Кордицепс - кардиоваскуларни ефекти, хепатопротектор, имуномодулатор, нефропротектор, аритмија, крвоток

Кордицепс - кардиоваскуларни ефекти, хепатопротектор, имуномодулатор, нефропротектор, аритмија, крвоток

извадок од "Источни лекови од агол на современиот лекар", О. Б. Триљ (2006)

Историјат и традиционална примена

Пред 1500 години, на стариот Тибет е откриена извонредна по своите карактеристики, лековита печурка, Кордицепс. Според легендите, еден овчар забележал дека животните се поразиграни по пасењето. На тие места, во изобилство растела редок вид на печурка, поради што се заинтересирале и царските лекари. Бидејќи ги испитале нејзините корисни својства, тие почнале да ја користат за лечење на царското семејство и постигнувале извонредни резултати при лечење на:

-       обновување на животната енергија и зајакнување на здравјето

-       подмладување, закрепнувачко дејство и стопирање на стареењето

-       засилување на полната моќ, ерекцијата и поттикнување на сексуална желба (афродизијак) кај мажите и жените, лечење на импотенција и стерилитет

-       подобрување на работата на мозокот (мислење, памтење, расположение) и на работната способност

-       благо смирувачко дејство и нормализација на сонот

-       зајакнување на имунитетот, борба со инфекции и рак

-       обновување на пореметени функции на внатрешните органи:

o   бубрези (дури и при хронична бубрежна инсуфициенција)

o   бели дробови (особено за бронхијална астма и хроничен бронхитис)

o   срце (аритмија, исхемични срцеви болести, срцева инсуфициенција)

o   црн дроб (хроничен хепатит и цироза)

o   систем за создавање крв (заштита и активирање на кичмената срж, слезината, циркулаторните клетки)

-       превентива и лечење на дијабет, атеросклероза

-       спречување и лечење на автоимуни болести

-       зголемување на издржливоста и отпорноста на штетните влијанија од животната средина

-       совладување на наркотична зависност и предозирање со наркотички средства

-       брзо повраќање на силата по тешки болести и како еликсир за силата и енергијата кај повозрасни лица.

Овие својства се толку разновидни и повеќеструки што се чинат нереални, исто како и старата кинеска легенда.

Повторно откривање на Кордицепс

Спортската сензација од 1993 година помогна за воскреснувањето на легендите за Кордицепс. Тогаш, женската кинеска репрезентација на лесна атлетика ги освои сите златни медали на светкиот шампионат за Outdoor Track and Field во Германија, во трка на 10.000 метри, соборувајќи 9 светски рекорди, а во 1994 година на Светскиот шампионат во Рим, уште 5 светски рекорди. Рекордот на 10.000 метри беше соборен за 42 секунди, а „недостижниот” рекорд на 3.000 метри, за цели 10 секунди. Тајната лежеше во исхраната збогатена со печурката Кордицепс, со што се зголеми издржливоста и енергетските резерви на спортистките.

Оттогаш, научниците посветија интензивно внимание на ова закрепнувачко средство, а сериозните спортисти со задоволство почнаа да го употребуваат овој производ, бидејќи не предизвикува здравствени проблеми како употребата на синтетичките стероиди-анаболици, туку напротив, го обновува. Анаболичните хормони се забранети во спортот бидејќи по привременото подобрување на физичките можности доаѓа до тешки оштетувања на црниот дроб и на другите внатрешни органи.

Активни материи

Во составот на печурката истражувачите открија полисахариди со изразени својства, аденозин, стероли, д-манитол (до 7% од тежината), микроелементи, витамини, што во комплексот ги активираат системите што обезбедуваат живот на организмот.

Во производите од мицелиум на Кордицепс, белковините се околу 35%. Важните незаменливи аминокиселини во составот на овие белковини (тирозин и глутамин) имаат седативно и регулаторно дејство на мозокот на човекот. Мастите се околу 12% и вклучуваат ергостерол и други стероли што ја активираат хормонската размена во организмот, помагаат да се издржат стресни оптоварувања и ја засилуваат сексуалната желба кај мажите и кај жените. Јаглехидратите се 43% сува тежина на печурката, претставени од д-манитол и полисахариди, што силно влијаат врз имунитетот, метаболизмот, а претставуваат и природен заштитник од стрес и анти-канцерогени материи.

Тие јагленохидратни компоненти на Кордицепс (од неговиот мицелиум, култура Cs-4, што добро се продава во САД) се екстрахирани, пречистени и активно се проучуваат:

-       полисахарид F30 со хиполипидемиски и хипогликемиски својства

-       полисахарид Cs-81002 со имуностимулативни својства

-       полисахарид 1 – радиопротектор и онкопротектор

-       средна фракција на полисахариди со анти-леукемиски својства.

Од големо значење се компонентите нуклеозиди на Кордицепс и не само затоа што ја зајакнуваат регенерацијата на клетките (се наоѓаат во составот на ДНК и РНК), туку високата концентрација на аденозин го прави Кордицепсот силен релаксатор на крвните садови. Затоа одамна го користеле при слаб доток на крв во срцето, мозокот, долните екстремитети. Во врска со ова, неодамна научниците го објаснија влијанието на аденозинот при создавање на тромбови. Ова откритие го прави Кордицепсот безопасен алтернативен аспирин, за смалување на ризикот од инфаркт и инсулт кај заболените со кардиоваскуларна патологија.

Кордицепс содржи бројни компоненти со својства на биолошки активни супстанци: бројни полиамини, витамини (Б1, Б2, Б12, Е, К), незаситена масна киселина, минерали (макро- и микроелементи) и др.

Медицинска примена на Кордицепс

Закрепнувачки кардиоваскуларни ефекти

Уште во кинексите ракописи е пишувано за предностите на Кордицепс пред Жен-Шенот заради неговото закрепнувачко дејство. Одличниот пример со атлетичарките покажа зголемена издржливост, снага и ефикасност на енергетската размена. Во експериментите е утврдено активирање на синтаза на аденозин трифосфат (АТП) во клетките на мускулите и на црниот дроб, зголемување на ефикасноста на користење на кислородот, подобрување на циркулацијата, доток на кислород и хранливи материи во ткивата. Аденозинот е одговорен за многу ефекти на Кордицепс. Оваа состојка одамна е позната како регулатор на тонусот на крвните садови, глатката мускулатура, растот на нервните клетки. Навистина, при употреба на Кордицепс се зголемува дотокот на крв низ коронарните крвни садови до срцето (со што се смалува ризикот да се развие исхемична болест на срцето и акутен инфаркт), низ крвните аадови на мозокот (подобрување на помнењето, размислувањето, го смалува ризикот од исхемичен инсулт), низ периферните крвни садови (лечење на атеросклероза, васкулитис, дијабетски компликации). Во експеримети со животни, со сигурност е потврдена дилатација (слабост) на аортата и на феморалните артерии со примена на екстракт од Кордицепс – тука лежи потенцијалот за лечење на исхемија на екстремитетите што денес претставува основна причина на инвалидитет кај мажите (голем број ампутации). Малкумина се оние кои не знаат за непријатното чувство од ладни нозе и раце. Некои, ова постојано го чувствуваат, а со текот на годините, им станува карактеристика. Лекарите не обраќаат внимание на ваквите „вообичаени” поплаки, а на младите пациенти не можат да им помогнат. Токму во овие ситуации на Исток се зема Кордицепс.

Релаксацијата на аортата in vitro ја следење Tsunoo 1995год, додека Feng (1987) докажа значително смалување на крвниот притисок кај екстремитети на куче – дури до 45%.

Овој научник особено се заинтересира за резултатите од експериментите за смалување на резистентноста на коронарните крвни садови за 49% и притисокот на нивниот отвор за 116% по интравенско администрирање на екстракт од мицелиум на Кордицепс, што доведе со зајакнување на крвотокот во тие крвни садови за 35% во минута (максимално зголемување – за 100%). Резистентноста на церебралните крвни садови во целина се намали за 75% (Feng et al. 1987).

Лекарите знаат дека пореметувањето на микроциркулацијата е поврзано со слаба работа на срцето и со зголемено задебелување на крвта во крвните садови. Користејќи повеќе здрава логика отколку научен пристап, лекарите интуитивно препишуваа раствор ATP при срцева инсуфициенција (краткотрајното постигнато дејство се објаснуваше со брзиот распад на молекулот ATP – за десет секунди, а самиот ефект – со постоењето на аденозин во составот на ATP).

Chen во 1995год. Го испитуваше екстрактот од Кордицепс кај 34 лива со хронична срцева инсуфициенција, споредувајќи, со помош на ехо-кардиографија, го нивниот капацитет на срцето во минута со контролна група (30 пциенти третирани со нормално лечење). Резултатот беше дека капациетот на срцето во минута кај лицата кои примаа Кордицепс се зголеми за 60%, додека во контролната група, само за 25%.

Екстрактот од Кордицепс има предност и во однос на современите анти-агреганти, што се сметаат за перспективни и патогенетски условени средства за лечење на „убиецот бр. 1” – исхемични болести на срцето (ИБС).

Во 1996год., Che и Lin спроведоа дво-месечно контролирано клиничко истражување со 20 пациенти со ИБС, споредувајќи го дејството од екстракт на Кордицепс (3гр дневно) и Персантин (дипиридамол, 150 мг/ден, од Boehringer Ingelheim, Германија).  Покрај значителното смалување на вкупниот холестерол, триглицеридите и ЛПНГ, кај 87-90% од пациентите со препишан Кордицепс е приметено клиничко подобрување – намалува ње на градна болка и на аритмијата. Кај поголем дел од пациентите (65%) подобрувањето е евидентирано на ЕКГ (кај контролната група, кај 55%). Покрај тоа, намалена е вискозноста на крвта и нивото на фибриноген, со што се намали и ризикот од миокарден инфаркт. Ова е особено важно,  и затоа ќе спонемене уштре 3 студии за директното влијание на Кордицепс врз згрутчувањето на крвта и заштитата на миокардот од исхемија. Lou (1986год.) утврдил ослабување на агреагцијата на тромбоцити на колагенот и ADF (аденозиндифосфат) со додавање на екстракт од Кордицепс.

Zhao (1991год.) докажал смалување на агреагцијата на тромбоцитите за 57-71% на оголен ѕид на аортата кај глувци при интравенско вбризгување на екстракт од Кордицепс.

Ферментиран екстракт од Кордицепс покажа заштитен ефект кај исхемија на миокард предизвиан од интравенски питуитрин, тироксин и норадреналин. На ЕКГ беше забележено значително смалување на промената на Q-запците, кои беа пониско од подигањето на Т-запците и сегментот S-Т (Lou, 1986).

На тој начин, според инструменталните податоци, Кордицепс може да го штити срцето од акутен миокарден инфаркт предизвикан од стрес.

Ова се потврдува и со истражувањето на Zhu, објавено во 1986 год., каде е утврдено значително намалување на потребата ан миокардот за кислород под дејство на Кордицепс и негово општо анти-исхемиско дејство.

Хепатопротектор

Подобрувањето на енергетските резерви во црниот дроб делумно се објаснува со зајакнувањето на крвотокот, што е од особено значење кај хроничен хепатит и последиците од него – цироза на црниот дроб. Токму пореметувањата на мрежата на крвните садови во црниот дроб предизвикува формирање на ткиво со лузни во цирозни чворови.

Друга важна компонента на дејството на Кордицепс е нормализацијата на функцијата на црниот дроб кај таква тешка патологија како што е хроничниот вирусен хепатит.

Во истражување со 33 пациенти (кај 8 од нив е утврдена цироза на црниот дроб) по 3-месечно лекување со Кордицепс, констатирано е следново:

·      докажана е регенерација на белковините што имаат функција на синтетизирање (зголемување на албуминот за 20% и намалување на гама-глобулинот за 29%, а кај третина од пациентите нормализиран е тимолошкиот примерок)

·      вратена е во нормала активноста на ферментите во црниот дроб – трансминазите, што се зголемуваат при оштетување на клетките на црниот дроб инфицирани со вирусот (Zhou et al., 1990).

Во друго отворено клиничко истражување учествуваа 70 пациенти со дијагноза цироза на црн дроб по хроничен хепатит Б. Кај 68% од пациентите имаше подобрување на тимолошкиот примерок, глобу-линскиот/албуминскиот коефициент и на нивото на серумски глутамат-пуриват-трансаминази (Yang, 1994).

Одамна познатото закренувачко влијание на Кордицепс конечно можеше да се објасни од био-хемиска гледна точка, по проучувањето на влијанието на Кордицепс врз состојбата на клетките во црниот дроб. Се покажа дека внатре ќелиските резерви ATP во хепатоцитите значително го над-минуваат неорганскиот фосфат по 3 недели администрирање на Корди-цепс. Благодарение на тоа, се зголеми енергетскиот потенцијал на клетките, отпорноста на стресови, издржливоста и способноста за работа. При тоа, не беа откриени никакви показатели на ацидоза во клетките, воспаление, масна дегенерација, фиброза или некроза на клетките на црниот дроб (Manabe, 1996). Токму заради овие својства илјадници спортисти веруваат дека треба да го користат безопасниот „допинг”, Кордицепс.

Без влијание врз вирусот и коригирање на имунитетот не може да се постигне успех во лечење на вирусен хепатит Б.

Антимикробни својства

Полисахаридите на Кордицепс ги активираат макрофагите, зголемувајќи ја нивната активност, синтеза, ИЛ-1, ФНТ (фактор на некроза на туморот) и гама интерферонот. Овие сигнални молекули го зголемуваат бројот на лимфоцити во крвта, нивното дејство, ги стимулираат НК-клетките (природните убијци) кои сами ги уништуваат инфицираните и туморските клетки. Интересно е што во таа ситуација не се забележува „војна” на имунитетските клетки против сопствениот црн дроб, инфициран со вирус на хепатит Б. Научниците тоа не го објаснуваат со непросмислено стимулативно дејство, туку пред сé со модулирано влијание на Кордицепс врз имунитетот. Таму каде што е потребно активирање (уништување на вирусот) се стимулираат одредени делови, а таму каде е потребно да се ограничи уништувањето на сопствените клетки, се вклучуваат одбранбените механизми.

Во книгата „Кордицепс. Кинекска лековита габа” (Georges Halpern, MD, Ph.D. in China’s Healing Mushroom” 1999, Avery Publishing Group, New York) наброени се бројни имуностимулативни карактеристики на ова средство: зголемување на бројот на леукоцити, Тх клетки, НК-клетки, макрофаги, што се манифестира со зголемување на имунитетот на клетките против инфекции, особено вирусните и гљивичните (уште во 1977 год. во списанието „Архива на биологијата” е објавена статија за анти-гљивичен антибиотик офиокордин, добиен од Кордицепс (Kneifel H., Arch Microbiol 1977 May 13;113(1-2):121-30). Денес се прават испитувања на соеди-нението кордицепсин-холестерол, што 1000 пати повеќе од самиот Кордицепс ја намалува способноста на вирусот ХИВ да формира синцити меѓу бројните (до 500 клетки) Тх клетки во организмот на човекот. Тие структури делумно го неутрализираат највредното, регулаторните клетки на имунитетот, што предизвикува хаос, неконтролирано дејство и губење на имунитеот – СИДА

(http:\www.planetherbs.com/discus/messages/59/274.html).

Во 2001 се појавија две информации дека се откриени aнти-малариски супстанци во Кордицепс. Издвоените биоксантрецени и кордипиридони не поседуваа само анти-малариски, туку и цитотоксични својства, што секако е од значење при примена на Кордицепс против тумори (Jaturapat A., 2001, Isaka M., 2001).

Заштитник на системот за крвоток и за создавање на крв

Успорувачкото влијание на Кордицепс врз развојот на малигни заболувања на крвта (леукемија), заштитното дејство на здравите клетки на крвта, зајакнување на борбата на имунитетот со болеста, внимателно се испитувани и детаљно се проверени во испитувања со глувци. При лечење на болест на крв, важно е да се зачува виталноста и да се засили размножувањето на камбиумските клетки од црвената коскена срж (medulla osium rubra) за максимално уништување на малигните клетки, што исто така таму се наоѓаат. Сите познати хемо-препарати досега, ги уништуваат и двата вида клетки, само со различна јачина. Се испостави дека Кордицепс ги стимулира еритроидните и фибробластните клици во црвената коскена срж, ги штити природните убијци (а токму тие ги уништуваат малигните клетки во крвта) од хемо-препаратот циклофосфамид, а дејството на макрофагите се зголемува за 4 пати при хемотерапија во споредба со контролна група (без Кордицепс) (Yamaguchi, 1990).

При исхрана на глувци со Кордицепс во период од една недела, истражувачи од Кореја забележале стимулација на клетките од црвената коскена срж за 1,9 пати и зголемување на факторот на раст на гранулоцити и моноцити за 1,8 пати, а исто така и ИЛ-6 за 2,2 пати во лимфниот систем на цревата и во лимфните чворови (Koh JH., 2002).

На тој начин, со примена на Кордицепс се постигнува скоро двојно создавање на нормални црвени крвни клетки во црвената коскена срж и во лимфните чворчиња на цревата. Како функционираат овие клетки во ткивата при користење на Кордицепс? Јапонските научници, во црн дроб на стаорци, по 25-дневна исхрана со оваа габа утврдиле значително активирање на макрофагите – Купферови клетки, кои имаат способност да ги задржат имуниот комплекс и метастазите на туморот од крвта (Nakamura K., 1999).

Имуномодулатор

Научници од Шангај уште во 1992 година го следеле „интелигентното” влијание на Кордицепс врз имунитетот. Тие применија мицелиум од Кордицепс кај 65 пациенти со цироза на црн дроб по хепатит Б и забележале намалување на уништувачкото дејство и прекумерна стимулација на хуморалниот имунитет (се намали бројот на Т8, нивоата на Ig, G, А и CIC), до нормала се регенерираше нивото на комплементите – комплекс од 18 заштитни белковини во крвта што учествуваат при заштита од микроби, алергиски реакции, воспаленија. Тие се трошат кај хроничното вирусно воспаление на црниот дроб или циркулираат во крвта во состав на CIC – во комплексот вирус-антитело-комплемент (Zhong, 1992).

Благодарение на модулацијата на имунитетската реакција, Кордицепс се користи активно при имуно оштетување на бубрегот. Болеста што тешко се лечи, СЦЛ (системски црвен лупус) се манифестира не само со оштетување на кожата, срцето, белите дробови, туку и на бубрегот – имунитетските комплекси (CIC) кои носат антитела во сопствената ДНК се таложат на крвните садови на бубрежните гломерули и го пореметуваат филтрирањето. Бубрежните гломерули, блокирани со големи белковински молекули се уништуваат, во капсулите на гломерулите се зголемуваат имунитетските комплекси, осетливите мезангијални клетки се обидуваат да ги проголтаат – се размножуваат и склеротизираат и така ја комплетираат сликата на тежок лупус нефритис – збуфнат бубрег. Досега, традиционалната западна медицина можеше да помогне само со парализа на имунитетот со помош на хормонски средства, заради стопирање на синтезата на антитела кон сопствената ДНК. Од кинеската медицина, се појави Кордицепс којшто по пат на имуномодулација ги уништува автоимуните процеси и пролиферација на мезангијалните клетки, со што се штитат бубрежните филтри.

Намалувањето на авто-антитела во ДНК е забележано во 3 експери-ментални испитувања на животни (Chen JR. 1993; Fu T., 2001; Zhao-Long W., 2000) и на култури на бубрежни клетки од човек (Yang Ly, 1999). Покрај намалувањето на автоимуното оштетување на ткивото, докажано е подобрување на функцијата на бубрегот (намалување на губитокот на белковини преку урината) преку ефектот што дава шанса на многу лица оболени од колагеноза: мезангијалните клетки под дејство на Кордицепс престанаа да се размножуваат, оставајќи ја слободна капсулата на гломерулите за процесот на филтрирање. Дотогаш, овие пациенти умираа од бубрежна инсуфициенција или бараа спас во пресадување на бубрегот. Сепак, додека во организмот се води погубна битка против сопствените ткива, сеуште никој не помислува на пресадување туѓ орган. Ако Кордицепс го гуши автоимуниот процес, ја модулира имунитетската реакција, како би влијаел врз трансплантиран бубрег, бидејќи по правило, реципиентите на бубрег примаат лекови до крај на животот, што пак го слабеат имунитетот? Научниците многу се воодушевија кога утврдија дека липидната компонента на Кордицепс (деривати на ергол) го инхибираа дејството на НК-клетките и создавањето на ФНТ (фактор на некроза на тумор), со што значително се продолжува животот на трансплантантите (Qu, 1996), дури и поефикасно од стандардните средства – кортико-стероидни хормони и циклоспорин. Притоа, не се забележани никакви инфекциски компликации, што често се случуваат по земање на овие два производа. Не се забележани никакви органски оштетувања на тимусот, бубрегот и на слезината (Zhang, 1990).

Нефропротектор

Кордицепс одамна се сметал за нефропротектор – средство кое ги штити и регенерира бубрезите, а што до ден денес не е пронајдено во западната медицина. Кај пациентите со бубрежна инсуфициенција кои земале Кордицепс е  утврдено нагло подобрување на функцијата на бубрегот (се намалуваат азотот и креатининот во крвта, се зголемува хемоглобинот) и општата состојба (се намалуваат отоците и зголемениот артериски притисок). Научниците потврдија дека Кордицепс ја зајакна синтазата на ДНК во клетките на бубрежните канали, стимулирајќи нивна регенерација, што се манифестирало со намалување на губитокот на белковини преку урината. Кордицепс ги штити бубрезите од акутна некроза на каналите, зголемувајќи ја отпорноста на хипоксија (бубрежните артерии прават спазам при стрес, со што се намалува дотокот на кислород во бубрезите, при долготраен стрес повреда и крварење, бубрежните канали може да се умртват – еден од механизмите на акутна бубрежна инсуфициенција).

Степенот на тежина на многу колагенози се утврдува токму според оштетувањето на бубрегот. За некои автоимуни процеси, реакцијата на бубрегот е единствена. Така, Бергеровата нефропатија се карактеризира со таложење на имуни депозити што се состојат од антитела од класата Ig А во бубрежните гломерули. До ден денес не е проучено нејзиното лечење. Во испитувањата за влијанието на Кордицепс, утврдена е неговата заштитна улога за бубрезите кај оваа болест (Lin, 1996).

Кинезите одамна користат Кордицепс кај тешки бубрежни заболувања: хроничен нефрит, бубрежна дисфункција и инсуфициенција, хроничен пиелонефрит и нефритски синдром. Современата медицина базирана на докази уверува на целисходноста на таквото лечење. Cheng (1992) на пример со стаорци со ХБИ (хронична бубрежна инсуфициенција) по 4-месечна исхрана со Кордицепс утврдил значително намалување на смртноста кај лабораториските животни, поврзувајќи го тоа со подобрување на бубрежните показатели (намалување на остатокот азот во крв за 25%, креатининот за 56%, зголемување на нивото на хемоглобин за 13%). Напоредно со тоа, се подобрија и индикаторите за имунитет на клетките (ниво на трансформација на лимфоцитите во слезината, зголемување на ИЛ-2 за 78% и експресија на неговите рецептори на лимфоцитите за 21%). Уште пред тоа (Chen, 1986), кај 30 пациенти се добиени позитивни резултати за ХБИ и користење на Кордицепс во доза од 6 гр. дневно во период од еден месец, а потоа Jiang и Gao (1995) ги потврдија не само позитивните промени од лабораториските показатели (намалување на протеинурија, зголемување на дејството на СОД (супероксидна дисмутаза)), туку и клиничко подобрување – намалување на артерискиот притисок за 15%, што претставува интегрален клинички показател за состојбата на бубрегот. Guan (1992) и Chen (1984) тесно го поврзуваа подобрувањето на бубрежната функција со позитивното влијание на Кордицепс врз субпопулацијата на Т-лимфоцитите. Ова својство на Кордицепс има несогледиво значење за реципиентот на бубрегот, што мора да примаат хемопрепарати-имунодепресиви до крајот на животот. А што треба да се преземе кога овие препарати предиз-викуваат токсична реакција? Кај 7 пациенти по трансплантација на бубрег, се појави леукопенија по примање на азатиоприн, поради што тој препарат се замени со преднизол со циклоспорин и истовремено е препишан мицелиум од Кордицепс. Бројот на леукоцити брзо се обнови кај тие пациенти (Sу, 1994). Циклоспоринот е еден од најдобрите имунодепресиви што се прима по трансплантација на бубрег, но и тој може да го оштети бубрежното ткиво. Логично беше да се проучи можноста неговата примена истовремено со нефропротектор. Во плацебо-контролирана студија учествуваа 69 реципиенти на бубрег кои примаа циклоспорин во доза од 5 мгр/кг/ден. Три месеци по операцијата им беше препишан екстракт од Кордицепс во доза од 3 гр/ден во период од 15 дена (Џу, 1995), а по тој период се покажа дека сите бубрежни показатели (резудиален азот, креатинин, N-ацетил-глукоза-аминидаза) во групата што примаше Корди-цепс, значително беа подобрени за разлика од контролната група. Тоа потврди дека Кордицепс ги штити бубрезите од штетното влијание на циклоспорин и го чува неговото имуно-корективно дејство кај реципиентите на бубрег.

Симулирано оштетување на бубрегот со циклоспорин (30мг/кг) во период од 30 денови) кај стаорци, можеше да се нивелира (значително да се намали) со додавање на природен Кордицепс (0.5гр/кг во период од 8-10 недели). Тоа се манифестираше со намалување на нивото на резидуален азот за 19-39%, редукција на сликата на хроничен нефрит (со намалување на интерстицијалниот оток, крварење, фиброза, денатурација и некроза на каналите според резултати од патохистолошки испитувања) (Zhao и Li, 1993). Овие експериментални податоци во потполност се поклопуваа со клиничките резултати кај 30 реципиенти на бубрег кои земаа цикло-спорин во доза од 5мг/кг/ден. Ако се додаде Кордицепс, доаѓа до подобрување на функцијата на бубрегот во однос на примање само на циклоспорин (Џу, 1995).

Најдемонстративни и уверливи беа испитувањата за оштетени амино-гликозини,  коишто потврдија дека Кордицепс со право го носи почесното име нефропротектор. На сите лекари им е позната токсичноста на антибиотиците од тој вид за бубрезите (гентамицин, канамицин, стрептомицин, амикацин), а сепак мора да се примаат кај некои заболувања (туберколоза, белодробна и цревна инфекција) и да се контролира штетата што притоа се нанесува на бубрезите. Истовремено користење на Кордицепс, скоро во потполност ги заштити бубрезите од токсичното дејство на тие антибиотици. Притоа, утврдено е дека Кордицепс го штити основниот механизам на пумпата што го одржува јонскиот потенцијал на клетките во бубрезите – Na-K-ATP-аза. Познато е дека пореметувањето на целовитоста на ѕидот на клетката доведува до изедначување на концентрацијата на јоните Na и K внатре во клeтката и надвор, што доведува до нејзино уништување.

Во истражувања со стаорци, утврдено е дека гентамицинот токсично делува врз клетките на каналот, кои во организмот ги задржуваат корисните супстанци. Штетното влијание на тие клетки се проценува според нивото на Na во урината што не можело да се апсорбира и со ферментот NAG (N-ацетил-глукоза-аминидаза) што доспева во урината при уништување на клетките на каналот. Со користење на Кордицепс, нивото на NAG во урината значително се намали во однос на контролната група – за 61%, а Na, за 2,7% (!) (Zheng, 1994)). Не само што Кордицепс спречуваше уништувaње на бубрежните клетки, туку и ја зголеми нивната регене-рација (според податоците на микроскопските истражувања) и пролифе-рација (по зголемување на радиоактивниот маркер). Со исхрана на стаорци со Кордицепс (во доза од 1гр./ден во период од 7 денови) забележано е значително послабо оштетувачко дејство на гентамицинот (подобри биохемиски и хистолошки податоци, скоро двојна активност на Na-K-ATP-аза, што потврдува дека бубрежните клетки работат ефикасно). Слични резултати се добиени со истовремена употреба на Кордицепс и канамицин (Zheng, 1992) и амикацин (Bao et al., 1991). Извонредниот успех на Корди-цепс е споредуван со последните фармаколошки достигнувања (Bi, 1994): 28 пациенти со гентамицинска нефропатија, во период од 6 денови примаа комплекс од лекови: ATP, коензим А, цитохром C, а други 29 пациенти со истата патологија, примаа Кордицепс (во доза од 4.5гр/ден во период од 6 денови). Оние што примаа Кордицепс, често покажуваа клиничко подо-брување (89% наспроти 45%). На таа група и беше потребно значително помалку време за нормализирање на резултатите од анализата на урината (во просек 3,8 денови) отколку на групата третирана со лекови (во просек 6.9 денови).

Кордицепс против аритмија

Стабилизацијата на клетките, нивните јонски пумпи ја објаснуваат ефикасноста на Кордицепс при аритмија – хаотични нарушувања на регуларноста на срцевите контракции. Ќе го додадеме познатото дејство на аденозинот, што го смалува лачењето на медијаторите (сигналните супстанци) преку рецепторите, што доведува до опуштање на рамните мускулни ѕидови на артериите и на дишните патишта, зголемувајќи го дотокот на кислород.

Прилично голема ефикасност во лечењето на аритмијата со Кордицепс (во дијапазон од 75% до 88%), (Tang и Jiang, 1994; Li, 1985; Liu, 1990; Xu и Zheng, 1994; Yan, 1992) предизвика сомнеж кај некои научници и оттука беше потребно да се спроведат клинички испитувања. Во една клиничка студија од отворен тип во 1994 година се испитуваа 38 пациенти од постара возраст со аритмија настаната од различни срцеви заболувања (Tang и Jiang, 1994) и кои не можеа да се лечат. По 3-месечно конзумирање Кордицепс (по 3гр. на ден) се оценуваше процентот на ефикасност на лечењето со помош на ЕКГ: кај супервентрикуларната аритмија, постигнат е успех во лечењето кај 83% од пациентите (од 24 пациенти), кај вентрикуларната аритмија – успех кај 80% (од 10 пациенти), со потполна блокада на десната гранка на Хисов сноп – кај 75% (од 4 заболени). Така, општиот показател на ефикасноста изнесуваше 81.6% (кај 31 од 34 пациенти е постигнато целосно или делумно обновување на нормална слика на ЕКГ). Важен резултат од студијата е констатацијата дека Кордицепс не беше ефикасен само кај тахиаритмија, туку и кај брадиаритмија (успорен ритам и паѓање од сите електрични циклуси на срцето). Интензитетот на лековитото влијание директно зависеше од должината на конзумирање на Кордицепс.

За да се елиминра неточност и субјективна оценка од резултатите на истражувањето, спроведено е наизменично двојно слепо плацебо контролирано истражување, според современите научни принципи, со учество на 20 пациенти со предвремени контракции на преткоморите и коморите (Xu и Zheng, 1994). Кај патологијата на преткоморите (во доза од 3гр. на ден во период од 8 недели), Кордицепс покажа ефикасност кај 82.4% од пациентите, а кај коморите, кај 84.6%, додека ефектот од традиционалното лечење изнесуваше 22.2% и 10%, респективно.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо