Cordyceps sinensis за стеатоза на црн дроб-II индуцирана од алкохол

Cordyceps sinensis за стеатоза на црн дроб-II индуцирана од алкохол

Автори: Dr. Celia Santos, Centro Regional de Alcoologia de Lisboa (CRAL), Hospital de Julio de Matos, Avenida do Brasil 53 , Lisbon, Portugal 1749-002. Fax: 351-21-555-124.

Mycology News, Vol. 1, Edition 9, Sept 2004

Суплементација со Cordyceps sinensis како имунонутритивност за стеатоза на црн дроб-II индуцирана од алкохол

Вовед:

Имуната дерегулација е компонента на патогенезата на заболување на црниот дроб. Обратно, лековите кои влијаат врз имунитетот може да се корисни за третирање на овие болести. Но, во отсуство на ефективни и евтини лекови, постои збир на приоди базирани на нутритивни состојки што се користи за подобрување на имунитетот кај пациенти со заболување на црниот дроб.

На пример, кај заболувања на црниот дроб индуцирани од алкохол, постои преголемо создавање на про-инфламаторни цитокини како TNF од моноцитите на периферната крв и резидентни хепатални Kupffer клетки.

Диететската суплементација со полиамини или со С-аденосилметионин (SAMе), се нарекува ,,имунонутритивност” која ја подобрува цревната или системската одбрана од инфекции и повреди. Пациенти со заболувања на црниот дроб индуцирани од алкохол го намалија нивоата на SAMе, кои може да ги доведат до митохондриско глутатинско намалување и дисфункција. Интравенозното администрирање на SAMе на поединци со болести на црниот дроб индуцирани од алкохол го подобри чистењето на метионин и функцијата на црниот дроб кај 4 пациенти до денес.

Хранливите состојки на печурките во форма на суплементација со Cordyceps sinensis сѐ повеќе се здобива со основа како имунонутритивност за пациенти со стеатоза на црниот дроб индуцирана од алкохол, а овој труд прикажува информации за суплементација со Cordyceps sinensis кај 14 пациенти со стеатоза на црниот дроб индуцирана од алкохол.

За стеатоза на црниот дроб индуцирана од алкохол:

Стеатозата на црниот дроб индуцирана од алкохол е повеќе макроваскуларна стеатоза отколку микроваскуларна стеатоза (т.е. Reye´s Syndrome). Еднакво важно како и хепатоцитната повреда од подолга употреба на алкохол е неверојатната склоност за создавање колаген, што го има кај болести на црниот дроб од алкохол. Важен дел од сегашното истражување е трансформацијата на парасинусиодни Ito клетки кои складираат масти во миофибробласти со хронична изложеност на алкохол.

Во 1985, Tsukamoto et al напишаa за модел на стаорец со инфузија на интра-гастритичен етанол што може да создаде хепатоцитна некроза, воспаление и фиброза, покрај стеатоза.

Кај најакутните хепато-целуларни нарушувања, нивото на аланин аминотрансфераза (ALT) или серумска глутаминска пирувинска трансаминаза (SGOPT) е повисоко од или еднакво на аспартат аминотрансфераза (AST) или серумска глутамна оксалоацетна трансаминаза (SGOT). Гама глутамил транспептидите може да се диспропорционално покачени кај серумите на пациентите кои злоупотребуваат алкохол, дури и во отсуство на очигледна повреда на клетките на црниот дроб.

Присуството на диспропорционално покачен серумски гама глутамил транспетидаза (GGPT) и сооднос на AST/ALT поголем од 2:1 треба да го алармира лекарот за можност од алкохолно заболување на црниот дроб. Пациенти со алкохолно-масен црн дроб имаат нормални хепатални тестови освен за благи транзиентни зголемувања на серумската аспартат трансаминаза (AST) и гама глутамил транспептидаза (GGPT). Соодносот на серумското митохондриско AST спрема вкупниот AST често е абнормално зголемeн. Може да се присутни зголемени серумски урати, лактати или триглицериди како наводи за алкохолни причини за зголемување на црниот дроб.

За Cordyceps sinensis:

Фармаколошки активните состојки на Cordyceps sinensis сеуште не се откриени. Кордицепин и кордицепинската киселина се предложени како важни активни состојки (Pegler et al, 1994; Zhu et al, 1998) и сега се смета дека кордицепинската киселина е всушност d-манитол и дека кордицепинот е 3’-деоксиаденозин (Zhu et al, 1998a).

Меѓутоа, се чини неверојатно дека една или двете од овие едноставни состојки може да се одговорни за разновидните и комплексни покажани физиолошки дејства на Cordyceps sinensis. Kiho et al 1986, 1993, 1996, 1999 спроведоа серија експерименти во кои екстрахираа неколку полисахариди од Cordyceps sinensis кои пак покажаа хипогликемични ефекти кај нормални и глувци со дијабет.

Во 2003, според студии на стаорци, истрaжувачите на Универзитетот на медицински науки Chongqing заклучија дека Cordyceps sinensis може да спречи хепатална фиброгенеза од хронична повреда на црниот дроб, да го ретардира развојот на цирозата и значајно да ја подобри функцијата на црниот дроб. Во 2004, други истражувачи од Универзитетот на медицински науки Chongqing заклучија дека Cordyceps sinensis може да го намали хепатоцитното оштетување од CC14 и да спречи хепатална фиброгенеза.

Безбедност и токсичност на Cordyceps sinensis

Постои многу литература за животни која покажува дека Cordyceps sinensis е многу безбеден производ (Huang et al, 1987; Lin et al, 1999, Wang & Zhao, 1987; Zhu et al, 1998b, Manabe et al, 2000). Има само малку извештаи за несакани реакции на Cordyceps sinensis кај луѓе, а истиот може слободно да се купи како додаток на исхрана.

Препорачаната дневна доза на Cordyceps sinensis за возрасни е најчесто 1 гр, 3 пати дневно (Кинески водич, 2000). Има само 2 извештаи за несакани ефекти на суплементација кај луѓе (Shao et al, 1990; Xu, 1992), и тоа за лошење, сува уста и непријатност во стомакот.

Цел на студијата

Нема познат третман за алкохолен масен црн дроб освен повлекување од алкохол и здрава исхрана. Клучната клиничка цел беше да се процени ефикасноста на не-фракциониран суплемент Cordyceps sinensis (3 грама дневно), во период од 90 дена, за намалување на следните нивоа на ензими на црниот дроб кај 14 пациенти со стеатоза на црниот дроб индуцирана од алкохол во период од 20 и 90 дена.

1) Аспартат Аминотрансфераза (AST) или Серумска глутаминска оксалоацетна трансаминаза (SGOT)

2) Аланин Аминотрансфераза (ALT) или Серумска глутаминска пирувинска трансаминаза (SGPT)

3) Гама глутамил транспетидаза (GGT)

4) Фосфатаза (алкалин) (PA)

Нормалните вредности на овие ензими треба да се:

• AST - 0-35 IU/L

• ALT - 5-35 IU/L

• GGT - многу варијабилни

Дозирање:

Се дозираше со 3 грама Cordyceps sinensis (неекстрахиран) во форма на таблети (500 мг), 3 таблети (1,5 гр.) наутро (30 минути пред појадок) и 3 таблети (1,5 гр.) навечер (30 минути пред вечера).

Суплементацијата траше 90 дена, а се мереа резултати на ден 0, 20 и 90.

Општи забелешки за големината на учесниците во студијата

Од вкупно 14 пациенти, три беа жени (просечна возраст 45 години), а 11 беа мажи (просечна возраст 41 година).

(I) Опсервации на промените на нивоата на Аспарат Аминотрансфераза (AST) или Серумска глутаминска оксалоацетна трансаминаза (SGOT) за 20 и 90 денови

По 20 дена суплементација со Cordyceps sinensis со 3 грама днeвно, просечното намалување на AST (SGOT) беше 43,6%. По 90 дена суплементација, просечното намалување беше 70,8%. Со статистичката анализа ANOVА (анализа на разлики), разликата за AST (SGOT) меѓу групите во периодот од 0-20 дена и 0-90 дена изнесуваше p<0.001.

Користејќи еднонасочна ANOVА за 3 поврзани примероци (нулти ден, 20 и 90 ден) се доби AST (SGOT), ANOV p вредност=0.00023 (Turkey HSD Test за периодот од 0-20 дена, p<0.05, за периодот од 0-90 дена, p<0.01).

(II) Опсервации на промените на нивоата на Аланин Аминотрансфераза (ALT) или Серумска глутаминска пирувинска трансаминаза (SGPT) за 20 и 90 денови

По 20 дена суплементација со Cordyceps sinensis со 3 грама днeвно, просечното намалување на АLТ (SGPT) е 51,6%. По 90 дена суплементација, просечното намалување беше 63.2%.

Користејќи еднонасочна ANOVА за 3 поврзани примероци (нулти ден, 20 и 90 дена) се доби ALT (SGPT), ANOVА p вредност <0.0001 (Turkey HSD Test за периодот од 0-20 дена, p<0.01, за периодот од 0-90 дена, p<0.01).

(III) Опсервации на нивоата на Гама глутамил транспетидаза (GGT) за 20 и 90 денови

По 20 дена суплементација со Cordyceps sinensis со 3 грама днeвно, просечното намалување на GGT изнесуваше 38.3%. По 90 дена суплементација, просечното намалување беше 61,4%.

Користејќи еднонасочна ANOVA за 3 поврзани примероци (нулти ден, 20 и 90 дена) се доби GGT, ANOVA p вредност =0.0018 (Turkey HSD Test за периодот од 0-20 дена, p<0.05, за периодот од 0-90 дена, p<0.01).

(IV) Опсервации на нивоата на Фосфатаза алкалин (PA) за 20 и 90 денови

По 20 дена суплементација со Cordyceps sinensis со 3 грама днeвно, просечното намалување на Фосфатаза алкалин (PA) изнесуваше 17,5%.

По 90 дена суплементација, просечното намалување беше 23,2%. Немаше статистички значителни разлики во нивоата на алкалин фосфатот меѓу групите.

Резултати:

Со суплементација од Cordyceps sinensis по 3 грама дневно, промената на нивоата на ензими на црниот дроб кај 14 пациенти со стеатоза индуцирана од алкохол во период од 20 и 90 денови беше значителна.

Заклучок

Во споредба со нормалната процедура на ,,апстиненција”, суплементацијата со Кордицепс како имунонутриција покажува значително намалување на нивоата на ензими во црниот дрoб во рок од 20 дена, додека со ,,апстиненција”, намалувањето на ензимите во црниот дроб обично се детектира по 45 дена.

Со оглед дека суплементацијата со Cordyceps sinensis чини од 65-70 фунти месечно, дневниот трошок за имунонутриција би бил од 2.17- 2.35 фунти дневно (167-181 МКД).*

Суплементација со Cordyceps sinensis како имунонутритивност кај пациенти со стеатоза на црниот дроб индуцирана од алкохол нуди евтин трошок за клиниките како опција за вакви случаи.

*Според цената на Кордицепс-МРЛ во Македонија, дневниот трошок би изнесувал околу 110 денари.

ЛистаМрежа
Прикажи:
Сортирај по:
Кордицепс-МРЛ
Кордицепс-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фу..
1.820 ден.
без ДДВ: 1.655 ден.
Врз основа на 2 оценки.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо