Кориолус-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Coriolus versicolor што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се прави во таблети, а секоја содржи по 500мг.
Присуството на коренот во производот е многу важен, бидејќи тој содржи ензими за детоксикација, за спречување на оксидативниот стрес и на клеточниот развој.
Состојки: Coriolus versicolor (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).
Производот не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.
Погоден e и за вегетаријанци.
Производот е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.
Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.
Современата наука го откри Кориолусот околу 1965 година. Инжењер по хемија, кој работел за хемиската индустрија Куреха, го набљудувал својот сосед кој се обидувал сам да се излечи пиејќи чај од Кориолус. Инжењерот бил заинтригиран и го убедил својот работодавач детаљно да ја истражува печурката. Лабораториите Куреха успеаа да ги изолираат активните состојки од мицелиумот (подземни корења на печурката) и го идентификуваа најпотентниот вид мицелиум (CM-101), подоцна лиценциран од Sankyo Pharmaceuticals.
Главните состојки на Кориолус се полисахаридите крестин (ПСК) и пептид (ПСП). Крестинот стимулира реакција на организмот и се зајакнуваат клетките НК (Natural Killer cells). ПСК покажа дека го активира создавањето на интерферон. Денес, во Јапонија Крестин се препишува заедно со хемотерапевтски лекови како неспецифичен имуномодулатор за пациенти заболени од рак. ПСП се класифицира како модификатор на биолошка реакција. Кориолус содржи и супероксидна дисмутаза, како и други ензими.
Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традициoнални извори):
- ХПВ вирус, цитолошки лезии (особено за ЦИН1, со висока стапка на успешност)
- зајакнување на имунитетот – преку „балансирање" на ТХ1 и ТХ2 и активирање на НК-клетките; за заштита од настинки, грип и вирусни инфекции; синдром на хроничeн зaмор; фибромиалгија; спортистите може да го користат како заштита од вируси
- олеснување на несаканите дејства од хемотерапија или радиотерапија за да се зајакне имунитетот во текот на терапиите
- aнтагонизација на дејството на кортикостероиди и други хемиски супстанци
- хронични повторливи инфекции – Епстин-Бар вироза (еден од причинителите на рак на дојка, како и за синдромот на хроничeн зaмор, Буркит лимфома, Хоџкин, назофарингеален карцином и други видови карцином), хепатит Б и Ц, инфекции од стафилокока ауреус, херпес симплекс, кондиломи, цитомегаловирус, ХИВ
- детоксикација на организмот (чистење на наталожени отровни материи во организмот)
- нарушувања на функцијата на белите дробови – симптоми како кашлица, немање здив, чести заболувања
- синдром на преголема пропустливост на цревниот ѕид – кога е ослабен цревниот ѕид, тој пропушта различни супстанци: отрови, неподелени макромолекули, вируси, бактерии или габи, што допринесуваат за дополнителни несакани нарушувања
- канцерозни заболувања – рак на грлото на матката; рак на дојкa; рак на бели дробови - аденокарцином, Lewis, NSCLC, SCLC; рак на стомак – аденокарцином; колоректален карцином; сарком; рак на црниот дроб; меланома; карцинома; рак на езофагусот, грло, врат. Помага за рак на простатa,[1] МРЛ препорачува комбинација на Кориолус-МРЛ таблети со таблети на Проф. Giovanni Maciocia, T35-ChemoSupport; леукемија
- болести на црниот дроб предизвикани од алкохол или хепатит, хроничен активен хепатит
- aвтоимуни болести – ревматичен артрит (хроничен), автоимуно воспаление на тироидната жлезда, помага при алопеција ареата, витилиго, дијабет мелитус, мултипaл склероза, системски лупус еритематоза, лупус, склероза, Бешетова болест
· подобрување или враќање на клеточниот имунитет кај гломерулонефрит, саркоидоза, идиопатски нефротски синдром, улцеративен колитис, дерматомиозит, хромозомско оштетување кај деца од циклофосфамид
· третирање на aspergillus niger, candida albicans, Escherichia coli, streptococcus pneumoniae
· недостиг на потребите на црниот дроб и бубрезите – што води кон хронични болести со симптоми како: суви очи, сува уста, ноќно потење, бледо лице и црвени образи, главоболка, несоница, замаглен вид, лумбарна болка, одземеност на екстремитетите, ѕвонење на ушите, менструални пореметувања
· стагнација на шлаем што ги опструира меридијаните и плуќата
· малигна обструкција на шлаем со топлина (кај канцерозни болести)
· aнтиоксиданс eфект – ги уништува слободните супероксидни и хидроксилни радикали
· маларија (неодамна откриено)
Нус појави
Иако не се познати нус појави, некои пациенти искажале стомачна или цревна вознемиреност на почетокот на употребата. Нема имуносупресивно дејство. Тестовите Амес и за хромозомска дисторзија покажаа негативни резултати.
Позитивни искуства
Во 2011, на 14. Конгрес за цитолошка патологија и колпоскопија, д-р Силва Куто и д-р Салгуеиро ги презентираа резултатите од нивното истражување за ефикасноста на Кориолус-МРЛ во третманот на ХПВ лезии. Резултатите покажале дека 90% од пациентите покажале негативен ХПВ по една година конзумирање на Кориолус-МРЛ, додека само 8,5% пациенти кои не конзумирале Кориолус-МРЛ имале негативен ХПВ. Нивниот заклучок е дека употребата на Кориолус во текот на една година покажува голема ефикасност и за регресија на дисплазијата (ЛСИЛ) и за исчезнување на вирусот ХПВ. Исто така, ефектот е голем и кaj пациенти со повисок степен на дисплазија и кои имале одредена хируршка интервенција, а сепак вирусот ХПВ бил присутен.
Подоцна, и во Бугарија се спроведени клинички студии, каде се повторуваат успешните резултати при третирање на ХПВ вирусот, а забележено е и дека може да го користат и бремени жени.
Вo 2001, д-р Џин Монро, основач на клиниката Breakspear, започнала студија за употребата на Кориолус-МРЛ кај 36 пациенти со синдром на хроничeн замор (СХЗ). Пациентите биле на возраст од 17-83 години, со сооднос жени:мажи, 2:1.
Повеќето пациенти со СХЗ чувствувале екстремен замор со следниве симптоми:
А) Високо вирусно ниво на херпес симплекс 6 (ХХВ6), цитомегаловирус (ЦМВ) и Епстин-Бар вирус (ЕБВ).
Б) Слаба активност на клетките НК (природни убијци)
СХЗ ретко се дијагностицира; докторите повеќе препишуваат антидепресиви наместо навистина да се осврнат на вистинските причини на синдромот.
Студијата го применуваше протоколот на Ротоло за период од 8 недели, а резултатите беа следниве:
А) НК клетки – пред третманот, просечното ниво на НК-клетките изнесувало 129,64/мм3. По третманот, тоа се зголеми на 175/мм3; зголемување од 35%.
Б) Т клетки (ЦД3+ЦД26) – зголемена активност кај 66% од пациентите.
Заклучок
Примената на Кориолус-МРЛ како додаток покажува подобрување и на имунитетните параметри и на вирусните нивоа, индицирајќи дека има потенцијал да игра значајна улога во третманот на СХЗ и други хронични вирусни состојби.
[1] Истражување на Queensland University of Technology (QUT) кое покажува 100% ефективност во спречување на развој на тумор на простата со употреба на ПСП.
НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Вкупно дози во кутија: 90 таблети за 30 денови
Aко сте бремени, доите или ако земате лекарства, консултирајте се со лекар.
ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.
Производителот Mycology Research Laboratories (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.
Датум на важност: обележан на дното на амбалажата
Чувајте го на ладно и суво место
За повеќе информации и достапни клинички студии, слободно контактирајте не.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо