Дар од Бога
Чага-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Inonotus obliquus што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се прави во таблети, а секоја содржи по 500мг. Присуството на коренот во производот е многу важен, бидејќи тој содржи ензими за детоксикација, за спречување на оксидативниот стрес и на клеточниот развој.
Состојки: Inonotus obliquus (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).
Производот не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.
Погоден e и за вегетаријанци.
Производот е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.
Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.
Од 1955 година, Медицинската Академија на Москва ја препорачува Чага како официјален лек при третман на стомачни и дуоденални чиреви, хроничен гастритис, стомачна и цревна полипоза, како тоник и симптоматичен лек за иноперабилни канцерозни болести. Во 1973 год, направена е клиничка студија во Русија за псоријаза, со ефикасност од 76% излечени, особено кај оние кои имаат дополнително хронични инфламаторни болести на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб и на жолчката. Студијата може да ја добиете по мејл или ако се обратите во Миконутри.
Чага е забележана пред 4.000 години во кинеската медицина. Поради нејзините својства, народно се нарекува Крал на тревките или Дар од Бога. Карактеристична е за Сибир, а домицилното население ја користи уште од 16. век. Чага расте на бреза, многу е тврда, не се јаде. Затоа ја палеле да го вдишат чадот од неа, или така запалена ја ставале во вода, ја мешале додека не се скрши, а потоа ја користеле водата како сапун, за гениталиите, за новородените бебиња. Други, ја толчеле како прав и ја нанесувале на кожата за повреди и исипи. Чагата беше целосно непозната за останатиот дел од светот се додека не е спомената во книга на авторот Александар Солженици, Одделение за рак.
Чага содржи ензим супероксидна дисмутаза (35.000 единици). Тоа е ензим што е одговорен да ги елиминира слободните радикали во организмот. Овој ензим содржи повеќе антиоксидантска моќ отколку мега дози на витаминитe А, Ц и Е, бета каротин, коензим К10, пикногенол (екстракт од семе на грозје или гејпфрут), спирулина, биофлавоноиди и есенцијални уља. СОД е многу важен елемент во нашиот организам бидејќи тој се намалува со тек на стареењето. Оттука и важноста да се одржува неговото ниво со тек на возраста. Чагата е богата со антиоксиданси кои ги абсорбираат слободните радикали и ги неутрализираат пред да ги оштетат клетките на органите. Чага содржи 25 пати повеќе антиоксиданси отколку другите печурки.
Чага содржи и: полисахариди бетаглукани, бетулинска киселина, меланин, фитостероли (инотодиол, ланостерол), аминокиселини, калциум, хлор, бакар, хранливи влакна, германиум, железо, манган, магнезиум, пантотенска ксиелина, феноли, фосфор, фитонутриенси, калиум, сапонини, селен, натриум, стероли, траметенолска киселина, трипептиди, тритерпени, тритерпеноиди, ванилинска киселина, Б1, Б2, Б3, Д2, витамин К и цинк.
Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традиционални извори):
- зајакнување на имунитетот и подобрување на клеточниот метаболизам
- стимулирање на метаболизмот во мозочното ткиво поради нејзиниот анти-воспалителен ефект; стимулирање на нервниот систем
- подобрување на животната енергија или т.н. “чи”
- општо чувство на добросостојба, го зголемува животниот век, ги одложува знаците на стареење, спречува стареење и ги застранува канцерозните клетки
- детоксикација на телото
- регенерација на органите и жлездите
- канцерозни болести - особено за Хоџкин, иноперабилен рак на дојка, ректум, или усни, рак на кожа, мозок, рак на јајници, глава и врат, стомак, бели дробови, паротида, Јуркат клетки. Чага, со својата бетулинска киселина или бетулин, се бори против канцерозни израстоци и канцерозни клетки, зголемување на туморите, може да предизвика нивнa постепенa регресија и забавување на развојот на метастазите. Во овој случај здравјето на пациентите значително се подобрува, нивната способност за работа се враќа и се покачува општиот тонус. Таа е можен инхибитор на други канцерозни тумори вклучувајќи анеуроектодермални тумори (како неуробластома, медулобластома, глиобластома и Јуинг саркома), аденокарцином на простата
- намалување на хипоксија (недостиг на кислород) во организмот и до максимум да ја зголеми стабилноста на телото
- намалување на стомачни болки и киселини
- гастро-интестинални болести - гастрит, чир, улцеративен колитис, Кронова болест
- прочистување на крвта, леукемија (CLL), мала Б-клетка лимфома
- вирус на инфлуенца А и Б, свински грип, Лајмова болест
- заштита на црниот дроб и на срцето
- одржување на бојата и убавината и еластичноста на кожата
- заздравување на повреди и исипи на кожата
- псоријаза (висока успешност на целосно излечени лица според клиничка студија од 1973 год. спроведена во Русија)
- регулирање на шеќерот, притисокот, холестеролот, пулсот, тироидата
- камења и песок во бубрези
- хормонски дисбаланс
- кандида, туберколоза, маларија, ХИВ
Позитивни искуства
Во 1958 год., фински и руски истражувања на Чагата покажале значајни ефекти против рак на дојка, рак на црниот дроб, рак на матката, гастритичен рак, висок притисок и дијабет.
Во 1973 година, направена е клиничка студија во Русија за примена на Чага кај 50 пациенти со псоријаза, особено со хронични инфламаторни болести на гастро-интестиналниот тракт, црниот дроб и жолчката. Резултатите покажале целосно излекување кај 38 пациенти со редовно конзумирање на Чага, подобрување кај 8 пациенти, а само кај 4 пациенти немало ефект. Влошување не било забележано кај ниту еден пациент. Истражувачите посочиле дека максималниот ефект на третманот на псоријазата со Чага се забележува меѓу 9 и 12 недела од постојаното конзумирање. Покрај овој голем успех, другите позитивни резултати кај пациентите биле: зголемена виталност, подобрување на крвната слика, на гастро-интестиналните функции, стомачната киселина, жолчката, урината и столицата.
Во 2005 год., се откри дека Чага произведува анти-канцерогени ефекти преку имуностимулацијата.
Во 2008, истражувачи открија дека Чага може да даде нов приод во третирањето на рак на црниот дроб.
НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Вкупно дози во кутија: 90 таблети за 30 денови
ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.
Производителот Mycology Research Laboratories (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.
Датум на важност: обележан на дното на амбалажата
Чувајте го на ладно и суво место
Ако ви се потребни повеќе информации, контактирајте не на телефоните.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо