Хемоглобин

    13.6

Хематокрит

    39%

Опсервации:

По 50-дневна суплементација со Кориолус, пациентот I се чувствуваше подобро, а и физички подобро изгледаше. По 90 дена од суплементацијата со Кориолус, пациентот I беше среќен со прогресот и престана со суплементација со железо за време на хемотерапиите.

ЗАКЛУЧОК

Ова е еден случај, но постојат докази кои поттикнуваат љубопитност и понатамошно клиничко испитување од типот open label за да се потврди функцијата на поткрепа на имунитетот од Coriolus versicolor кај пациенти дијагностицирани со рак на дојка. Во идните студии, се предлага суплементацијата со Кoриолус да се одржува со доза од 4,5гр. дневно.

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS