ТРИТОН - МРЛ

ТРИТОН - МРЛ

1.500 ден.
Производител: Mycology-Research-Laboratories
Шифра на производ: 0006
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Тритон претставува нова комбинација од три печурки: Кордицепс (Cordyceps sinensis), Реиши (Ganoderma lucidum) и Шиитаке (Lentinula edodes), кои, иако многу слични во најширока смисла, имаат посебна своја јачина во контекст на формулата што придонесува за целокупна ефикасност.

Шиитаке, Реиши и Кордицепс не се екстракти туку мицелиум и примордиа (млади плодови) од Lentinula edodes (Шиитаке), Ganoderma lucidum (Реиши) и Cordyceps sinensis (Кордицепс) што се одгледуваaт асептично во биомаса. Потоа, биомасата се прaви во таблети, а секоја содржи по 500мг.  

Присуството на коренот во производот е многу важен, бидејќи тој содржи ензими за детоксикација, за спречување на оксидативниот стрес и на клеточниот развој. (A. Karmali)

Состојки: Lentinula edodes, Ganoderma lucidum, Cordyceps sinensis (биомаса од печуркитe), микрокристалинска целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

Производот не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен,

Погодно за вегетаријанци.

Производот е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.

Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.

Овој производ содржи еднаква третина од трите печурки, Реиши, Кордицепс и Шиитаке. Познато е дека кинеската традиционална медицина користи комбинации од лековитите својства на тревките. Оваа комбинација дава посебна јачина од секоја печурка што помага за целокупна ефикасност.

*Според традиционална кинеска медицина:

Кордицепс ја зајакнува виталната енергија и крвотокот на белите дробови и бубрезите. Тој е Yin и Yang што со себе носи важен атрибут на хранење на есенцијата.

Реиши влегува преку стомакот, сплината, белите дробови и срцето, тоник e за Qi, ја храни крвта и го смирува духот. За разлика од Кордицепс, Реиши се однесува само на After Heaven Qi и на одреден начин може да се смета како единствена тревка еквивалентна на класичната формула Gui Pi Tang, со дополнително својство да е тоник за Wei-Qi.

Шиитаке ги засилува својствата на тонификација на Qi и крвта, но помага за регулација на влажноста, што често е придружена со ослабени Qi и крвта.

Поради овие својста, Тритон-МРЛ претставува идеална поддршка за денешниот брз начин на живот.

*Информации од Прирачникот на МРЛ за ТКМ-практичари.

НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.

Вкупно дози во кутија: 90 таблети за 30 денови

ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.

Датум на важност: обележан на дното на амбалажата

Чувајте го на ладно и суво место

За повеќе информации, контактирајте не.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2019. UKION SHOPS