Крал на печурките
Маитаке-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Grifola frondosa што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се прави во таблети, а секоја содржи по 500мг.
Состојки: Grifola frondosa (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).
Производот не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.
Погоден e и за вегетаријанци.
Производот е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.
Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.
Маитаке буквално значи печурка на танцот затоа што луѓето кои добро ја познавале поради нејзиниот вкус и нејзините предности кога ја наоѓале во длабоките шуми во планините, почнувале да играат од среќа и воодушевување. Во оддалечените места, Маитаке може да порасне до огромна големина и да тежи и до 22 кг. Затоа оваа џиновска печурка се нарекува Крал на печурките. Со векови, Маитаке била ретка печурка што тешко се наоѓа. Всушност, во периодот на феудализмот во Јапонија, оваа печурка ја разменувале со иста тежина за сребро од локалните господари. Маитаке е печурка што може да се јаде и се смета за печурка од највисок квалитет. Многу е вкусна, има прекрасна арома и крцкав состав, што е прекрасен додаток на мени.
Маитаке содржи активна состојка глукан комплекс кој врзува протеини. Одлично се апсорбира при орална употреба. Покрај доминантните алфа и бета глукани, Маитаке е природен извор на минерали и витамини – содржи калиум, калциум, магнезиум, витамин Б2, Б5 (ниацин), Д2, влакна и аминокиселини.
Маитаке најмногу се користи како кинески лек наречен Кеишо. Записот Шен Нонг Бен Чао Јинг за хербална медицина наведува дека таа била често користена за подобрување на сплината и стомачни болести, смирување нерви и ум и третирање хемороиди.
Маитаке е една од најекстензивно истражуваните печурки од разни универзитети и научни институти и многу научни статии се публикувани во светот за оваа неверојатна печурка. Таа има полисахариден состав што дава силна поддршка на имунитетот. Маитаке содржи активна состојка глукан комплекс кој врзува протеини. Овој комплекс ја прави многу потентна за подобрување на имунитетот при орална употреба.
Многу научници постојано пишуваат во светски објавените статии за анти-туморското својство на Маитаке. Безбројните спроведени лабораториски испитувања на ефектот на потиснување на растењето на туморот откриваат целосна инхибиција на туморот. Една од статиите на Дневникот на јапонското друштво за наука за храна и технологија како резулат на една студија за Маитаке вели дека активните полисахаридни фракции може да го депресираат или намалат растењето на туморот активирајќи го имунитетот како модификатор на биолошки одговор (БРМ).
Во 1998 година, дури и Американската Агенција за храна и лекови, FDA, направила студија со Маитаке. при што идентификуваше неколку начини на кои Маитаке се спротиставува на ракот:
- преку заштита на здравите клетки да не станат канцерозни
- преку инхибиција на развојот на метастази
- преку забавување или стопирање на развојот на туморите
- одлично делува во комбинација со хемотерапија
Најчесто се користи како додаток за (според модерни и традицинални извори):
· зајакнување на имунитетот – настинки, чест стрес; го стимулира градењето на јак имунитет да овозможи издржливост на телото од инфекции и вирусни болести; го зајакнува имунитетот во борбата на развојот на туморски клетки
· зголемена одбрана од инфекции, ХИВ и рак
· канцерозни болести - во студија се покажа зголемување на активноста на макрофагите, НК- клетките и цитотоксичните Т-клетки и индуцирање на 86% инхибиција на растење на тумор; најдобро делува во комбинација со хемотерапија; најпотентни својства се покажале кај рак на белите дробови, на црниот дроб и на дојки, а има и забавување на развој на тумори во дебелото црево, стомакот, црниот дроб, простата, мозокот, мочниот меур, анти-туморски ефекти кај фибросарком и ИМЦ карцинома
· детоксикација на организмот
· Подобрување на функцијата на гастро-интестиналниот систем; помага за абдоминална дистензија после јадење; делува како дигестивен тоник; поддршка во конвенционалниот третман на хемороиди и гастрит
· автоимун хроничен хепатит, хроничен хепатит Б, инхибира масни наслаги во црниот дроб
· регулирање на притисокот, шеќерот, инсулинот, серумските и липидните нивоа кај црниот дроб – влијае врз нивоата на холестерол, триглицериди и фосфолипиди, а на тој начин делува како кардиоваскуларен тоник; ги активира Т-клетките и другите природни антитела коишто помагаат во борбата против ракот и дијабетисот
· остеопороза, едема, ревматичен артрит, артрит, астма, пневмонија, белодробна инфекција, целулит, синдром на хроничен замор, мултипал склероза, депресија, климактериум кај мажи и жени, фибромиалгија, неплодност кај жени, леукемија, лупус, тешкотии во менопауза, зголемена простата, простатит, лошење од радијација, системски лупус еритематоза
· помага за намалување на вишокот килограми - го подобрува метаболизмот, а со тоа помага на контрола на тежината и делува како монитор на гојазноста. Најдобрите истражувања за употребата на Маитаке за намалување на тежината без нарушување на секојдневните навики на исхрана кај лица со поголема тежина од потребната се спроведени во Јапонија.[1]
· aнтиоксидантски својства
· заштита, навлажнување и зајакнување на кожата (егзема, псоријаза)
· смирување на нервниот систем – немир, неуроза
· воспоставување на физичкa и менталнa хармонија на организмот, според традиционалната кинеска и јапонска фитотерапија
· стимулирање на целосната виталност
Во Јапонија, многу е популарна конзистентната употреба на Маитаке како додаток по 3-7 гр дневно, 3-5 пати неделно зашто се смета дека спречува рак и има имуностимулативни ефекти, особено кај лица со дијабет, висок притисок, рак, или како поткрепа за пациенти кои примаат хемотерапија. Во традиционалната кинеска и јапонска фитотерапија, Маитаке се цени како адаптоген што помага за повторно поставување на хармонија во организмот по физички и ментален напор.
[1] Вакво истражување е направено во Koseikai Clinic, Tokyo, Dr. Masanori Yokota, M.D.
НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Вкупно дози во кутија: 90 таблети за 30 денови
ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.
Производителот Mycology Research Laboratories (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.
Датум на важност: обележан на дното на амбалажата
Чувајте го на ладно и суво место
Слободно контактирајте не за повеќе информации.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо